Author: riste

Доцна синоќа беше извлечена ждрепката за третото коло во англискиот Лига куп. Најзвучната двојка во оваа фаза од турнирот ќе биде средбата помеѓу Манчестер Сити и Челзи. Натпреварите ќе се одиграат во ноември. Осумкратниот освојувач на трофејот Манчестер Сити ќе се соочи со Челзи, кој пет пати го освојуваше ова натпреварување. Актуелниот освојувач на Лига купот и рекордер по бројот на победи Ливерпул ќе се сретне со Дерби. Противник на Манчестер Јунајтед е Астон Вила, лондонски Арсенал ќе игра против Брајтон, а Тотенхем гостува кај Нотингем Форест. Преостанатите натпревари од третото коло на англискиот Лига куп: Лестер – ЊупортВест Хем…

Read More

Фудбалерот од средниот ред на Лион, Лукас Пакета, може да ја продолжи кариерата во англиската Премиер лига, објави „Атлетик“. Според изворот, Вест Хем Јунајтед е заинтересиран за услугите на 24-годишниот бразилски фудбалер. Лондонскиот клуб испратил понуда за трансфер од 33,7 милиони фунти (40 милиони евра) до Пакета. Двете страни се уште не постигнале договор. За потсетување, Пакета за Лион игра од 2020 година. Претходно, фудбалерот ги бранеше боите на Фламенго и Милан. Оваа сезона Пакета учествуваше на два натпревари од француската Лига 1 и не постигна гол. Од 2018 година, Пакета е повикан во репрезентацијата на Бразил. Вест Хем нема…

Read More

Челзи и Ајакс планираат нова рунда преговори за враќање на офанзивниот играч за врска Хаким Зиеш во холандскиот клуб. Ова го објави италијанскиот новинар Фабрицио Романо на својата страница на социјалните мрежи. Според инсајдерот, клучот за евентуалниот потег на Зиеш е трансферот на бразилскиот крилен напаѓач на Ајакс, Ентони во Манчестер Јунајтед. Во исто време, мароканскиот фудбалер веќе успеа да одржи два состаноци со членовите на управниот одбор на холандскиот клуб во изминатите четири дена. Актуелниот договор на Зиеш со Челзи е до 30 јуни 2025 година. Играчот од средниот ред минатата сезона забележа 44 настапи за лондонскиот клуб во…

Read More

Управниот одбор на ФФМ на својот последен одржан состанок ги утврди цените на билетите за натпреварот меѓу репрезентациите на Македонија и Бугарија кој во рамки на Лигата на нациите ќе се игра во месец септември. Цената на влезниците за овој натпревар ќе изнесуваат 250 и 350 денари. Влезниците ќе се продаваат преку продажната мрежа на MKTickets, официјален партнер на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) за продажба на билети. Едно лице ќе може да купи најмногу четири билети со приложување на докуменети за идентификација. Натпреварот меѓу Македонија и Бугарија се игра на 26 септември на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје.

Read More

ПСЖ би можел да се ослободи од дефанзивецот Абду Диало пред крајот на летниот преоден рок. Според „Футмеркато“, за сенегалскиот фудбалер се заинтересирани неколку клубови, меѓу кои Вест Хем и Рома. Според добро упатените, ПСЖ сака да го пушти Диало на трајна основа, а главните надежи на парискиот клуб се поврзани со добрите понуди од англиските премиерлигаши, особено лондонски Вест Хем. Во исто време и Рома ја следи ситуацијата околу играчот, а доколку никој не го комплетира трансферот на Сенегалецот, планира да понуди договор за позајмица со задолжителна откупна опција во последните денови од преодниот рок. Абду Диало одигра 12…

Read More

Вест Хем се договори за трансфер на италијанскиот дефанзивец Емерсон од Челзи, објави „Скај Спортс“. Износот на трансферот ќе биде 15,3 милиони евра, а уште 2,4 милиони евра ќе бидат бонуси. Се очекува во текот на вечерта да започне лекарскиот преглед на 28-годишниот дефанзивец во новиот тим. Емерсон минатата сезона ја мина на позајмица во францускиот Лион, одигра 36 натпревари, постигна еден гол и даде две асистенции. Фудбалерот се пресели во Челзи во јануари 2018 година од италијанската екипа Рома. Вкупно за сините има 71 натпревар, два гола и пет асистенции. Играше и за Сантош. Емерсон за италијанската репрезентација дебитираше…

Read More

Тренерот на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг ги сподели своите очекувања пред натпреварот од 3. коло на Премиер лигата со Ливерпул. „Да, знам за поразот минатата сезона со 5:0. Таа игра остави длабоки лузни, но во новиот натпревар потребно е да се поправи ситуацијата. Ливерпул е силен тим, многу ми се допаѓаат. Мислам дека минатата сезона го играа најдобриот фудбал во Европа. Го почитувам Ливерпул, но и најдобрите тимови можат да бидат победени“, изјави Тен Хег за „Скај Спортс“. Натпреварот помеѓу Манчестер Јунајтед и Ливерпул ќе се одигра вечерва во 21 часот. Да потсетиме дека последната средба на овие екипи…

Read More

Пјер Емерик Обамејанг по само шест месеци ќе се врати во Премиер лигата и ќе го облече дресот на Челзи. Барселона и Челзи го договорија трансферот на напаѓачот од Габон. За него Каталонците ќе добијат 22 милиони евра, плус пет милиони во вид на бонуси. Обамејанг мораше да бара решение по доаѓањето на Роберт Левандовски. Сега за повисока плата ќе направи кам-бек во англискиот фудбал и ќе се обиде да се наметне во нападот на Челзи односно кај Томас Тухел. Челзи имаше потреба од напаѓач, особено по заминувањето на Ромелу Лукаку во Интер и Тимо Вернер во РБ Лајпциг.

Read More

Жил Кунде е незадоволен од тоа што се уште не може да игра за Барселона. 23-годишниот дефанзивец ќе го пропушти вториот последователен натпревар на Барселона, бидејќи клубот се уште не може да го пријави во Примера. Во моментов не е јасно дали Каталонците ќе имаат време да го пријават Французинот за натпреварот од 3. коло на шпанскиот шампионат против Ваљадолид , кој ќе се одигра на 28 август. Стана јасно дека заминувањето на напаѓачот Мемфис Депај нема да дозволи Барселона да го регистрира Жил Кунде. Тоа ќе бара повеќе од само едно заминување на играч од Барселона. Беше објавено дека Жил Кунде може бесплатно да ја напушти Барселона доколку…

Read More

Уругвајскиот напаѓач Единсон Кавани изјави дека нема поим каде ќе игра во новата сезона. 35-годишниот играч е слободен играч откако неговиот договор со Манчестер Јунајтед истече на крајот на јуни, но тој допрва треба да потпише со друг тим. Според печатот во Шпанија и Франција, интерес за него има од Валенсија и Виљареал, како и од Ница. „Во моментов не знам каде ќе играм оваа година. Се чувствувам одлично, но така е во фудбалот. Важно ми е да стигнам до место каде што навистина ќе бидам посакуван и да добијам самодоверба”, изјави Кавани. Во текот на изминатите две сезони, Уругваецот…

Read More