Author: riste

Откако вчера беше официјално објавено дека јубилејното 50-то издание на Охридскиот пливачки маратон нема да се одржи поради финансиските проблеми на Националната пливачката федерација на Македонија, денес стигнуваат нови информации. По изјавата на градоначалникот на Општина Охрид Кирил Пецаков тој потврдил дека Општина Охрид ќе го организира ова издание на престижниот маратон во водите на Охридското езеро. Градоначалникот Пецаков во својата изјава најавил дека маратонот ќе биде поддржан од Општината, спонзори и Агенцијата за млади и спорт. Првпат по долгогодишната традиција Националната пливачката федерација да го организира Охридскиот маратон, овојпат организацијата останува единствено на градот Охрид. Главната цел е продолжување…

Read More

Фудбалерот од средниот ред на Челзи, Калум Хадсон-Одои може да го напушти Лондон, објави „Би-Би-Си“. 21-годишниот играч сака да добие што е можно поголема минутажа. Во Челзи не се подготвени засекогаш да се разделат со играчот и можеби размислуваат да го позајмат Англичанецот во друг клуб. Претходно имаше информации за интерес за Хадсон-Одои од Њукасл, Саутемптон, Јувентус и Борусија Дортмунд. Хадсон-Одои потекнува од школата на лондонскиот клуб. Во последната сезона од англиската Премиер лига, играчот од средниот ред одигра 15 натпревари на кои постигна еден гол и две асистенции. Играчот поради повреда ја пропушти речиси цела втора полусезона.

Read More

Челзи постигнаа целосен договор за личните услови на Французинот Весли Фофана, со што тој би требало да игра за лондончани. Според Фабрицио Романо, договорот е веќе готов, но останува најтешкиот дел – двата клуба да се договорат за сумата на трансферот. Лестер продолжува да инсистира на 85 милиони фунти, додека од „Стемфорд Бриџ“ во моментов не сакаат да ја плати таа сума. Самиот играч го известил клупското раководство на Лестер Сити дека сака да биде продаден. Лондончани веќе дадоа две понуди за 21-годишниот Французин, кои беа одбиени. Тие беа за 63 и 70 милиони фунти. Во секој момент се очекува…

Read More

Денешниот ден е исклучително важен за иднината на Пјер-Емерик Обамејанг. Според информациите во Шпанија се зголемува веројатноста за трансфер на интернационалецот од Габон од Барселона во Челзи. Секоја од страните е веќе наклонета кон таков договор. Самиот напаѓач, за кој се зборуваше дека сака да остане во Барселона по секоја цена, исто така е отворен за враќање во Премиер лигата. Сепак, Обамејанг ја отфрли можноста за трансфер во Манчестер Јунајтед и е склон да преговара само со Челзи, а главната причина за тоа е што „црвените ѓаволи“ нема да играат во Лигата на шампионите. Се очекува денеска Челзи да ја…

Read More

Македонскиот шампион Шкупи оваа сезона настапуваше во сите три европски купови и по тоа е единствен тим во Европа. Ниеден клуб досега не играше во Лигата на шампионите, Лигата на Европа и Конференциската лига, а во борба за групите на третото натпреварување на УЕФА тимот на Гоце Седлоски ќе игра против косовскиот Балкани (вечерва, 21:00 часот). Претходно Шкупи загуби и испадна од Шамрок Роверс во третото коло за Лига Европа и тоа ги донесе во плеј-офот на новоформираното натпреварување. Ждрепката посака тимот да игра со косовскиот првак кој по пенали го мина КИ Клаксвик од Фарски Острови. Ова е идеална шанса за Шкупи да игра во групите во…

Read More

Британскиот милијардер Џим Ретклиф има намера да го купи Манчестер Јунајтед доколку клубот биде ставен на продажба. Тоа го пренесува „Sky Sports“. За почеток, Ретклиф е подготвен да купи барем еде дел од клубот бидејќи имаше извештаи во печатот дека семејството Глејзер планира да собере нова инвестиција во Манчестер Јунајтед и размислува за продажба на малцински удел. Ретклиф (69) е најбогатиот човек во Велика Британија. Тој е извршен директор на „Ineos Group Ltd“ и сопственик на велосипедскиот тим „Ineos Grenadiers“. Што се однесува до фудбалот, Британецот во 2019 година ја купи Ница за 100 милиони евра. Тој е сопственик и…

Read More

Џакомо Распадори може да се смета за играч на Наполи. Синоќа спортскиот директор на Сасуоло Џовани Карневали потврди дека е постигнат договор меѓу двата клуба и дека остануваат да се разработат само ситни детали пред зделката да стане реалност. Напредокот во преговорите се случи доцна синоќа. Се очекува Наполи да го земе Распадори на позајмица за 5 милиони евра, со опција за откуп за 25 милиони евра. Исто така, има дополнителни бонуси од 5 милиони евра поврзани со настапот на играчот и дали Наполи ќе се квалификува во Лигата на шампионите во следните сезони.

Read More

Во Италија предложија да се откаже вечерниот фудбал во Серија А, како и во другите италијански фудбалски лиги. Идејата е да се префрлат натпреварите во дневните часови, за што еколошкото здружение „Codacons“, кое го даде предлогот, вели дека ќе заштеди многу енергија и генерално се гледа како позелена опција. „Го поддржуваме предлогот на Џан Антонио Стела, кој во публикацијата на „Corriere dello Sport“ објасни што е лицемерието на италијанските граѓани – зборувајќи за пристапот на енергетската криза, никој не ги спомна натпреварите во вечерните часови. Одложувањето на натпреварот е очигледен начин да се заштеди струја и да се покаже дека…

Read More

Играчот од средниот ред на Евертон, Деле Али наскоро ќе се пресели во Бешикташ. Тимот од Истанбул договори позајмица на 26-годишниот англиски играч, објави „Спорт Италија“. Според извор, договорот со Англичанецот ќе биде за една сезона. Тогаш Бешикташ ќе има право да го купи играчот за 7 милиони евра.Самиот играч од средниот ред се согласи на трансферот. Да потсетиме, Деле Али стана играч на Евертон во февруари годинава. Договорот на играчот од средниот ред со англискиот клуб е до 2024 година. Во актуелната сезона од Премиер лигата, играчот од средниот ред учествуваше во два натпревари за својата екипа, не успевајќи…

Read More

Јувентус е решен да го ангажира играчот од средниот ред на Пари Сен Жермен, Леандро Паредес. Тимот од Торино се насочи кон Аргентинецот како замена за Адриен Рабио, кој е пред трансфер во Манчестер Јунајтед. Договорот со „црвените ѓаволи“ е во завршна фаза и затоа Јуве планира да го забрза привлекувањето на Паредес кој што поскоро ќе го заземе неговото место во тимот, пренесуваат медиумите во Италија. 28-годишниот Паредес веќе ги финализираше личните услови со Јувентус и останува само „Старата дама“ да се договори со ПСЖ како да ја реализираат зделката меѓу нив. Најверојатно ќе биде на позајмица со опција…

Read More