Author: riste

Челзи ја подготвува првата официјална понуда за напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Кристијано Роналдо. Според англиските медиуми, понудата ќе биде вредна 14 милиони фунти. Медиумите на Островот уште на 25 јуни открија дека новиот сопственик на Челзи, Тод Боли се сретнал со агентот на Португалецот, Жорже Мендеш, за да разговараат за можен трансфер на Роналдо. Кристијано сака да се пресели во друг тим каде ќе може да игра во Лигата на шампионите. Денеска англиските медиуми објавија дека од „Олд Трафорд“ одлучиле да го продадат играчот. Манчестер Јунајтед наводно ќе сака да ги врати парите што ги плати на Јувентус за Роналдо…

Read More

Италијанскиот тим Јувентус е подготвен да му плаќа на сенегалскиот дефанзивец од Наполи Калиду Кулибали 7 милиони евра годишно, објави познатиот инсајдер Николо Шира на социјалната мрежа. Според новинарот, Јувентус веќе испратил официјална понуда до Сенегалецот. Клубот од Торино му нуди на играчот договор до 2025 година. Од тимот очекуваат дека тој ќе може да го замени дефанзивецот на холандската репрезентација Матијс де Лихт, кој има голема веројатност да го напушти клубот. Договорот на Калиду Кулибали со Наполи истекува на крајот од сезоната 2022/23. Претходно италијанските медиуми објавија дека Сенегалецот поради лојалноста кон клубот сака да ја заврши кариерата во…

Read More

Пауло Дибала се уште нема нов клуб, но тоа би можело да се промени многу брзо. Според „Ла Република“, голема е веројатноста аргентинскиот интернационалец да потпише со Атлетико Мадрид. Таква е желбата на Диего Симеоне, кој инсистира на ангажман на својот сонародник во составот на Атлетико Мадрид. Дибала стана слободен играч на крајот од минатата сезона кога му истече договорот со Јувентус. Се очекуваше веднаш да потпише со Интер, но преговорите меѓу двете страни се одолговлекуваа. Во Интер не можат да си ја дозволат платата на Аргентинецот ако прво не продадат барем еден играч. Манчестер Јунајтед е исто така опција…

Read More

Аталанта финализираше два договори за неколку часа. Клубот од Бергамо го испрати Матео Песина на позајмица во Монца и како негова замена го зеде играчот од средниот ред на Салернитана, Едерсон. Тимот од Бергамо за Едерсон ќе плати 14 милиони евра, а сумата може да се зголеми на 21 милион со бонусите вклучени во договорот. Во Салерно замина и дефанзивецот Матео Ловато, кој пролетва играше како позајмен во Каљари. Аталанта најави и разделба со Матео Песина. Италијанскиот репрезентативец оди во дебитантот во Серија А, Монца. Ќе биде позајмен, но со опција за откуп за 15 милиони евра. 50% од оваа…

Read More

Играчот од средниот ред Артуро Видал ќе му се приклучи на Фламенго со слободен трансфер. 35-годишниот Чилеанец ги договорил условите за раскин на договорот со Интер, пренесуваат италијанските медиуми. Висината на обештетувањето на крајот од договорот ќе биде 4 милиони евра. Видал ќе потпише двегодишен договор со Фламенго. Неделава ќе ги мине лекарските прегледи, по што и официјално ќе биде објавено потпишувањето на договорот. Во сезоната 2021/22, Видал постигна 2 гола и направи 4 асистенции на 40 натпревари за Интер.

Read More

Раководството на Милан започна преговори со Оливие Жиру за нов договор. 35-годишниот напаѓач пристигна од Челзи за скромна сума од 1 милион евра, но одлично се вклопи во тимот на Стефано Пиоли и даде придонес за титулата со 11 голови. Двете страни се задоволни од нивната соработка и сакаат таа да продолжи. Се очекува францускиот репрезентативец повторно да потпише до 2025 година. Неговиот актуелен договор истекува следното лето, но газдите на „росонерите“ се подготвени со понуда за продолжување на истиот. Сепак, Милан сака да добие уште еден напаѓач во лицето на Шарл Де Кетелар. Голгетерот на Клуб Бриж е трансфер…

Read More

Сè поневеројатно е дека Дрис Мертенс ќе остане во Наполи. На белгискиот ветеран му истече договорот и нема индикации дека клубот ќе се обиде да го задржи. Претседателот на Наполи Аурелио Де Лаурентис сака да го намали буџетот за плати, а Мертенс е еден со највисоките примања. Претставниците на напаѓачот веќе бараат нов тим. Една од опциите е 35-годишниот фудбалер да потпише со Олимпик Марсеј. Шефот на францускиот клуб Пабло Лонгорија е голем фан на Мертенс, кој сака годишна плата од 2,5 милиони евра. Лацио и Ројал Антверпен се другите клубови кои ги разгледуваат понудите за репрезентативецот на Белгија. Тој…

Read More

Ракометната репрезентација на Македонија е поразена од Србија (28:34) и го не успеа да дојде до бронзениот медал на Медитеранските игри во Оран, Алжир. Нашите репрезентативци имаа солиден настап, кој сепак на крај не беше доволен за победа во битката за третото место на ракометниот турнир. По добриот старт на натпеварот и водство од 3 гола разлика Србија го заврши првиот дел со предност од 13:15. Во второто полувреме Македонија не успеа да фати приклучот и да дојде до резултатско израмнување, напротив Србија ја чуваше предноста која на крајот изнесуваше и 6 гола разлика односно 28:34. Финалето за златно одличје…

Read More

Напаѓачот на Милан, Златан Ибрахимовиќ наскоро ќе го потпише својот нов договор со клубот, пренесува „Скај Спорт Италија“. 40-годишниот играч ќе го продолжи договорот со Милан на уште една сезона откако претходниот договор меѓу двете страни истече минатата недела. Тоа ќе се прави за симболична плата од 1 до 1,5 милиони евра, на која има и бонуси во зависност од бројот на голови и асистенции. Познато е дека Ибрахимовиќ ќе биде надвор од терените барем до крајот на годината по операцијата на коленото. Во меѓувреме, Џанлука Ди Марцио даде ажурирање за ситуацијата со трансфер целите на кои работи Милан. Клубот…

Read More

Утринава, холандскиот репрезентативец Стивен Бергвајн е на медицински прегледи пред реализација на неговиот трансфер од Тотенхем во Ајакс, објави Фабрицио Романо. Двата клуба веќе се договорија за зделката која е вредна 30 милиони евра. Бергвајн го напушта Тотенхем по две и пол сезони поминати со нив и се враќа во својата татковина. Во јануари 2020 година тој беше купен од ПСВ Ајндховен за иста сума од 30 милиони евра. Напаѓачот најнапред беше дел од младинската школа на Ајакс, по што се пресели во ПСВ Ајндховен.

Read More