Напаѓачот на Тотенхем, Лукас Моура може да го напушти тимот во зимскиот преоден рок. Ова го објави дел од медиумите во Англија. „Да, постои реална шанса Моура да замине. Лукас Моура беше добар играч на Тотенхем во одредени периоди, но Бразилецот не играше толку постојано“ се вели во анализата на ситуацијата со Моура. Лукас Моура (30) му се приклучи на Тотенхем во јануари 2018 година од Пари Сен Жермен. На 229 натпревари за тимот од Лондон, Бразилецот постигна 46 гола и даде 48 асистенции. Кариерата ја започна како напаѓач во Сао Паоло. Тотенхем по шест натпревари во англискиот шампионат има…
Author: riste
Тиаго Мота е новиот тренер на екипата на Болоња, официјално соопштија од Серија А. Натпреварот со Фиорентина Мота го следеше од трибините, а утрово го водеше и првиот тренинг на тимот. Младиот тренер доаѓа на местото на Синиша Михајловиќ. Минатата сезона Мота беше тренер на Специја. Бразилецот, кој како фудбалер настапуваше за италијанската репрезентација, со себе во Болоња ќе донесе седум асистенти. Пред Мота сега следува многу работа затоа што ќе треба да ја подготви екипата за мечот со Емполи следното коло, а неговата екипа сигирно дека ќе сака повисок пласман на табелата во Серија А.
Еурофарм Пелистер успеа да го одбрани трофејот во Супер купот откако во драматичен меч во Охрид го победи Вардар со 23:22 (12:12). Последниот удар на ракометарите на Вардар заврши во голманот Марко Кизиќ кој му донесе нов трофеј на својот тимот. Натпреварот почна изедначено и така се играше во првиот дел кој заврши со нерешени 12:12, а во вториот дел Еурофарм Пелистер почна добро, но Вардар успеа да се направи пресврт и да има водство 22:20, кое екипата од Битола успеа да го анулира во финишот со серија од 3:0 и да дојде до предност од 22:23 на 22 секунди…
Формула 1 трката за ГН на Италија помина повторно во знакот на Макс Верстапен, а со ова актуелниот шампион чекори кон нова титула во ова натпреварување, затоа што врза пет победи во низа и не дозволува конкуренцијата да се надева на битка за титулата. Ферари не успеа да дојде до добар резултат и игледа како повторно сам да се победи. Шарл Леклер имаше пол позиција, но тимот се реши за чудна алтернативна стратегија со пневматиците, па тоа го чинеше возачот на „скудерија“ победа на трката. По Верстапен и Леклер на подиумот несто имаше и за Џорџ Расел, кој со својот…
Играчот од средниот ред на Рома, Брајан Кристанте е блиску до продолжување на договорот со клубот, објави спортскиот новинар Николо Шира на своите социјални мрежи. Според изворот, новиот договор ќе биде со важност до 2026 година. Играчот ќе заработува 3 милиони евра по сезона. Актуелниот договор на Брајан Кристанте со Рома е до летото 2024 година. Фудбалерот од средниот ред оваа сезона има шест настапи и постигна еден гол. Екипата на Рома можеби добро стартуваше во Серија А со 10 освоени бодово во првите 5 кола, но на стартот на групната фаза на Лига Европа загубио на гостувањето кај Лудогорец…
Тренерот на Барселона Чави зборуваше за придонесот на напаѓачот Роберт Левандовски во неговиот тим. „Не би го заменил за никој на светот. Искуството е важно. Тој навистина им помага на младите со своите совети. Тоа носи многу придобивки за тимот“, рече Чави во изјава за „АС“. Да потсетиме, Левандовски во летниот преоден рок се пресели во Барселона од Баерн Минхен за 45 милиони евра.Актуелниот договор на полскиот напаѓач со каталонскиот клуб е до 30 јуни 2026 година. Левандовски оваа сезона забележа четири првенствени настапи и постигна пет гола. Барселона освои 10 бода на четири натпревари и се наоѓа на второто…
Лондонски Челзи до крајот на денот ќе потпише договор со англискиот стручњак Грам Потер, кој формално се уште е на чело на Брајтон. Според италијанскиот новинар Фабрицио Романо кој на својата страница на социјалните мрежи објави дека двете страните ќе склучат договор за период од пет години. Според добро упатениот извор, сите документи за потпишување се веќе готови и во блиска иднина може да се очекува објавување на договорот. Останатите кандидати никогаш не беа блиску до преземање на функцијата менаџер на Челзи, бидејќи сопственикот на сините Тод Боли го сакаше само Потер. Потсетуваме, вчера Челзи му врачи отказ на Томас…
Италијанскиот шампион Милан го продолжи договорот со босанскиот играч за врска Раде Круниќ, објави официјалниот сајт на клубот. Новиот договор со играчот е со важност до крајот на сезоната 2024/2025. Оваа сезона играчот одигра еден натпревар, по што отпадна поради повреда. Фудбалерот игра за Милан од сезоната 2019/2020. Минатата сезона заедно со тимот стана шампион во Серија А. Вкупно, Круниќ минатата сезона одигра 28 натпревари и постигна две асистенции. Милан моментално е трет во италијанската Серија А со 11 бода по пет кола. Аталанта е на врвот на табелата со два бода повеќе. Следниот натпревар Милан го игра на 10…
Познати се кандидатите за наградата најдобар тренер на август во Премиер лигата. За истата според постигнатите резултати ќе конкурираат: Микел Артета ( Арсенал ) – 5 победи во 5 натпревари;Антонио Конте ( Тотенхем ) – 3 победи и 2 нерешени во 5 натпревари;Пеп Гвардиола ( Манчестер Сити ) – 4 победи и нерешено во 5 натпревари;Грем Потер (Брајтон) – 3 победи, нерешено и пораз во 5 натпревари;Марко Силва (Фулам) – 2 победи, 2 нерешени и пораз во 5 натпревари. Гласањето за најдобар тренер во август е на веб-страницата на Премиер лигата ќе трае до понеделник, 12 септември. Одлуката за победникот ќе биде донесена врз основа на гласањето на навивачите, како и мислењата…
Поранешниот бек на Тотенхем и ПСЖ, Серж Орие, му се приклучи на Нотингем Форест со слободен трансфер. Ова го објави англискиот клуб на својата официјална страница. Со ова Орие е 22-то засилување на клубот во тековниот летен преоден рок, со што англискиот тим дојде до нов рекорд за нови засилувања. Вреди да се напомене дека дел од нив беа испратени на позајмица во грчкиот Олимпијакос. Да потсетиме дека преодниот рок во Англија се затвори на 1 септември, но клубот може да го регистрира играчот од Брегот на Слонова Коска како слободен играч, под услов да добие работна виза. Минатата сезона…
