Навивач го сретнал тренерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, кој во тој момент возел велосипед. Човекот решил да го стигне шпанскиот стручњак, попат викајќи му на тренерот дека сака да се фотографира. Гвардиола застанал, но одбил да биде фотографиран и продолжил да оди во спротивна насока. 51-годишниот Гвардиола го води тимот на Манчестер Сити од 2016 година. Заедно со Пеп, англискиот тим освои 11 трофеи, вклучувајќи го и англискиот шампионски трофеј на крајот од сезоната 2021/2022. Договорот меѓу двете страни истекува за една година. Претходно Гвардиола беше тренер на Баерн Минхен и Барселона.
Author: riste
22-годишниот дефанзивен играч за врска на репрезентацијата на Мали, Шејк Дукуре се пресели од француски Ленс во англискиот Кристал Палас, соопшти прес-службата на лондонскиот клуб. Играчот потпиша договор на пет години. Според Трансфермаркт, двете страните се договориле за вредност на зделката од 21,3 милиони евра. Дукуре минатата сезона одигра 37 натпревари за Ленс, постигнувајќи еден гол и четири асистенции. Дукуре го доби својот прв повик во репрезентацијата на Мали во ноември 2018 година. До денес, играчот од средниот ред има осум натпревари за националниот тим. Да потсетиме, претходно Кристал Палас во текот на овој преоден рок го ангажираше крилото Малколм…
Манчестер Сити е заинтересиран за потписот на дефанзивецот на Јувентус, Матијс де Лихт, кој е во сферата на интерес на Баерн Минхен, Челзи и Ливерпул. Де Лихт (22) му се приклучи на Јувентус во 2019 година од Ајакс за 85,5 милиони евра. До денес, холандскиот дефанзивец постигна седум гола и даде три асистенции на 117 натпревари. Договорот меѓу двете страни истекува по сезоната 2023/2024. Во 2017 година, Де Лихт го направи своето деби за репрезентацијата на Холандија и досега има одиграно 38 средби на кои постигна дв агола и три асистенции. Претходно се дозна дека напаѓачот на Манчестер Сити Рахим…
Милан не упатил понуда до аргентинскиот напаѓач Пауло Дибала, чиј договор со Јувентус истече на крајот на јуни. Ова го објави новинарот Николо Шира на Твитер. Според изворот, италијанскиот шампион не ни размислувал да потпише договор со 28-годишниот фудбалер. Од 2015 година Дибала настапуваше за Јувентус каде на 293 натпревари постигна 115 голови и 48 асистенции. Двете страни не можеа да се договорат за продолжување на соработката, па Пауло Дибала го напушти Торино како слободен играч. Беше објавено дека Интер, Наполи, како и неколку клубови во Англија би можеле да потпишат со Дибала. Претходно се дозна дека Дибала планира да…
Откако вчера го освои Вимблдон, Новак Ѓоковиќ не знае кој ќе биде негов следен турнир и настап. Некои српски медиуми шпекулираат дека тој би можел да ги пропушти сите преостанати турнири до крајот на годината, доколку не му дозволат да игра на УС Опен. „Да бидам искрен, се сомневам дека ќе бркам бодови“, рече Ѓоковиќ на прес-конференцијата по Вимблдон. Сè уште не сум разговарал за распоредот со Горан Иванишевиќ. Останува да чекаме вести од Америка, дали ќе се случи или не, се зависи од тоа. Може да се случи да играм само на Лејвер купот и Дејвис купот бидејќи сакам…
Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ ја оправда фаворитската улога и славеше во финалето против Ник Кирјиос (4:6, 6:3, 6:4, 7:6 ) и ја освои седмата титула на Вимблдон. Првиот носител на овој турнир го загуби првиот сет, но потоа ги доби следните три сета со што дојде до конечна победа. За него ова е 21. Грен слем трофеј во кариерата, па сега е на еден од рекордот на Рафаел Надал. Австралискиот тенисер Ник Кирјос го играше своето прво Грен слем финале. Тоа е најголем успех во неговата кариера. Меѓутоа на првата титула ќе мора да чека нова прилика, со оглед на…
Возачот на Ферари Шарл Леклер е победник на денешната трка за Големата награда на Австрија. Леклер успеа да ја добие битката со Макс Верстапен, кој мораше да се задоволи со пласман на втората позиција. Стратегијата на Ферари му донесе голема победа на „Ред Бул Ринг“, додека возачите на Мерцедес завршија зад победничката двојка, а без настап остана Серхио Перез, кој излета при еден дуел со Џорџ Расел. Почетокот донесе многу возбудувања по што Верстапен ја задржа првата позиција. Меѓутоа Леклер беше побрз од својот конкурент, па успеа да го претекне и да застане на врвот каде што остана до самиот…
Македонската женска тениска репрезентација загуби во клучниот дуел против Португалија и не успеа да се пласира во Група 2 од Били Џин Купот. Во првиот натпревар нашата послабо рангирана тенисерка Магдалена Стоилковска немаше сили за надигрување со Матилда Жорге. Португалката беше поуспешна во тај-брејкот во првиот сет и славеше со 7-4, додека во вториот сет се избори за брејк повеќе и обезбеди водство за својата селекција од 1-0. Во вториот дуел нашата најдобара тенисерка, Лина Ѓорческа ја оправда улогата на фаворит против Франциска Жорге. Ѓорческа за само 59 минути дојде до убедлива победа од 6:1, 6:1 и се избори за…
Новиот договор на Осман Дембеле со Барселона, кој според информациите во Шпанија многу брзо ќе стане факт, засега ќе го запре евентуалниот трансфер на Рафиња на „Камп Ноу“. Французинот ќе потпише на две години откако се согласи да прифати намалување на платата. Допрва треба да се разработат некои детали, како шемата за бонуси што ќе ги приближи Каталонците до барањата на Дембеле. Бидејќи двете страни се приближија многу, во Барселона приоритет ставија за потпишувањето на овој договор. Тоа значи дека преговорите за Рафиња засега ќе бидат прекинати, тврди „Скај Спортс“. Лидс вчера објави дека Рафиња останува надвор од составот за…
Арсенал размислува за шокантна понуда за еден од најважните играчи на Челзи во последните години – Н’Голо Канте. Неуморниот Французин е под договор со својот сегашен клуб уште само 12 месеци и тоа им дава надеж на „топџиите“ кои бараат квалитетен дефанзивен играч за врска. 31-годишниот Канте минатата сезона имаше вкупно 42 настапи во сите натпреварувања, но исто така помина многу минути на клупата бидејќи проблемите со повредата на коленото го спречија да ги покаже своите несомнени квалитети во поголемиот дел од сезоната. Пред извесно време се тврдеше дека за овој Французин е заинтересиран и Манчестер Јунајтед. Претходно денеска, Челзи…
