Кошаркарската репрезентација на Македонија за кошаркари до 20 години загуби од Бугарија со резултат 64:69 во битката за седмото место на Европското првенство – Б Дивизија. Првата четвртина помина во рамноправна борба и резултатот беше 21:21, но вториот и третиот период и припаднаа на Бугарија која направи предност. Сепак избраниците на селекторот Никола Василев направија добра серија со која влегоа во неизвесен финиш. Со добра игра во последната четвртина успеаа да намалат на 64:67, но не и да дојдеат до израмнување или победа. Во нашата репрезентација најефикасни беа Марко Миловановиќ со 18 поени и Лука Савичевиќ со 14 поени.
Author: riste
Македонската машката младинска репрезентација го заврши настапот на ЕХФ шампионатот на петтата позиција, откако славеше против Украина со 26-23. Натпреварот почна изедначено и се играше гол за гол, па Македонија направи предност од 9:6, за потоа Украина да се врати во натпреварот и дојде до пресврт и резултат 9:11. Сепак во финишот од првото полувреме нашата селекција одигра подобри и на пауза се замина со предност на македонија од 13:11. Во вториот дел Украина почна добро и дојде до предност 15:13, за Македонија да израмни на 15:15 и 19:19 во 45.минута. Финишот од средбата и припадна на Макеоднија која дојде…
Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти го коментираше настапот на тимот на пријателскиот натпревар со Барселона. „Добар натпревар. Се обидов да користам нови играчи за да се прилагодам на стилот на тимот. Игравме рамноправно. Сакам да играм натпревари со силни противници. Отпрвин делувавме како во втор план, моравме малку да трпиме. Очигледно, кога ќе ги внесете Каземиро, Крос и Модриќ, станува полесно, но јас сакав да ги вклучам младите. Бев задоволен од играта на тимот во одбраната. Составот на Реал Мадрид е голем, имаме многу играчи. Овој состав е подобар од минатата сезона. Го зголемивме интензитетот на тренинзите. Продолжуваме да…
Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта зборуваше за иднината на својот фудбалер Френки де Јонг. „Френки де Јонг е играч на Барселона и многу ни се допаѓа. Добивме неколку понуди за него, но се уште не сме ги прифатиле, бидејќи сакаме да разговараме со него и да дознаеме што точно сака. Треба да разјасниме некои аспекти од неговата ситуација“, изјави Лапорта. Беше објавено дека 25-годишниот играч од средниот ред би можел да се пресели во Манчестер Јунајтед или Челзи.
Напаѓачот на Манчестер Сити, Ерлинг Холанд, призна дека се уште не е во топ форма по деби голот во победата од 1:0 над Баерн (Минхен) во контролниот натпревар одигран синоќа. „Беше одлично да се игра против Баерн и да се види во каква состојба сум пред натпреварот против Ливерпул следната недела. Да бидам искрен, се уште не сум во идеална форма, но тоа ќе се случи. Не сум загрижен за тоа. Се чувствувам добро во целина. Беше убаво што се вратив во игра по шест недели без фудбал. Добро е чувството“, изјави Халанд по мечот со Баварците.
Напаѓачот на Пари Сен Жермен, Нејмар , изрази желба да остане во францускиот клуб. „Сакам да останам во ПСЖ. Никој од клубот не ми кажа ништо за плановите за мојата иднина. Не знам што сака клубот, но сакам да останам“, изјавил Нејмар. Претходно беше објавено дека ПСЖ е подготвен да се раздели со Нејмар, бидејќи Бразилецот не е вклучен во плановите на новиот тренер на тимот, Кристоф Галтиер. Се пишуваше дека Нејмар го понудиле на Манчестер Сити, но „граѓаните“ ја одбиле понудата со образложение дека се задоволни од својата напаѓачка линија. Нејмар му се приклучи на ПСЖ во 2017 година…
Садио Мане ќе ја добие наградата за најдобар африкански играч на сезоната. Според најавата наградата ќе му биде доделена на крилниот напаѓач на Баерн вечерва на церемонија во Мароко. Мане успеа да ги надмине според бројот на гласовите поранешниот соиграч од Ливерпул, Мохамед Салах (Египет), голманот на Челзи Едуард Менди. Мане со својот клуб Ливерпул ги освои ФА Купот и Лига Купот “ стигна и до финалето на Лигата и заврши на второто место во Премиер лигата. Во февруари, Мане и помогна на репрезентацијата на Сенегал да го освои Африканскиот куп на нации.
Португалецот Кристијано Роналдо е подготвен да ја намали платата за 30% за да го напушти Манчестер Јунајтед овој летен преоден рок, објавија неколку медиуми во Англија. Со ваква информација, агентот на Португалецот, Жорже Мендеш им се обраќа на врвните клубови кои се потенцијално заинтересирани за услугите на Португалецот. Познато е дека Кристијано е сериозно заинтересиран за враќање во Шпанија и преселба во Атлетико, но самиот клуб не е подготвен за овој чекор. Во моментов Атлетико нема финансиска можност за трансфер на Португалецот. Да потсетиме дека Роналдо играше за Реал Мадрид од 2009 до 2018 година, по што се пресели во…
Српскиот фудбалски струњак Младен Крстајиќ е новиот селектор на Бугарија. Тоа на официјална прес-конференција по состанокот на Извршниот комитет го соопшти претседателот на БФС Борислав Михаилов. Договорот на Крстајиќ е на 2 години, а во неговиот стручен штаб се помошниците Стефан Јанковиќ, Немања Милинчиќ, Иван Иванов, како и тренерот на голманите Дарко Бојовиќ. „Нашата работа е таква што понекогаш работиме во клуб или репрезентација. Откако направивме добри резултати во Тел Авив, добивме многу понуди. По разговорите со Борислав Михаилов, решивме да ја прифатиме оваа понуда. Бугарија е земја со многу спортски успеси. Има многу талентирани млади луѓе и тоа исто…
Аргентинскиот напаѓач Пауло Дибала се приклучи на Рома со слободен трансфер. Клубот на својата страница на Твитер објави фотографија од Аргентинецот. Клучен фактор за трансферот на фудбалерот бил тренерот на Рома, Португалецот Жозе Мурињо, кој го повикал играчот и разговарал за проектот што клубот го гради. Фудбалерот потпиша договор до јуни 2025 година, кој вклучува ослободителна клаузула, објави новинарот Фабрицио Романо на својот Твитер. Дибала беше на слободен откако не успеа да се договори за продолжување на договорот со Јувентус. Како дел од овој клуб, Аргентинецот настапуваше од 2015 година, на 293 натпревари постигна 115 гола и даде 48 асистенции.…
