Пари Сен Жермен го израмни рекордот на Реал Мадрид со постигнување барем по еден гол на секој од 40 последователни натпревари во групната фаза од Лигата на шампионите. Парискиот клуб успеа да оствари историски настан во натпреварот од 2. коло од Лигата на шампионите со Макаби од Хаифа, постигна гол напаѓачот Лионел Меси. Исто така, голот на Аргентинецот стана 108-от гол за тимот на последните 40 средби. Реал Мадрид успеа да постави рекорд за постигнати голови во натпреварите од групната фаза во Лигата на шампионите во септември 2015 година. Серијата на Реал Мадрид траеше од ноември 2008 година. ПСЖ во…
Author: riste
Македонскиот фудбалски репрезентативец, Дарко Чурлинов поради повреда нема да може да се стави на располагање на А тимот за подготовките и натпреварите на македонската репрезентација против Грузија (Тбилиси, 23. септември) и Бугарија (Скопје, 26. септември) од групата во Лига на нации. Лекарските прегледи потврдиле дека напаѓачот на англиски Барнли не е во можност да му помогне на репрезентативниот тим за претстојните мечеви поради повреда на задниот бутен мускул. Собирот на нашата најдобра селекција за претстојните пресметки против Грузија и Бугарија е закажан за 19. септември (понеделник) во 12:00 часот во х. Хилтон во Скопје.
Напаѓачот на Баерн Минхен, Лерој Сане ја објасни својата реакција на замената по победата над Барселона во натпреварот од групната фаза од Лигата на шампионите. Поранешниот играч на Манчестер Сити погоди во 54. минута за 2:0, а беше заменет од Матис Тел на 10 минути до крајот. Набргу потоа камерите го фатија како бесно фрла шише со вода околу клупата на Баварците. „Не бев лут што ме сменија. Бев разочаран од мојата игра. Повеќе сакам да не постигнувам гол, туку да играм добро“, изјави Сане за „Билд“. Баерн е прв во групата Ц со 6 бодови, а Барселона е втора…
Денеска претстои нова серија на натпревари од второто коло од групната фаза во Лигата на шампионите. Ќе ги видиме на дело некои од големите фаворити за трофејот, како и дел од тимовите кои се способни да направат изненадување. Во групата „А“ Наполи гостува кај Ренџерс и ќе се обиде да оствари втора победа откако пред една недела го совлада Ливерпул со 4:1. Сепак, не е лесно да се игра во Гразгов, а поддршката од домашната публика секако ќе биде еден од големите адути на шкотскиот гигант, кој е амбициозен да продолжи во осминафиналето. Во групата „Е“ Милан го пречекува Динамо…
Тренерот на Реал Мадрид зборуваше за квалитетот на противникот во пресрет на натпреварот на Реал Мадрид со РБ Лајпциг. Денеска ќе се одигра натпреварот од 2.коло од групната фаза во Лигата на шампионите на стадионот „Сантијаго Бернабеу“. „Ова е важен натпревар. РБ Лајпциг имаше проблеми на стартот од сезоната, но имаше одличен натпревар против Борусија (3:0). Имаат одличен тим, технички и брз. Мора да играме многу добро за да победиме. РБ Лајпциг има многу опасна линија на напад. Нкунку е брилијантен играч. Погледнете само како играше минатата сезона“ – изјави Карло Анчелоти. Дуелот меѓу Реал Мадрид и РБ лајпциг се игра вечерва од 21.00 часот.
Дефанзивецот на Ливерпул, Вирџил ван Дајк зборуваше за притисокот врз тимот по победата во натпреварот од групната фаза од Лигата на шампионите на УЕФА против Ајакс (2:1). „Не слушајте ги луѓето однадвор, тоа е најважно. Смешно е – има многу поранешни фудбалери кои знаат низ што поминуваме, но кажуваат многу работи за да се обидат и да не повредат. Знаеме дека нашата игра минатата недела беше неприфатлива, но сега направивме чекор во вистинската насока“, изјави Ван Дајк. Ливерпул оваа сезона освои три бода во Лигата на шампионите. „Црвените“ се на второто место на табелата во својата група. Од друга страна,…
Фудбалерите на Барселона беа поразени на гостувањето кај Баерн Минхен (2:0), во дуел од второто коло на Лигата на шампионите. Каталонците се надеваа дека ќе направат изненадување, меѓутоа домаќинот на „Алијанц Арена“ со два брзи гола го реши натпреварот. Сепак, во Барселона има за што да жалат, бидејќи имаа доста шанси, а токму таков е ставот и на тренерот Чави Хернандез. „Направивме шест или седум добри гол шанси, но ги промашивме и Баерн го искористи тоа и не казни. Се натпреварувавме, игравме добро и ако погодевме, исходот можеше да биде поинаков. Ова е Лига на шампиони, мора да си на максимум и да не дозволиш грешки. Поразот…
Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне, даде коментар по натпреварот од 2. коло од групната фаза на Лигата на шампионите во Леверкузен, каде неговиот тим на крајот од средбата двапати прими гол и беше поразен. „Не можевме да го решиме исходот на натпреварот во 70-80 минути. До овој момент, во завршната фаза од натпреварот, се бара да има повеќе смиреност во играта. На крајот донесовме погрешни одлуки, а противникот не фати на отворено. Баер го доби натпреварот со два добри контранапади. Токму сега, треба да заборавиме на оваа средба. Пред мечот со Бриж се два натпревари каде исто така ќе…
Атлетико Мадрид и Барселона се блиску до нов договор за Антоан Гризман, објавија медиумите во Шпанија и Франција. Се очекува клубот следното лето да плати 25 милиони евра за стекнување на правата на играчот. Францускиот крилен напаѓач е втора година на позајмица на „Ванда Метрополитано“ од Каталонците, а во договорот меѓу двете страни беше вклучена откупна клаузула вредна 40 милиони евра. Сепак, со оваа сума не се задоволни од Атлетико Мадрид и токму поради оваа причина Гризман од почетокот на сезоната влегува во игра главно како резерва, така што условите кои автоматски би ги активирале договорите кои двете страни ги…
Фудбалската репрезентација на Македонија на крајот од овој месец ја очекуваат последните два натпревари во третото издание на Лигата на нациите. Селекторот Благоја Милевски и неговите избраници имаат тешка задача, потребна е победа со три гола разлика против Грузијците за да се задржат шансите за првото место, а потоа тоа да се потврди сето тоа и во Скопје против Бугарија. Селекторот имаше мали проблеми со изборот на играчи за средниот ред, па затоа му упати деби повик на Агон Елези од Вараждин, додека Адис Јаховиќ најави репрезентативна пензија и нема да игра за селекцијата. Повикани фудбалери за дуелите во Лигата на нации:Голмани: Столе Димитриевски (Рајо Ваљекано, Шпанија)Дамјан Шишковски (Докса, Кипар)Кристијан Наумовски (Шкупи)Игор Алексовски (Работнички) Одбрана:Стефан Ристовски…
