Напаѓачот на Реал Мадрид, Винисиус Жуниор ги сподели своите очекувања за натпреварот од групната фаза во Лигата на шампионите против Селтик. Бразилскиот напаѓач ја забележа силата на противникот. „Селтик се многу силни, трчаат одлично. Да бидам искрен, не сум гледал многу нивни натпревари. Мислам дека пред нашата средба треба да гледам повеќе нивни натпревари. Но, ние имаме намера да го играме сопствениот фудбал. Тие нека се прилагодат на нас, а не ние на нив. Нема да промениме ништо. Навистина сакам да играм на преполни стадиони кога има голем притисок. Еве што се случува во Мадрид на нашиот стадион. Се надевам…
Author: riste
Играчот од средниот ред на Челзи, Матео Ковачиќ го коментираше трансферот на напаѓачот Пјер-Емерик Обамејанг во тимот. Ковачиќ изјави дека таков играч им бил потребен на лондончани. 33-годишниот напаѓач може да дебитира за Челзи на натпреварот од Лигата на шампионите против Динамо Загреб (Хрватска). Во моментов играчот се опоравува од скршената вилица, но беше објавено дека е подготвен да влезе на теренот. „Можам да кажам дека Обамејанг ќе биде важно засилување за нашиот тим. Ова е квалитетен стрелец кој ни недостасуваше. Челзи во последните години нема напаѓач кој би постигнал 20-25 гола. И треба да освојува титули. Затоа ни е…
Напаѓачот и една од ѕвездите на Пари Сен Жермен, Лионел Меси има проблеми со недвижностите на Ибица, објави „Марка“. Според изворот, Аргентинецот поседува скапа вила од 16.000 квадратни метри, која ја купил за 11 милиони евра, но, има проблем затоа што, оваа зграда нема дозвола за градба. Како што се испостави, претходните сопственици решиле да ја прошират куќата без дозвола. Така изградиле две простории без да ја имаат потребната лиценца. Токму овој факт му направи проблеми на Меси, кој поради овие измени заврши со недвижен имот без градежна дозвола или имотен лист. Засега играчот реши да им ги препушти документите…
Синоќа се одржа претставувањето на бразилскиот дефанзивец Марсело како играч на грчки Олимпијакос. Повеќе од 25.000 гледачи се собраа на стадионот „Георгиос Караискакис“ во Пиреја да го поздрават новиот миленик, објави прес-службата на тимот. Потписот на Бразилецот беше објавен во петокот на 2 септември. Договорот на 34-годишниот Марсело со Олимпијакос беше склучен на една година со можност за продолжување на уште една. Марсело излезе на теренот во придружба на синот и сопругата облечен во црвено-белиот дрес на тимот од Атина со бројот 12. Фудбалерот потекнува од бразилски клуб Флуминенсе. Марсело дојде во Реал Мадрид во 2007 година и го напушти…
Фудбалерот од средниот ред на Јувентус, Анхел Ди Марија нема да учествува на натпреварот од 1. коло од групната фаза на Лигата на шампионите на УЕФА со ПСЖ, соопшти прес-службата на клубот од Торино. Да потсетиме, Ди Марија заработи повреда на мускулот на натпреварот од 1. коло од италијанската Серија А со Сасуоло (3:0). Се очекуваше опоравувањето на аргентинскиот фудбалер да трае 10 дена, но Ди Марија не беше вклучен во составот на Јувентус за претстојниот натпревар од Лигата на шампионите. Ди Марија играше за ПСЖ од 2015 до 2022 година. Откако му истече договорот на играчот од средниот ред…
Атлетико Мадрид ќе биде без стартниот голман Јан Облак на отворањето на групната фаза од Лигата на шампионите против Порто, објави весникот „АС“. Натпреварот на двата тима е во среда во Мадрид. Словенечкиот голман на крајот на средбата со Реал Сосиедад доживеа тежок удар во коленото и по подолго време укажување на лекарска помош мораше да биде заменет. Повредите се ретки во кариерата на Облак, досега пропушти 15 натпревари во 2016-17 година поради повреда на рамото. „Се надеваме дека ќе закрепне што е можно побрзо“, изјави тренерот на Атлетико, Диего Симеоне. Во отсуство на Облак, на голот на тимот ќе…
Поранешниот аргентински напаѓач Серхио Агуеро го сподели своето мислење за играта на својот сонародник Лионел Меси. „Секој тим со Лео Меси во нивниот состав е претендент за освојување на Лигата на шампионите. Има чувство дека повторно е во ред. Тој има карактер на победник, кој е неопходен за секој тим кој сака да победува секаде и секогаш. Го знаеме натпреварувачкиот дух на Меси. Особено сега со него играат фудбалери како Нејмар и Мбапе. А ПСЖ веќе има стекнато големо искуство во европските натпреварувања“, изјави Агуеро Меси оваа сезона забележа шест настапи во француската лига и постигна три гола. Има и…
Напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Маркус Рашфорд беше во летниот преоден рок дел од списокот на желби на ПСЖ, но францускиот клуб не испратил официјална понуда за 24-годишниот фудбалер. Рашфорд е „дете“ на Манчестер Јунајтед. Напаѓачот постигна три гола и даде две асистенции во шест првенствени натпревари оваа сезона. Договорот меѓу двете страни истекува на крајот од сезоната, но клубот има опција автоматски да го продолжи договорот на една година. Во последното коло од Премиер лигата, Рашфорд постигна два гола против лондонски Арсенал и му помогна на својот тим да победи со 3:1. Сега Манчестер Јунајтед има 12 бода и по…
Претседателот на УЕФА, Александар Чеферин изјави дека е сигурен во тоа дека домаќини на Светското првенство во 2030 година ќе бидат Шпанија и Португалија. Тој самиот работи за тоа без да прави многу врева. „Сигурен сум дека Светското првенство во 2030 година ќе се игра во Шпанија и Португалија – две земји кои го чувствуваат фудбал“, рече Чеферин овој понеделник на отворањето на меѓународниот конгрес „Фудбалот зборува“ организиран од Португалската фудбалска федерација во близина на Лисабон. „Ова е победнички облог и ќе направиме се што е можно да им помогнеме на оние земји чија страст е фудбалот, кои живеат и…
Со натпреварите кои ќе бидат одиграни утре официјално завршува сезоната 2021/22 во СЕХА лигата, а новата треба да започне веројатно во октомври. Се очекува официјализација на оваа информација, но сосема е јасно дека за првпат регионалното натпреварување ќе биде поделено во две групи. Источна и западна. На истокот ќе играат по четири екипи од Русија и Белорусија, а на западот скоро истите екипи од последните неколку сезони. СЕХА-Исток:Чеховски Медведи, ЦСКА Москва, Пермски медведи, Нева Санкт Петербург, Мешков Брест, СКА Минск, Гомељ и Машека СЕХА-Запад: Еурофарм Пелистер, Вардар 1961, Нексе Нашице, ППД Загреб, Војводина, Партизан, Татран Прешов, Веспрем Предвидено е да се игра во две групи и во источната и во западната СЕХА-лига,…
