Author: riste

Кристијано Роналдо нема да го напушти Манчестер Јунајтед сега и ќе биде со тимот понатаму, изјави менаџерот Ерик тен Хаг на прес-конференција попладнево – еден ден пред затворањето на трансфер пазарот. „Јасно е дека ни требаат класа фудбалери. Ни требаат повеќе за да ги „покриеме“ сите наши натпревари“, изјави Холанѓанецот. Претходно денеска се дозна дека Наполи ја одбил можноста да потпише со Кристијано Роналдо, што се чинеше дека е последна опција за Португалецот. Тен Хаг објави и дека евентуалниот заминувачки трансфер на Арон Ван-Бисака пропаѓа. „Секако дека Арон останува. Ова е составот со кој ќе бидеме од септември барем до…

Read More

Напаѓачот на Барселона, Пјер-Емерик Обамејанг е тешко повреден по вооружен грабеж во неговиот дом во Шпанија, објави „Атлетик“. Според изворот, напаѓачот добил скршеница на вилицата. Се најавува дека времето на закрепнување на Обамејанг ќе зависи од одлуката на играчот за можна операција. Се очекува 33-годишниот интернационалец од Габон да пропушти најмалку еден месец поради повреда. И покрај повредата на Обамејанг, лондонски Челзи продолжува да преговара за евентуален трансфер на играчот. Двете страни се уште не постигнале договор. Обамејанг се приклучи на Барселона со слободен трансфер во јануари 2022 година. Во Шпанија, напаѓачот постигна 13 гола и даде една асистенција на…

Read More

Вториот капитен на Валенсија Карлос Солер е баран од Пари Сен Жермен и голема е веројатноста неговиот трансфер да се реализира во преостанатите два дена до затворањето на трансфер пазарот. Минатата недела „Марка“ објави дека и Ливерпул е заинтересиран за централниот играч за врска. Солер е клучен играч во тимот на „лилјаците“, но неговиот договор истекува за 10 месеци, а клубот не презеде ниту иницијатива да преговара за нов договор. Поради оваа причина, сега постои шанса шпанскиот интернационалец да замине со понуда од околу 15-17 милиони евра. Солер (25) потекнува од школата Валенсија и сега влезе во седмата сезона во…

Read More

Бразилскиот играч за врска Вилијан ќе се врати во Премиер лигата. Откако претходно играше за Челзи и Арсенал, 34-годишниот сега ќе потпише со трет лондонски клуб, Фулам. Вилијан денеска ќе ги помине медицинските прегледи пред да потпише договор со екипата на Фулам. Искусниот играч за врска тренира со тимот во последните две недели и го убеди Марко Силва дека може да помогне. Бразилецот е слободен играч откако на почетокот на месецот го раскина договорот со Коринтијанс. Најверојатно неговиот договор со Фулам првично ќе биде на една сезона. Вилијан имаше многу успешен 7-годишен период во Челзи, освојувајќи две првенствени титули, ФА…

Read More

Баерн го продолжи договорот со спортскиот директор Хасан Салихамиџиќ, објави официјалниот сајт на германскиот клуб. Новиот договор е со важност до 30 јуни 2026 година. „Би сакал да му се заблагодарам на Надзорниот одбор на клубот за укажаната доверба во мене. Отсекогаш сум велел дека го сакам Баерн. Минхен е мојот дом. Многу ми е драго што можеме да ја продолжиме нашата силна соработка. Мојата цел е да им овозможам на навивачите конкурентен и успешен тим кој победува на национално и на меѓународно ниво секоја сезона. Ќе продолжам да правам се за ова. На добар пат сме“, изјави Салихамиџиќ. Да…

Read More

Македонскиот фудбалски репрезентативец Стефан Спировски кариерата ќе ја продолжи во ерменскиот фудбалски шампионат. Негова нова екипа ќе биде Пјуник, каде веќе настапува Марјан Радески. Играчот за врска ќе стави потпис на едногодишен договор за соработка. 32-годишниот фудбалер има богата кариера надвор од Македонија. Негов последен тим беше МТК Будимпешта, а претходно настапуваше за Мариупол, АЕК Ларнака, Хапоел Тел Авив и Ференцварош. Од македонските клубови, Спировски ги носеше дресовите на Пелистер, Вардар и Работнички. Спировски и Радески со својот клуб Пјуник во новата сезона ќе имаат можност да се докажуваат во УЕФА Конференциската лига.

Read More

Само четири одиграни кола беа потребни за да падне првата менаџерска жртва во Премеир лигата. Повратникот во англиската елита, Бурнмаут, сезоната ќе ја продолжи со нов менаџер, откако раководството на клубот реши да му врачи отказ на младиот стратег Скот Паркет. Клубот минатата сезона одигра фантастчно во Чемпионшип и обезбеди промоција во Премиер лигата, но во елитата тргна катастрофално лошо. Секако дека немаше се да биде вака доколку не се случеше катастрофата од 9:0 со Ливерпул. „Би сакале да ја искажеме нашата благодарност до Скот и неговиот тим за напорите за време на нивното време со нас. Нашата промоција во…

Read More

ПСЖ ја следи ситуацијата околу играчот од средниот ред на Челзи, Н’Голо Канте. Според „Тајмс“, францускиот клуб се фокусирал на играчот од средниот ред, откако главниот тренер на сините, Томас Тухел, изразил мислење дека иднината на фудбалерот е двосмислена. Актуелниот договор на Канте со Челзи истекува во јуни 2023 година и тој би можел да биде во преговори со нов клуб од јануари. Според Тухел, во понудата за нов договор ќе се земе предвид и повредата на играчот во последните сезони. Канте сега повторно е надвор од терените еден месец поради повреда на тетивата. Натпреварот со Лестер, во кој Челзи…

Read More

Бразилскиот напаѓач Ентони синоќа успешно ги поминал медицинските прегледи во Англија. Денес, 30 август, 22-годишниот фудбалер ќе потпише договор со Манчестер Јунајтед. Ова го објави новинарот Фабрицио Романо на Твитер. Претходно беше објавено дека договорот на играчот со „црвените ѓаволи“ ќе важи до јуни 2027 година со можност за продолжување до 2028 година. Ентони денес треба да потпише договор со Манчестер Јунајтед. Во однос на висината на трансферот, би требало да биде рекордна за холандскиот шампионат. Ентони (22) му се приклучи на Ајакс во 2020 година од бразилски Сао Паоло. Оваа сезона напаѓачот постигна два гола и имаше две асистенции…

Read More

Напаѓачот на Севиља, Лукас Окампос би можел да се пресели во Ајакс. Клубот од Холандија веќе ги започна преговорите за трансферот на фудбалерот и го сака како замена за Ентони, кој треба да замине во Манчестер Јунајтед. Ова го објави италијанскиот новинар Фабрицио Романо на Твитер. „Ајакс започна официјални преговори со Севиља за Лукас Окампос. Тој е главна цел да го замени Ентони бидејќи договорот со Зиеш сè уште е во застој од минатата недела“, напиша Фабрицио Романо на социјалните мрежи. Лукас Окампос се пресели во Севиља од Марсеј во 2019 година. Во актуелниот шампионат на Шпанија, тој влезе на…

Read More