Author: riste

Манчестер Јунајтед размислува да го ангажира крилниот напаѓач на Челзи , Кристијан Пулишиќ . Според британското издание „The Athletic“, Црвените Ѓаволи повеќе би сакале да го земат американскиот фудбалер на позајмица до крајот на оваа сезона. Клучна за оваа зделка е желбата на Пулишиќ да има повеќе настапи пред Светското првенство во Катар во 2022 година. Според англиските новинари, Челзи може да го пушти играчот да замине во Манчестер Јунајтед за да ја добие потребната минутажа. Исто така, еден од претендентите за играчот е Њукасл Јунајтед. Пулишиќ минатата сезона одигра 22 натпревари во Премиер лигата, постигнувајќи шест гола и две…

Read More

Напаѓачот на Севиља, Мунир Ел Хадади е блиску до заминување од тимот. Според шпанското издание на „Мундо Депортиво“, играчот наскоро ќе се пресели во Хетафе. Главната причина за заминувањето на играчот од Севиља е фактот што тој не се вклопува во шемата за игра што ја користи главниот тренер на тимот Хулен Лопетеги. Токму поради оваа причина, фудбалерот беше надвор од составот за натпреварот од 1. коло на шпанската Примера со Осасуна. Исто така еден од претендентите за ангажирање на Мунир Ел Хадади е турски Трабзонспор. Мунир потекнува од школата на Барселона. Фудбалерот се пресели од каталонскиот тим во Севиља…

Read More

Францускиот дефанзивец Танги Нианзу официјално го замени Баерн Минхен со  Севиља, потпишувајќи договор до 2027 година. Шпанците ќе платат 16+4 милиони евра, а Баварците се очекува да добијат процент од секоја идна продажба. Дополнително, вклучена е и клаузула, според која шампионот на Бундеслигата ќе има право да си го врати играчот за одредена сума. Нианзу (20) помина две години во Минхен откако се приклучи како слободен агент од Пари Сен Жермен. Минатата сезона за Баерн учествуваше на 22 натпревари во сите натпреварувања. Спортскиот директор на Германците Хасан Салихамиџиќ објасни дека трансферот се случил по експресна желба на фудбалерот кој сакал…

Read More

Кадетската ракометна репрезентација на Македонија се врати во Скопје откако успеа да го освои ЕХФ шампионатот во Рига, Летонија, по добиениот натпревар во финалето против Швајцарија. Избраниците на селекторот Раде Стојановиќ одиграа убедливо на сите натпревари на турнирот, без пораз дојдоа до златото, а со тоа си обезбедија пласман на кадетското Европско и Светско првенство. Овој пласман беше причина плус за задоволство во Ракометната федерација на Македонија (РФМ), поради огромниот влог за идните кадетски собири. Откако Стојановиќ и неговите ракометари ја исполнија целта, по враќањето во Македонија имаа свечен прием во хотелот „Александар Палас“ во Скопје. Првиот човек на Ракометната федерација на Македонија (РФМ),…

Read More

Нешто невидено 51 година се случи во првото коло од новата сезона во Серија А. Ниту еден од натпреварите во колото не заврши нерешено. Од десетте натпревари, пет победија домаќините, а пет гостите. Последното такво нешто се случи во сезоната 1971-72, но разликата е во тоа што тогаш италијанското првенство го сочинуваа 16 екипи и беа одиграни 8 натпревари. Тогаш во првото коло 6 победи добија домаќините, 2 гостите. Ова е четврти ваков случај во историјата на Серија А. Освен сезоната 1971-72, имаше уште два наврати кога немаше нерешено во првото коло на Калчото. Такво нешто се случило во далечните…

Read More

Денес со натпреварите од првото коло ќе стартува јубилејното 50-то издание на Меѓународниот ракометен турнир во Струга. Со пет домашни и три странски екипи, ќе се одржи овогодинешниот Струшки турнир, а титулата од минатата година ќе ја брани екипата на Вардар. Токму бранителот на титулата денес ќе се сретне со дебитантот Алкалоид во терминот од 19:00 часот, додека премиерниот натпревар ќе го одиграат домаќинот Струга и Еурофарм Пелистер во 17:00. Свеченото отворање на турнирот е закажано во 20:40 часот, додека во последниот меч денес од 21.30 часот ќе играат Бутел и Целје. Во групата А се натпреваруваат екипите на Вардар, Алкалоид, Бутел и Целје, додека…

Read More

Новајлијата во Премиер лигата Нотингем Форест продолжува да работи на засилување на својот тим. Досега, клубот потроши над 100 милиони фунти на својот избор на играчи, привлекувајќи 15 фудбалери, вклучувајќи и некои прилично сериозни имиња како Џеси Лингард, Дин Хендерсон, Ремо Фројлер, Емануел Денис, Шеику Кујате и други. Сепак, клубот има планови да продолжи со трансфери, а друго име кое се поврзува со преселба на „Сити Граунд“ е Оусем Ауар од Лион. На 24-годишниот плејмејкер пред извесно време му понудија трансфер во Арсенал, но договор никогаш не беше постигнат. Тој беше поврзуван и со други елитни тимови како Јувентус, Атлетико…

Read More

23-годишниот уругвајски напаѓач на Ливерпул Дарвин Нуњез го запиша своето име во историјата на клубот, но на погрешната страна поради исклучувањето на домашниот натпревар од второто коло на шампионатот на Англија со Кристал Палас (1:1). Како што објави „OptaJoe“ на Твитер, Нуњез е само вториот играч во историјата на Ливерпул кој бил исклучен на својот прв натпревар во Премиер лигата на „Енфилд“, по англискиот играч за врска Џо Кол, кој не го заврши натпреварот против Арсенал во 2010 година, исто така одигран на 15. август. Да потсетиме дека трансферот на Нуњез од Бенфика го чинеше Ливерпул 75 милиони евра. Со…

Read More

Веројатноста Френки де Јонг да се пресели во Манчестер Јунајтед е се помала, откако последните информации говорат дека понудата на клубот за играчот повеќе не важи. Информациите кои беа објавени утринава велат дека играчот од средниот ред на Барселона добил рок од англиската екипа да ја прифати нивната понуда, но тој не го сторил тоа. Холанѓанецот не се ни согласи со условите кои му беа понудени, а не само да не одговори навреме. Во текот на целото лето Манчестер Јунајтед и Челзи се обидуваа да го добијат играчот, откако веќе ги прифатија барањата од Барселона вредни 75 милиони евра, односно…

Read More

Играчот на Манчестер Сити Кевин де Бруин очекува Бернардо Силва да остане негов соиграч на „Етихад“. „Тој ќе остане, па затоа не сум загрижен за ништо. Што и да се случи, Бернардо ни е многу важен и очекувам да биде со нас оваа година“, изјави Де Бруин за „Атлетик“. Претходно летото беше објавено дека Манчестер Сити е подготвен да го продаде играчот од средниот ред Бернардо Силва за 100 милиони евра, а Барселона е заинтересирана за 28-годишниот Португалец. Бернардо Силва минатата сезона на 50 натпревари за шампионот на Англија постигна 13 гола и имаше 7 асистенции во сите натпреварувања. Договорот…

Read More