Јувентус веќе е подготвен да започне сериозни преговори за привлекување на играчот од средниот ред на Пари Сен Жермен, Леандро Паредес. Аргентинецот долго време е на списокот на желби кај Јувентус, но клубот чекаше да се ослободи од еден од моментално достапните играчи за врска пред да упати конкретна понуда за него. Ова е веќе факт откако Јувентус се раздели со Арон Рамзи. ПСЖ е подготвен да преговара за продажба на 28-годишниот играч. Се вели дека францускиот шампион е подготвен да го пушти со понуда од 20 до 25 милиони евра. На „Паркот на принцовите“ сакаат да направат простор за…
Author: riste
Дефанзивецот на Фиорентина, Никола Миленковиќ е блиску до продолжување на договорот со клубот, тврди познатиот италијански инсајдер Николо Шира. Според изворот, виолетовите сакаат да ја зголемат платата на играчот на 3,5 милиони евра годишно. Договорот кој би го потпишале ќе биде со важност до летото 2025 година. Да потсетиме дека актуелниот договор на Србинот со Фиорентина истекува во 2023 година, а според истиот дефанзивецот заработува по 2,2 милиони евра. Никола Миленковиќ потекнува од школата на Партизан. Во 2017 година, Миленковиќ се пресели во италијанска Фиорентина за време на летниот преоден рок. Трансферот изнесуваше 5,1 милиони евра. На 22 декември 2017…
Четири земји од Латинска Америка – Аргентина, Уругвај, Чиле и Парагвај – ќе поднесат заедничка кандидатура за домаќин на Светското првенство во фудбал во 2030 година. Церемонијата за испраќање на кандидатурата на горенаведените земји ќе се одржи во вторник, 2 август. Настанот ќе се одржи на стадионот „Сентенарио“ во Монтевидео (Уругвај), а ќе присуствуваат претседателот на КОНМЕБОЛ Алехандро Домингез, четворицата челници на секоја федерација, Игнасио Алонсо (Уругвај), Клаудио Тапија (Аргентина), Артуро Салах (Чиле) и Роберт Харисон (Парагвај), како и министрите за спорт на овие земји. Во борбата за правото да бидат домаќини на СП 2030 година ќе треба да победат…
Тренерот на Македонија Ѓорче Петров – Муарем Бајрами изјави дека ЦСКА – Софија останува фаворит за реваншот од второто прелиминарно коло од Конференциската лига. Натпреварот е утре од 19 часот на стадионот „Бугарска армија“, а првиот меч заврши 0:0. „Повторно ќе кажам дека ЦСКА е фаворит. Тоа е силен тим, иако не е во најдобра форма, имаат нов тренер со нови идеи“, рече Бајрами на прес-конференцијата пред натпреварот. Бајрами е уверен дека македонскиот тим ќе пружи сериозен отпор на ЦСКА СОфија на утрешниот меч. „Во Скопје одигравме силен натпревар, дисциплиниран и тактички коректен. Утре имаме поинаков натпревар, но искрено верувам…
Вест Хем продолжува да се обидува да го ангажира играчот од средниот ред на Наполи, Пјотр Зиелински и ја подобри својата прва понуда, но играчот не е подготвен да се пресели во Лондон, според „Кориере дело Спорт“. Минатата сезона „чеканите“ му понудија на Наполи 25 милиони евра плус бонуси за полскиот играч за врска, што е многу под цената од 40 милиони евра што ја поставија „наполитанците“. Вест Хем наводно ја подобрил својата понуда. Сега клубот е подготвен да плати до 36 милиони евра за Зиелински, што е многу блиску до барањата на Наполи. Договорот меѓу двете страни би можел…
Барселона му постави ултиматум на холандскиот играч за врска Френки де Јонг. Играчот мора или да прифати намалување на платата или да го напушти клубот, објави шпанското издание „Мундо Депортиво“. Претходно се дозна дека главниот тренер на Каталонците Чави побарал од холандскиот фудбалер да му се намали платата за 50%, но ниту играчот ниту агентот не сакаат да одат на тоа. Френки де Јонг веќе подолго време е заинтересиран за Манчестер Јунајтед. Сепак, играчот смета дека преселбата од Барселона во „црвените ѓаволи“ е чекор назад во неговата кариера. Актуелниот договор на Де Јонг со Барселона е до 30 јуни 2026…
Ливерпул и Јувентус преговараат за трансфер на бразилскиот напаѓач Роберто Фирмино. Според „Calciomercato“, двете страни не можат да се договорат за сумата. Ливерпул очекува да заработи најмалку 30 милиони евра за Бразилецот, а Јувентус на англискиот клуб му понуди 18 милиони евра и бонуси, кои ќе зависат од понатамошниот настап на напаѓачот. Но, Ливерпул не се согласува на таква шема. Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп е подготвен да го пушти играчот да си оди. Но, управата на клубот бара купувачот да даде задоволителна понуда и покрај тоа што Фирмино има уште само една година од договорот. Јувентус најверојатно нема да…
Наполи е на прагот да потпише договор со нов централен дефанзивец кој треба д аго замени Калиду Кулибали, пренесува Фабрицио Романо. Станува збор за корејскиот интернационалец Ким Мин-Жае од Фенербахче, кој ќе добие договор на пет сезони. Наполи ќе ја плати неговата откупна клаузула од 19,5 милиони евра. Утринава 25-годишниот дефанзивец замина за Рим каде ќе ги помине лекарските прегледи пред неговиот трансфер. Беше многу блиску до преселба во Рен, но на крајот Наполи ја добија битката за неговиот потпис. Мин-Жае помина само една година во Фенербахче по неговиот трансфер од 3 милиони евра од кинескиот Пекинг Гуан. За гигантот…
29-годишниот француски играч за врска Пол Погба, кој се врати во Јувентус, нема да му помогне на својот клуб во наредните месеци. Ова го објави „Газета дело Спорт“. Погба на тренинг почувствувал болка во десното колено и бил подложен на лекарски преглед. При прегледот констатирано е кинење на менискусот. Како што се испостави подоцна, на играчот ќе му биде потребна операција, поради што ќе пропушти најмалку два месеци. Така, Пол Погба нема да му помогне на својот тим на првите осум средби на Јувентус во Серија А и на два меча од групната фаза на Лигата на шампионите на УЕФА.…
Фудбалерите на Шкупи вечерва го пречекуваат Динамо Загреб во реванш натпреварот од втората квалификациска рунда за Лигата на шампионите и на домашен терен имаат шанса да ја направи најголемата сензација во својата историја и воедно да го донесат најголемиот успех. Никогаш досега Шкупи не играл против вака голем клуб и не извлекол вака добар резултат (2:2). Ремито на „Максимир“ несомнено е најголем европски резултат на тимот од Чаир, а евентуална победа на домашен терен на Арената „Тодор Проески“ во Скопје ќе биде рамна на фудбалска сензација, рамна на онаа што Вардар ја направи против Фенербахче во 2017 година кога тимот влезе во групите на Лигата на Европа.…
