Author: riste

Напаѓачот на Пари Сен Жермен, Нејмар е понуден на Манчестер Сити, објавија медиумите во Париз. Според изворот, англискиот клуб ја одбил можноста да започне преговори со ПСЖ и претставниците на Нејмар за потенцијален трансфер. Манчестер Сити не сака да го ангажира Бразилецот, бидејќи е задоволен од својата напаѓачка линија. Беше објавено дека главниот тренер на „граѓаните“ Пеп Гвардиола не сака да го дебалансира тимот со доаѓањето на ѕвезда како Нејмар. Претходно се дозна дека Нејмар не е вклучен во плановите на новиот тренер на ПСЖ, Кристоф Галтиер. Нејмар му се приклучи на ПСЖ во 2017 година со трансфер од Барселона…

Read More

Во Нион се одржа и ждрепката за 3.квалификациска рунда во Лигата на Конференции. Две наши екипи ги дознаа своите можни ривали, се разбира само доколку го поминат второто квалификациско коло. Шкендија доколку ја помине Валмеира (Летонија), тогаш во третата фаза ќе игра со победникот од двомечот меѓу АИК Стокхолм (Шведска) и Ворскла (Украина). Македонија ЃП, ако пак направи изненадување и успеа да ја елиминира ЦСКА Софија, тогаш во 3.квалификациско коло ќе се сретне со подобриот од двомечот меѓу Сент Патрик (Ирска) и Мура (Словенија) Натпреварите од третата рунда предвидено е да се играат на 4 и 11 август.

Read More

Кошаркарската репрезентација на Македонија ќе добие нов селектор, а за тоа информнираше Кошаркарската Федерација на Македонија (КФСМ) која ја извести јавноста дека со Драган Бајиќ спогодбено ја прекинуваат соработката околу негов понатамошен ангажман во нашата најдобра сениорска репрезентација. „Од оправдани причини, односно здравствени проблеми со кои се соочува во изминатиот временски период, Драган Бајиќ повеќе не е во можност максимално посветено да одговори на обврските кои со себе ги носи работењето во сениорскиот национален тим. Земајќи ја предвид потребата машката А селекција да има стратег кој секојдневно ќе биде посветен и во тек со сите збиднувања поврзани со репрезентацијата, како…

Read More

Во случај на елиминација од Динамо Загреб, екипата на Шкупи ќе ги продолжи настапите во Европа , но сега во Лигата на Европа и тоа во третото квалификациско коло. Денешната ждрепка сакаше, Шкупи доколку се најде во ЛЕ, за ривал во третата рунда да го имаат поразениот од двомечот меѓу Лудогорец и Шамрок. Неверојатно е тоа што ждреплката сакаше победниците на овие два двомеча да играат во 3.квалификациско коло во ЛШ, а поразените во 3.квалификациско коло во ЛЕ. Натпреварите од 3.квалификациско коло во Лигата на Европа се закажани за 4 и 11 август.

Read More

Денеска во Нион се одржа ждрепката за 3.квалификациско коло во Лигата на Шампионите. Македонскиот шампион Шкупи го дозна можниот или евентуалниот ривал во оваа фаза, а тоа е подобриот од двомечот од втората квалификациска рунда меѓу Лудогорец (Бугарија) и Шамрок (Република Ирска). За ова да се случи екипата на Шкупи ќе треба да направи големо изненадување против фаворитот Динамо Загреб. 3.квалификациско коло во Лигата на Шампионите Лудогорец/Шамрок – Динамо/ Шкупи. Натпреварите од третата квалификациска рунда се закажани за 2/3 и 9 август.

Read More

Изминатиот викенд во Охрид на Градскиот базен “Атина Бојаџи” се одржа Летно државно првенство во пливање. По завршување на сите натпревари кои беа дел од Летното национално првенство за најуспешни пливачи беа прогласени: Помлади пионериВлатко Цеков – ПК Вардар 2018Неда Миленковска – ПК Младост Постари пионериПетар Цеков – ПК Вардар 2018Сара Анастасовска – ПК Нептун КадетиЈован Јанковски – П.В.К ОрионСофиа Дамјанова – ПК Вардар 2018 МладинциАндреј Стојановски – ПК НептунМиа Блажевска Еминова – П.В.К.Орион СениориАндреј Стојановски – ПК НептунМиа Блажевска Еминова – П.В.К.Орион Ова беше Државно првенство кое беше организирано на највисоко ниво, а од друга страна се покажа потребата…

Read More

Аргентинскиот напаѓач Пауло Дибала ќе потпише договор со Рома. Тоа го пренесува италијанскиот новинар Фабрицио Романо. Се дознава дека Аргентинецот ќе потпише договор до летото 2025 година. Клучен фактор за трансферот на играчот беше тренерот на Рома, Португалецот Жозе Мурињо, кој го повика играчот и зборуваше за проектот што клубот го гради. Сите документи се во подготовка. Дибала веќе еден месец е на слободен трансфер откако не успеа да се договори за продолжување на договорот со Јувентус. Од 2015 година Дибала настапуваше за Јувентус каде на 293 натпревари постигна 115 голови и 48 асистенции. Претходно интерес за играчот имаше од…

Read More

Играчот од средниот ред на Јувентус, Артур Мело би можел да ја продолжи кариерата во Арсенал. Според информацијата која ја објави Тутомеркато, лондончани го обновиле интересот за играчот, а тој е на списокот за засилување на средниот ред на Микел Артета. Изминатата зима Арсенал веќе се обиде да го купи Мело, но трансферот пропадна. Со потписот на Јувентус со Пол Погба, клубот нема да го задржи Артур кој е со висока плата. Минатата сезона поранешниот играч на Барселона одигра само 20 натпревари во Серија А во дресот на Јувентус.

Read More

Голманот на Челзи, Кепа Аризабалага би можел да биде позајмен на италијанскиот Наполи, пишуваат медиумите од Италија. Шпанскиот репрезентативец стана непотребен на „Стемфорд Бриџ“ откако менаџерот Томас Тухел цврсто го постави Едуард Менди како стартен голман. Од доаѓањето на Менди во 2020 година, Аризабалага има само 29 настапи во сите натпреварувања за лондончани. Кепа Аризабалага бара нов тим кој ќе му даде минутажа за играње додека се обидува да се избори за место во репрезентацијата на Шпанија за Светското првенство во Катар оваа година. Наполи од своја страна бара голман со квалитети по заминувањето на Давид Оспина во Ал Насер…

Read More

Десниот бек од Брегот на Слоновата Коска, Серж Орие е блиску до преминување во Атлетико Мадрид, објави „АС“. Според изданието, играчот, кој е со статус на слободен играч, е сериозно заинтересиран за клубот од Мадрид, кој сака да се договори со играчот во овој актуелен преоден рок. Минатата сезона Серж Орие имаше 24 настапи за Виљареал во сите натпреварувања и успеа да постигне две асистенции. Порталот Трансфермаркт ја проценува пазарната вредност на 29-годишниот дефанзивец од Брегот на Слоновата Коска на 10 милиони евра. Серж Орие играше и во француската Лига 1 за Тулуз, кој се врати во првата дивизија на…

Read More