За време на натпреварот од првото коло од групната фаза на Лигата на шампионите, во кој Тотенхем го пречека Олимпик Марсеј, лондонската полиција уапси пет навивачи на францускиот клуб. „Пет лица беа уапсени на натпреварот од Лигата на шампионите помеѓу Тотенхем и Марсеј одигран во средата на 7 септември. Беа извршени апсења за различни прекршоци, вклучувајќи употреба на огнено оружје, тепачка, пијанство, непристојно однесување и дрога. Објавено е дека сите уапсени биле навивачи на гостинскиот тим. Еден полицаец е повреден при апсењето и наводно си ја скршил раката“, објави лондонската полиција. Да потсетиме, за време на натпреварот, навивачите на Марсеј…
Author: riste
Германскиот стручњак Марко Розе, кој претходно беше на чело на Борусија Дортмунд, е нов тренер на РБ Лајпциг. Ова го објави клубот на својата официјална страница. Како што се наведува во соопштението, договорот на Розе со тимот ќе биде со важност до летото 2024 година. Официјалната прес-конференција по повод назначувањето ќе се одржи во текот на попладневните часови, а во вечерните часови тој ќе го одржи првиот тренинг со тимот. Да потсетиме, вчера, РБ Лајпциг го објави разрешувањето на Доменико Тедеско од функцијата главен тренер. Под негово водство оваа сезона клубот освои пет бода на пет натпревари во Бундеслигата и…
Претседателот Стево Пендаровски денес по повод Денот на независноста на Република Македонија, 8 Септември, на свечена церемонија одликуваше со Орден „8 Септември“ четворица македонски спортисти. Со Орден „8 септември“ беа одликувани: · Оливера Наковска-Бикова, за својата извонредна, богата и успешна спортска кариера во параолимпиското и во спортското стрелаштво. Наковска-Бикова постигнува бројни успеси на натпревари во стрелачки спортови. Таа е повеќекратна државна шампионка и апсолутна рекордерка на Република Северна Македонија во дисциплината воздушен пиштол. Во оваа дисциплина го освојува златниот медал на Летните параолимписки игри во Лондон, со што придонесе за меѓународна афирмација и за угледот на државата. · Бранимир Јовановски,…
Англискиот тим Брајтон му дозволи на својот тренер Греам Потер да преговара со Челзи. 47-годишниот тренер е еден од главните кандидати за менаџерската функција на лондонскиот тим по отказот на Томас Тухел. Има најава дека „Сините“ ќе разговараат и со Зинедин Зидан и Маурисио Покетино. Според „Телеграф“, лондонскиот клуб упатил барање до Брајтон за преговори со 47-годишниот тренер, кое било одобрено. За да го назначат Потер за главен тренер, Сините ќе треба да му платат на Брајтон, 10 милиони фунти во вид на компензација за раскинувањето на договорот.
Ерлинг Халанд ќе ја заврши сезоната во Премиер лигата на Англија со постигнати 70 гола доколку продолжи да постигнува голови со ова темпо и ако игра на сите натпревари, пишува „Скај Спортс“ во анализа на учинокот на норвешкиот напаѓач со тимот на Манчестер Сити. Халанд, кој синоќа постигна два гола против Севиља во Лигата на шампионите, има десет голови во Премиер лигата и пропушти 55 минути во сите натпреварувања. Тој забележа два последователни хет-трика против Кристал Палас и Нотингем Форест. Норвежанецот има просек од 1,86 гола по натпревар и е водечки стрелец во најдобрите пет европски лиги меѓу играчите кои…
Тренерот на РБ Лајпциг, Доменико Тедеско е отпуштен од функцијата, соопшти клупската прес-служба . Претходно беше објавено дека минатата сезона Лајпциг под водство на Џеси Марш исто така започна неуспешно и управата на клубот издржа до декември. Овој пат челниците на клубот не му дадоа толку време на тренерот да ја среди ситуацијата. Раководството на германскиот клуб веќе го има првиот кандидат за позицијата на Тедеско. Поранешниот тренер на Борусија Дортмунд, Марко Роуз би можел да стане нов тренер на тимот. Да потсетиме дека Лајпциг освои пет бода на пет натпревари во Бундеслигата и е 11-ти на табелата. Вчера, ,…
Ракометниот клуб Бутел од Скопје ќе игра во второто квалификациско коло за настап во Европската лига на ЕХФ. Македонскиот претставник повторно ќе игра во ракометна Европа, а на денешната ждрепка во седиштето на Европската ракометна федерација во Виена го дозна својот противник. Скопскиот тим беше носител во пресрет на ждрепката на ЕХФ. Среќата посака Буртел за противник да го добијат тимот на Алпла Хард, екипа која во претходното коло му беше противник на Еурофарм Пелистер 2. Во првото претколо Еурофарм Пелистер 2 двапати загуби од Алпла Хард со по три гола разлика, па со тоа го заврши својот дебитантски настап во Европа. Македонија има…
Екипата на Динамо Загреб вечерва ја започнува новата сезона во Лигата на шампионите, а не можеше да има подобра и атрактивен противник на самиот старт пред домашната публика. На стадионот „Максимир“ избраниците на тренерот Анте Чачиќ ќе се обидат да направат изненадување против еден од најдобрите тимови во Англија и Европа. За оваа средба е интересен фактот што нашиот репрезентативец Аријан Адеми кој е капитен на Динамо Загреб ќе биде фудбалер со најмногу меѓународни настапи, Адеми досега во кариерата има одиграно 98 натпревари во еврокуповите, а веднаш зад него е Тиаго Силва со 97 настапи. Екипата на Динамо Загреб во…
Лигата на шампионите се враќа на сцена , а во очекување сме за уште поинтересни пресметки и со уште поголем број претенденти за титулата. Со осум натпревари денеска се отвора битката во групната фаза, а исто толку ќе се одиграат во среда. Промена на распоредот нема, бидејќи во 18.45 часот ќе има два меча, а останатите во 21 часот. Овој пат финалето ќе биде во Истанбул на 10 јуни 2023 година. Шампионот Реал Мадрид докажа дека никогаш не треба да биде отпишан, но оваа сезона ќе мора да го брани трофејот во жестока конкуренција. Пари Сен Жермен кој има многу…
Фудбалерот од средниот ред на Барселона, Миралем Пјаниќ, наскоро ќе го напушти тимот, објави „Диарио Спорт“. Според шпанското издание, босанскиот фудбалер решил да се пресели во клубот Шарјах од ОАЕ. Претходно инсајдерот Фабрицио Романо објави дека Пјаниќ добил понуда од овој клуб. Но, тогаш не се знаеше дали играчот од средниот ред е подготвен да се пресели на Блискиот Исток. Пјаниќ беше целосно задоволен од понудата на арапскиот клуб. Во блиска иднина тој ќе стане играч на Шарјах. Фудбалерот на Барселона ќе замине со статус на слободен играч, каталонскиот клуб нема да се меша во неговиот трансфер. Миралем Пјаниќ минатата…
