Author: riste

Новиот играч на Барселона Роберт Левандовски се приклучи на својот нов тим, кој моментално е во САД на турнеја. Пред неколку часа, поранешниот напаѓач на Баерн (Минхен) се појави во кампот на тимот во Мајами и го даде своето прво интервју на плажа облечен во спортска опрема на Барселона. „Конечно, тука сум и многу сум среќен“, изјави Полјакот за клупскиот ТВ канал. „Последните неколку дена беа многу долги, но на крајот зделката стана факт и сега можам да се фокусирам на нова фаза од мојот живот. Јас сум човек кој секогаш сака да победува – и не само на натпреварите…

Read More

Дефанзивецот на репрезентацијата на Холандија и Јувентус, Матијас де Лихт денеска ќе лета за Минхен, објави познатиот инсајдер Џанлука Ди Марцио на социјалните мрежи. Според Ди Марцио, играчот денеска ќе ги помине потребните лекарски прегледи, а потоа ќе потпише договор со тимот на Баерн Минхен. Де Лихт е во Јувентус од 2019 година, каде што се пресели од Ајакс. Договорот на играчот со клубот од Торино е до 2024 година. Де Лихт минатата сезона имаше 42 настапи во сите натпреварувања, постигнувајќи 3 гола и 1 асистенција. Де Лихт од 2017 година настапува за холандската репрезентација. За тоа време, тој одигра…

Read More

Полскиот интернационалец Роберт Левандовски ги сподели своите впечатоци за трансферот во Барселона. Каталонскиот клуб го договори трансферот на 33-годишниот напаѓач за 45 милиони евра плус 5 милиони бонуси. „Чави ми кажа дека можеме успешно да работиме заедно и да постигнеме многу. Тој има јасен план да ја врати Барселона на врвот. Дојдов овде да освојувам трофеи. Знам дека наскоро ќе наполнам 34 години. Но, се чувствувам силен и физички и психички“, изјави Полјакот во интервју за Билд.

Read More

Дефанзивецот на Ајакс од Амстердам, Лисандро Мартинез се пресели во Манчестер Јунајтед. Англискиот клуб на официјалната веб-страница објави за договорот за трансфер на 24-годишен фудбалер. Аргентинецот мораше да помине лекарски преглед, да се договори за условите на договорот и да добие виза за работа во Велика Британија. Според Ајакс, договорот за Мартинез ќе го чини Манчестер Јунајтед 67 милиони евра, од кои 57 милиони евра се загарантирани. Мартинез му се приклучи на клубот од Амстердам во летото 2019 година. За време на неговиот престој во Ајакс постигна шест гола и даде шест асистенции на 188 натпревари. Тренер на Манчестер Јунајтед…

Read More

Ријад Марез потпиша нов договор со Манчестер Сити кој ќе го задржи во клубот до летото 2025 година. Тоа значи дека Алжирецот ќе биде играч на „граѓаните“ кога веќе ќе има 34 години, па најдобрите години од својата активна кариера ќе ги има поминато на стадионот „Етихад“. Претходниот договор на Марез истекуваше по 12 месеци. Сити го ангажираше од Лестер пред четири сезони, а досега за овој клуб има одиграно 189 натпревари, постигнувајќи 63 гола и 45 асистенции. „Многу сум среќен што го потпишав овој нов договор. Уживам во секоја минута овде. Задоволство е да се биде дел од овој…

Read More

СЕХА лигата ги потврди термините и саатниците за четвртфиналните средби од тековната сезона. Македонските претставници Вардар и Еурофарм Пелистер на домашен терен ќе ја имаат шансата да изборат место на завршниот турнир во Задар. Вардарци во СЦ „Јане Сандански“ ќе го пречекаат хрватскиот вицешампион Нексе од Нашице од 20:15 часот. Два дена подоцна, на 25 август во салата „Боро Чурлевски“ во Битола, ракометарите на Еурофарм Пелистер ќе играат со белорускиот Мешков Брест за место на Ф4 турнирот, а натпреварот ќе се игра од 20:15 часот. СЕХА лига, 2021/22, четвртфинале: 14 август, 19:45 Веспрем – Татран Прешов17 август, 16:00 Војводина –…

Read More

Манчестер Јунајтед потврди дека Кристијан Ериксен е нов член на клубот и потпиша договор до 2025 година. Данескиот фудбалер се раздели со Брентфорд и одлучи да продолжи во Премиер лигата. Во новата екипа ќе има можност да соработува со Ерик Тен Хаг. „Манчестер Јунајтед е посебен клуб и едвај чекам да започнам. Многупати ја имав привилегијата да играм на „Олд Трафорд“, но да го направам тоа во црвениот дрес на Јунајтед ќе биде неверојатно чувство“, изјави играчот за врска. 30-годишниот фудбалер досега има настапувано за Ајакс, Тотенхем, Интер и Брентфорд.

Read More

Фудбалерот од средниот ред на Баерн, Серж Гнабри и покрај интересот од лондонски Челзи и Реал Мадрид, потпиша нов договор со Баерн Минхен, според кој ќе остане во клубот до летото 2026 година, објави италијанскиот новинар Фабрицио Романо на својот Твитер. Германскиот фудбалер имаше само една година од договорот, а неговата иднина во Баерн беше доведена во прашање. Претходно беше објавено дека раководството на Баерн Минхен би можело да го отстрани 26-годишниот фудбалер од главниот тим доколку Гнабри не сака да го продолжи договорот. Играчот од средниот ред, пак, сакаше да остане во тимот, но беше незадоволен од односот на…

Read More

Еден од стрелците за Манчестер Јунајтед во победата над Мелбурн Виктори со 4-1, Скот Мектоминеј, рече дека тој и неговите соиграчи се прилагодуваат на стилот на работа на новиот менаџер Ерик тен Хаг. „Сè уште учиме и се прилагодуваме на начинот на кој тој сака да правиме се на теренот“, изјави Мектоминеј, кој го постигна првиот гол за Манчестер Јунајтед на пријателскиот натпревар на австралиско тло. „Сите момци се среќни и ние тренираме навистина напорно, а добар настап доаѓа со многу работа, радост е да се игра за Манчестер Јунајтед, а исто така и со новиот менаџер“, додаде 27-годишниот фудбалер.

Read More

Францускиот шампион ПСЖ го информирал Челзи за цената на дефанзивецот Преснел Кимпембе. „Сините“ неодамна започнаа разговори за Французинот. Парижаните му соопштиле на Челзи дека сакаат 50 милиони евра и уште 10 милиони евра во вид на бонуси, објави „Индипендент“. Проценките за вредноста на 26-годишниот играч меѓу клубовите се различни – лондонскиот клуб го проценува играчот за 20 милиони евра поевтино. Од друга страна самиот Кимпембе најмногу би сакал да продолжи да игра во ПСЖ.

Read More