Author: riste

Наполи е во напредни преговори со Фенербахче за дефанзивецот Ким Мин Жае, пренесуваат италијанските медиуми. Се шпекулира дека 25-годишниот фудбалер ќе биде замена за Калиду Кулибали, кој е на прагот на преселба во Челзи. Јужнокорејскиот репрезентативец има ослободителна клаузула од 20 милиони евра, но Наполитанците се обидуваат да го купат за околу 5 милиони помалку. Францускиот Рен исто така е заинтересиран за можноста за доведување на дефанзивецот. Самиот играч повеќе би сакал да се пресели во Наполи, но доколку не се постигне договор, тој е подготвен да се приклучи на францускиот тим. Во таков случај Наполи може да се фокусира…

Read More

Њукасл испрати понуда од 24 милиони фунти за играчот од средниот ред на Реал Мадрид, Марко Асенсио. Репрезентативецот на Шпанија е речиси сигурно дека ќе го напушти кралскиот клуб ова лето, а се шпекулира дека тој е во плановите на Арсенал. Сепак, Њукасл со конкретна акција се обидува да го надмудри Арсенал. Сепак, според весникот „The ​​Sun“, понудата на Њукасл е за шест милиони фунти помалку од цената што Реал Мадрид ја определи за 26-годишниот играч за врска. Актуелниот договор на Асенсио истекува за помалку од 12 месеци, откако одби да го потпише неговиот предложен нов договор. Според други извори,…

Read More

Томас Парти и Бернд Лено нема да патуваат со Арсенал на претсезонската турнеја на тимот во САД, пишува „Тајмс“. 29-годишниот играч од средниот ред заработи повреда на бутот за време на првата контрола на тимот против Нирнберг во петокот и најверојатно ќе биде надвор од составот на Микел Артета најмалку неколку недели. Во исто време, германскиот голман останува во Лондон бидејќи се очекува во наредните денови да го финализира очекуваниот трансфер во Фулам. Арсенал денеска патува во САД за да игра со Евертон на пријателски натпревар во Балтимор во недела, пред да замине за Орландо на натпреварите против Челзи и…

Read More

Осман Дембеле стави потпис на новиот договор со Барселона со кој останува во клубот до 2024 година. Веќе неколку месеци имаше информации за негова преселба во Челзи и Пари Сен Жермен, но на крај офанзивецот одлучи да ја намали платата и да остане во Шпанија. Тој пристигна во каталонскиот гигант пред пет години од Борусија Дортмунд за 140 милиони евра. Честите повреди не му дозволија да го покаже својот талент. Чави Хернандез, сепак, му даде доверба и успеа да го убеди да биде дел од проектот, кој треба да ја врати Барселона на врвот на шпанскиот и европскиот фудбал. Во досегашните…

Read More

Трансферот на Френки де Јонг од Барселона во Манчестер Јунајтед можеби нема да биде реализиран и покрај тоа што двата клуба практично се договорија за договор. Според Фабрицио Романо, агентите на Холанѓанецот, Али Дурсун и Хасан Цетинкаја, ги известиле двата клуба дека нема промена на позицијата на играчот за врска и дека тој нема намера да ги напушти Каталонците, ниту пак ќе прифати намалување на платата. Се вели дека Барселона и Манчестер Јунајтед си подале рака за договор вреден 65 милиони евра плус уште 20 милиони евра бонуси. Сепак, за да се оствари овој трансфер, мора да се договори и…

Read More

Челзи ќе се обиде следната недела да го ангажира дефанзивецот на Манчестер Сити, Нејтан Аке . Лондончани ги продолжуваат разговорите за трансферот на 27-годишниот холандски интернационалец, зделката се проценува на 45 милиони фунти. Претходно, Челзи и Аке се договорија за личен договор, сега клубовите разговараат за цената и формулата за трансфер. Во 2010 година, дефанзивецот се пресели во академијата на Челзи од Феенорд, но не успеа да се наметне во редовите на „сините“. Тој играше како позајмен во Ридинг, Ватфорд и Бурнмаут. Нејтан Аке игра за Манчестер Сити од 2020 година.

Read More

Рафиња денеска ќе одлета за Шпанија за да ја финализира преселбата од соништата во Барселона. Синоќа се дозна дека Лидс ја прифатил понудата на Каталонците за Бразилецот, кој вложи максимални напори да се пресели на „Камп Ноу“ и покрај тоа што Челзи беше многу заинтересиран за него. Шпанскиот клуб за Рафиња ќе плати 58 милиони евра плус бонуси, со кои сумата може да се искачи на 67 милиони. Договорот на крилниот напаѓач ќе биде до јуни 2027 година. Според „Спорт“, Барселона денеска ќе го објави трансферот на Рафиња, а во петок тој официјално ќе биде претставен на „Камп Ноу“. Откако…

Read More

Бразилскиот крилен играч на Реал Мадрид, Родриго веќе го продолжи договорот со клубот до 2028 година, објави „Марка“. Според изданието, договорот содржи клаузула за раскин на договорот од 1 милијарда евра. Овој потег ја потврдува големата доверба на реал Мадрид  во 21-годишниот фудбалер, кој одигра важна улога минатата сезона на патот на тимот до победата во Лигата на шампионите. Да потсетиме дека Родриго, кој влезе како резерва, го постигна најважниот гол за резултат 3:0 во реванш четвртфиналето со Челзи во Мадрид, а потоа на „Сантијаго Бернабеу“ постигна успе еден гол во дополнителните минути на полуфиналето со Манчестер Сити. Севкупно, Бразилецот…

Read More

Федерико Бернардески ќе стане четвртиот Италијанец кој ќе оди во фудбалската МЛС лига ова лето. Тој ја прифати понудата на Торонто и ќе ги следи Лоренцо Инсиње, Џорџо Киелини и Доменико Кришито, кои веќе потпишаа со клубовите од МЛС. Бернардески е слободен играч откако Јувентус не му понуди нов договор. Тој побара од Торонто некое време да размисли и на крајот одлучи да им се придружи на Инсиње и Кришито во канадскиот тим. Таму долго време играше уште еден Италијанец – Себастијан Џовинко. 28-годишниот Бернардески постигна вкупно 12 гола и 24 асистенции на 183 натпревари за Јувентус. Минатата сезона тој…

Read More

Тренерот на Арсенал, Микел Артета, го именуваше 23-годишниот норвешки играч од средниот ред Мартин Одегард за капитен на тимот за следната сезона, објавија медиумите во Англија. Одегард му се приклучи на Арсенал од Реал Мадрид во јануари 2021 година. Прво играше на позајмица за лондонски клуб, а потоа во летото истата година, Арсенал го купи Норвежанецот за 40 милиони евра. Минатата сезона Одегард одигра 40 натпревари за Арсенал во сите натпреварувања, на кои постигна седум гола и даде пет асистенции. Пред Одегард, капитен на Арсенал  беше Александре Лаказет, кој во актуелниот преоден рок од Арсенал се пресели во Лион. Во…

Read More