Играчот од средниот ред на Манчестер Сити и репрезентацијата на Белгија, Кевин де Бруин го посети боксот на Ф1 тимот на Ред Бул. Де Бруин влезе во боксот на австрискиот тим на Белгиското ГП и ги замени дресовите со шампионот во Формула 1 и лидер во сезоната 2022, Макс Верстапен. Верстапен иако имаше најдобро време во кавлификациите сепак денешната трка ќе ја започне од 14-то место. Почетокот на трката е закажан за во 15 часот на патеката „Спа Франкошампс“
Author: riste
Тренерот на Баерн (Минхен) Јулијан Нагелсман ја критикуваше арбитражата на натпреварот против Борусија (Минхенгладбах) кој заврши 1:1. Баварците создадоа огромен број на шанси, но не можеа да ги освојат сите три бода на оваа средба, а Нагелсман не беше задоволен од некои одлуки на судијата Даниел Шлагер. „Имавме 35 удари, што не е лошо. Лут сум затоа што одигравме добро и судијата ги решаваше сите контроверзни ситуации во корист на нашиот противник. Единственото нешто за што можам да ги обвинам играчите е што не ги искористивме нашите многубројни можности за гол“, прокоментира Нагелсман. „Ужасна работа на судиите. Имаше околу 20…
Напаѓачот на Манчестер Јунајтед , Кристијано Роналдо даде зелено светло за преселба во Наполи, објави „La Gazzeta dello Sport“. Според изворот, зделката за трансферот на португалскиот напаѓач може да биде комплетирана во блиска иднина. Наполи ќе го земе Роанлдо на позајмица, додека Манчестер Јунајтед целосно ќе ја покрие платата на португалскиот напаѓач. За возврат, напаѓачот Виктор Осимен ќе замине од наполитанскиот клуб во Манчестер. Манчестер Јунајтед ќе плати 100 милиони евра за него. Претходно, тренерот на Наполи, Лучијано Спалети изјави дека секој тренер би сакал да работи со Роналдо. Во исто време тој истакна дека неговиот клуб нема никакви контакти…
Барселона го објави составот на тимот за натпреварот од 3. коло од Примера со Ваљадолид. На списокот на играчи објавен за оваа средба се најде францускиот дефанзивец Жил Кунде. Да потсетиме дека Кунде се пресели во Барселона на крајот на јули од Севиља за 50 милиони евра и остана единствениот летен дебитант кој каталонскиот клуб не можеше да го пријави за оваа сезона. Беше објавено дека на Барселона и се потребни дополнителни 20 милиони евра за да го внесе Жил Кунде во тимот. Натпреварот од 3. коло на шампионатот на Шпанија Барселона – Ваљадолид ќе се одигра денеска на стадионот…
Напаѓачот на Челзи, Рахим Стерлинг постигна гол на натпреварот од 4. коло од англиската Премиер лига со Лестер. Англискиот напаѓач стана третиот играч во светот кој постигнал гол за Челзи, Манчестер Сити и Ливерпул. Претходно тоа го имаа направено Французинот Николас Анелка и сонародникот на Стерлинг, Даниел Стариџ. 27-годишниот Стерлинг му се приклучи на Челзи од Манчестер Сити за 56,2 милиони евра во јули 2022 година. Пред тоа, во три натпревари за сините, Рахим даде една асистенција – во натпреварот со Тотенхем (2:2) во 2. коло од англискиот шампионат. Договорот меѓу двете страни е до 2027 година.
Холандскиот Ф1-возач и актуелен шампион Макс Верстапен имаше најдобро време во квалификациите на трката за ГН на Белгија на патеката „Спа“, но од лидерското место ќе тргне Карлос Саинц од Ферари. Верстапен, кој го имаше и најбрзиот круг во квалификациите, доби казна од 15 позиции поради промена на делови на болидот по тренинзите, па така првата позиција му припадна на Саинц, додека како третопласиран заврши Серхио Перез од Ред Бул. Четвртото место го доби вториот болид на Ферари во кој седеше Шарл Леклер, па следат двата болиди на Алпин, Естебан Окон и Фернандо Алонсо. Луис Хамилтон од Мерцедес заврши како седми,…
Њукасл потпиша договор со шведскиот напаѓач од Реал Сосиедад Александар Исак, што беше објавено на нивната официјална веб-страница. Висината на зделката не беше објавена, но претходно медиумите пишуваа дека Њукасл ќе плати 70 милиони евра за 22-годишниот Швеѓанец. „Мило ми е што го направивме тоа. Тоа беше важна и одговорна одлука за мене, од која сум задоволен. Ова е клуб со голема историја и неверојатни навивачи, секој би сакал да игра за него. Верувам во проектот на овој клуб“, изјави Александар Исак за прес-службата на Њукасл. Исак (22) за шпанскиот тим настапуваше од 2019 година. Во последната сезона од шпанската…
Тренерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола ја коментираше ситуацијата со играчот од средниот ред Бернардо Силва. Претходно беше објавено дека тој би можел да се пресели во Барселона. „Бернард ќе остане. Секако, тој ќе остане во Манчестер Сити. Никој не разговараше со нас за него. Затоа, тој останува“, изјави Гвардиола. Претходно се дозна дека интерес за 28-годишниот португалски фудбалер покажуваат Барселона и ПСЖ. Беше објавено дека Бернардо Силва веќе се договорил за условите на договорот со каталонскиот клуб, но Манчестер Сити не сакал да го пушти играчот. Актуелниот договор на Силва со Граѓаните е до јуни 2025 година. Се очекува…
Македонскиот теквондист Дејан Георгиевски оствари уште еден голем успех во својата кариера, тој стана европски шампион на Европското клупско првенство во Талин, Естонија. Поради добриот ранкинг кој го има Дејан Георгиевски во првото коло беше слободен, потоа со две убедливи победи македонскиот спортист го освои златниот медал на престижниот боречки настан. Георгиевски го донесе третиот медал за ТК Бутел од Европско Клубско Првенство, тимот на овој настан освои два златни и еден сребрен медал.
Екипата на Црвена Звезда не само што остана без место во Лигата на шампионите туку остана и без својот досегашен тренер Дејан Станковиќ кој си поднесе оставка. Неуспехот во квалификациите за Лигата на шампионите го натера поранешниот српски фудбалер да ја напушти тренерската функција. Српскиот првак ја сподели пораката кој ја напиша Станковиќ: „Црвена Звезда е мојата голема љубов, неопислива емоција. Сега по третиот неуспешен обид да ја воведам во Лигата на шампионите се чувствувам целосно празно, бидејќи не успеав да ѝ дадам на мојата најголема љубов она што најмногу го посакував. Не можам да продолжам. Дадов сè од себе. Сега некој…
