Македонскиот ракометен репрезентативец, Дејан Манасков е нов член на Вардар 1961. Иако се најавуваше дека крилниот ракометар би можел да продолжи во странство, тој се реши за враќање во Суперлигата и „црвено-црниот“ табор. Дејан Манасков по пауза од шест години повторно ќе го носи дресот на Вардар. Македонскиот првак го загуби Тимур Дибиров кој замина во ППД Загреб, па се одлучи да се насочи кон репрезентативецот и успеа да го обезбеди неговиот потпис. Со ова се потврдуваат амбициите на Вардар да се бори за одбрана на шампионската тилула во Македонија и повторно да играат во Лигата на шампионите. Во таборот на…
Author: riste
Италијанскиот тим Наполи ги договорил личните услови со напаѓачот Џакомо Распадори и се обидува да преговара за трансфер на играчот со Сасуоло. Договорот ќе биде со важност до летото 2027 година, а висината на платата не е соопштена, пишува „Фудбал Италија“. Претходно спортскиот директор на Сасуоло Џовани Карневали потврди дека преговорите со Наполи веќе се во тек. Актуелниот договор на италијанскиот играч истекува во 2024 година. Распадори минатата сезона одигра 36 натпревари во Серија А, постигнувајќи 10 гола и 6 асистенции. Напаѓачот потекнува од школата на Сасуоло, а управата сега ќе бара околу 25 милиони евра за играчот.
Милан постигнал договор со Клуб Бриж за трансферот на Шарл де Кетелар, пренесува „Скај Италија“. Овој играч ќе го чини Милан 35 милиони евра плус бонуси. Двете страни моментално ги финализираат последните детали од зделката и провизиите, а самиот фудбалер денеска не тренираше со тимот бидејќи ги договарал личните услови. Младиот фудбалер беше една од главните трансфер цели на Милан ова лето и се очекува зделката да биде комплетирана до крајот на неделата. Де Кетелар има само 21 година, но веќе има 120 настапи со 25 гола и 20 асистенции за белгискиот шампион. Го бараа и Лестер и Лидс Јунајтед,…
Шпанска Валенсија започна преговори со италијанскиот напаѓач Андреа Белоти за трансфер како слободен играч. Првиот понуден личен договор е до 2025 година со опција за продолжување на уште една година, објави новинарот Николо Шира на Твитер. Според изворот, главниот тренер на Валенсија, Џенаро Гатузо е љубител на напаѓачот уште од времето во Палермо. Исто така, Италијанецот беше подготвен да го купи овој играч кога беше на чело на Милан. Андреа Белоти е без клуб откако во јуни оваа година му истече договорот со Торино. Минатата сезона во Серија А, напаѓачот одигра 22 натпревари на кои постигна 8 гола и 1…
Напаѓачот Мемфис Депај им кажал на играчите на Барселона дека нема да го напушти каталонскиот клуб, пренесува „Диарио Спорт“. 28-годишниот Холанѓанец се сврте кон соиграчите во соблекувалната и рече: „Ќе останам дури и ако потпишат уште шест напаѓачи“. Депај е изненаден од однесувањето на управата на Каталонците откако минатото лето дојде во клубот како слободен играч и направи значително намалување на платата. Во исто време, Мемфис Депај има намера целосно да го исполни неговиот договор кој е со важност до 30 јуни 2023 година. Минатата сезона тој постигна 13 гола и направи две асистенции на 37 натпревари за Барселона во…
Олимпик Марсеј се надева дека ќе успее со потписот на дефанзивецот на Арсенал, Вилијам Салиба, пренесува „L’Equipe“. Претседателот на францускиот клуб Пабло Лонгорија се сретна со агентот на 21-годишниот фудбалер и верува дека играчот ќе се врати во Лига 1. Дефанзивецот е во Арсенал од летото 2019 година, но се уште нема одиграно ниту еден натпревар за тимот. За тоа време играше како позајмен во Сент Етјен, Ница и Олимпик Марсеј. Во сезоната 2021/22, Салиба одигра 36 настапи во Лига 1 за францускиот тим и затоа од клубот сакаат да го имаат со постојан договор и во нивна сопственост.
Манчестер Јунајтед повторно ја разгледува можноста да го привлече напаѓачот на Пари Сен Жермен Нејмар, тврди „Мирор“. Се шпекулира дека Бразилецот ќе биде замената на Кристијано Роналдо. Се чини дека 37-годишниот Португалец нема да остане на „Олд Трафорд“ во новата сезона и поради ова клупските газди веќе работат на пронаоѓање на нов напаѓач кој ќе го заземе неговото место. Во вторникот имаше средба меѓу Роналдо и челниците на „црвените ѓаволи“, но се чини дека таа не заврши позитивно, а фудбалерот уште еднаш изјави дека сака да си замине. Тој га пропушти претсезонската турнеја во Австралија и продолжува да тренира одвоено…
Барселона може да го продаде голманот Марк-Андре тер Штеген, објави „Кадена Сер“. Клубот може да тргне по тоа за да може да ги регистрира новите засилувања. Платата на Марк-Андре Тер Штеген е 7 милиони евра и ќе расте следната сезона. Продажбата на голманот може финансиски да му помогне на клубот. Сепак, опцијата за продажба на Тер Штеген би можела да се примени доколку клубот не успее да постигне договор со играчот од средниот ред Френки де Јонг. Претходно беше објавено дека Барселона му поставила ултиматум на Де Јонг. Играчот мора или да прифати намалување на платата или да го напушти…
Манчестер Сити би можел да го ангажира дефанзивецот на Бенфика, Алехандро Грималдо, објави „Марка“. Според оваа информација, англискиот клуб го разгледува Шпанецот како алтернатива на Марк Кукурела, доколку ненадејно пропадне договорот со вториот. Алехандро ја започна својата кариера во фудбалската школа на Валенсија. Во 2008 година, тој влезе во младинскиот систем на Барселона. Тој стана најмладиот играч (15 години и 349 дена) кој некогаш играл во Сегунда. Во декември 2015 година, Грималдо се согласи да се пресели во португалска Бенфика за 1,5 милиони евра и му се приклучи на новиот клуб во јануари следната година. Минатата сезона, дефанзивецот постигна шест…
Пол Погба може да го пропушти Светското првенство во Катар годинава, информираше „Газета дело спорт“. Францускиот играч за врска летово се врати во Торино и пред само неколку недели почна да тренира со тимот, но заработи повреда на латералниот менискус. Првичните прогнози беа многу пооптимистички и се веруваше дека со конзервативен третман ќе може да закрепне за неколку недели. Сепак, дополнителните испитувања покажаа дека повредата е посериозна и допрва ќе се направат голем број консултации со специјалисти, по што ќе биде донесена конечна одлука, но речиси сигурно е дека ќе се изврши хируршка интервенција. Се очекува тој да биде опериран…
