Фудбалерот на Ливерпул, Дарвин Нуњез , кој играше за Бенфика минатата сезона, ја освои наградата за играч на сезоната 2021/22 во португалската Примеира. „Тој беше најдобар стрелец, беше во идеалниот тим на сезоната и сега е прогласен за МВП на првенството. Оваа награда оди кај Дарвин Нуњез!“ – стои на Твитер профилот на лигата. Нуњез постигна 34 гола и даде четири асистенции на 41 натпревар во сите натпреварувања за португалска екипа Бенфика минатата сезона во 2021/2022 година. Уругвајскиот напаѓач беше во клубот од септември 2020 година. Во октомври 2019 година, Нуњез го направи своето деби за репрезентацијата на Уругвај, постигнувајќи…
Author: riste
29-годишниот француски интернационалец Пол Погба ќе потпише договор на 4 сезони со Јувентус. Ова го пренесува „Скај Спортс“. Се очекува играчот да пристигне во Торино на 9 јули и да ги помине медицинските прегледи пред да го потпише договорот. Погба е добро познат во Јувентус. Тој играше за „бјанконерите“ помеѓу 2012 и 2016 година и забележа 177 настапи. Играчот од средниот ред ќе добива 8 милиони евра по сезона плус уште два милиони во вид на бонуси, тврди новинарот Николо Шира. Според Фабрицио Романо, единствената желба на играчот била да се врати во Јувентус и поради оваа причина практично немало…
Аргентинскиот стручњак Маурисио Покетино и официјално се прости од ПСЖ. ПСЖ вчера официјално ја објави разделбата со тренерот. „Сакам да им посакам на сите во ПСЖ најдоброто во иднината: сопствениците, управата, играчите, целиот персонал и поддржувачите. Насер, сакам да ви кажам благодарам што ми дадовте можност повторно да бидам дел од семејството на ПСЖ. Уживавме во неверојатни моменти и големи победи заедно и нашиот стручен штаб, како и секогаш, ќе учиме од искуството за да продолжиме да се развиваме. Горди сме што станавме шампиони на Франција во клуб кој ми значеше толку многу на мене и на моето семејство кога…
Македонскиот фудбалски шампион Шкупи го совлада првакот на Гибралтар, Линколн со 3:0 (2:0) и дојде до одлична предност пред реваншот. На средбата со новинарите по натпреварот, тренерот на Шкупи Гоце Седлоски беше задоволен, но сепак претпазлив. „Знаев дека против себе имаме добар тим кој минатата сезона играше во групната фаза на Конференциска лига, но јас тоа што го барав од моите фудбалери го исполнија. Честитки за сите мои фудбалери. Сепак, ништо не е готово. Ќе се спремаме за реваншот, иако со овој резултат со една нога сме во следната фаза. Треба максимално да се подготвиме и за реваншот. Ако се браниме 95 минути на ништо не сме направиле.…
Играчот од средниот ред на Олимпик Лион, Лукас Пакета го привлече вниманието на врвните европски клубови. Според „ESPN“, претставници на Пари Сен Жермен, Манчестер Сити, Арсенал и Тотенхем биле во контакт со играчот од средниот ред во последните недели, но не успеале да постигнат напредок во преговорите. Бразилецот е задоволен од својата позиција во тимот и нема да бара да биде продаден. Се очекува тој да продолжи со Олимпик Лион и следната сезона. Лукас Пакета минатата сезона имаше 35 настапи и 15 постигнати гола во дресот на својата екипа.
Шампионот на Италија, Милан го промовираше првото летно засилување, а се работи за Дивок Ориги кој дојде како слободен агент. Напаѓачот од Белгија го заврши договорот со Ливерпул, па се реши за нова авантура во Серија А. Ориги парафираше договор за соработка со Милан до јуни 2026 година. Додека беше на „Енфилд“, Ориги најчесто беше џокер од клупата, а во многу наврати jа искористи минутажата која ја добиваше. https://twitter.com/acmilan/status/1544320450947420161?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1544320450947420161%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.gol.mk%2Ffudbal%2Foficijalno-milan-go-promovira-prvoto-letno-zasiluvanje Во Ливерпул пристигна во 2014 година, запиша 175 настапи на кои даде 41 гол и впиша 18 асистенции. Покрај тоа, Ориги е и репрезентативец на Белгија, за која на 32 настапи има три гола. Белгиецот пред неколку дена…
УЕФА започнува програма за борба против навредите кон фудбалерите на Интернет. Специјалната програма има за цел да спречи навредливо однесување и дискриминација на Интернет за време на различни натпреварувања, вклучувајќи ги и финалните натпревари во младинска, женска и машка конкуренција, во следните три години. УЕФА работи директно со главните платформи за социјални медиуми за да ги отстрани навредливите содржини. Организацијата ќе води и едукативна работа во оваа насока – УЕФА ќе ви каже како да се заштитите од навреди на Интернет, како и ќе прикаже серија документарни филмови за ова прашање. Програмата започнува на Европското првенство за жени кое започнува на…
Кристоф Галтие, кој се очекува да биде промовиран како нов тренер на Пари Сен Жермен, веќе работи на изгледот на тимот за новата сезона. Нема сомневање за неговото назначување. Ница официјално објави дека се разделува со него, а претседателот на клубот дури му посака успех во ПСЖ. Според „Л‘Екип“, Галтие веќе ја посетил тренинг базата на парижаните „Камп де Лож“ и утре ќе биде таму на стартот на подготовките за новата сезона. Се очекува официјално да биде претставен во вторник. Тренерот работи заедно со новиот спортски директор Луис Кампос на изборот на играчи, а во меѓувреме размислува и за тактиката.…
Македонската делегација на Медитерански игри во Оран, Алжир доби лоши вести поврзани со Андреас Трајковски. Нашиот претставник во скок во далечина ќе го пропушти финалето поради покачена температура и позитивен ПЦР-тест. „Многу сум тажен заради настанатата ситуација, затоа што моја најголема цел за оваа сезона беше да освојам медал за Македонија на Медитеранските игри во Оран. Тренинзите се одвиваа според предвидената динамика до вчерашниот ден, бев во одлична форма, но за жал Господ имал други планови за мене. Ќе се вратам уште посилен после ова“ , вели Трајковски. Натпреварувачот во скок во далечина за жал остана без шанса да се бори…
Осман Дембеле би можел да го продолжи договорот со Барселона со намалување на платата за 40%. Според „АС“, Французинот може да се согласи со понудата на неговиот сегашен клуб кој му дава договор на Дембеле до 2024 година со намалување на платата за 40 % и доаѓа на нивото на Ансу Фати. Барселона се сомнева дека Дембеле пред неколку месеци договорил трансфер со ПСЖ и бил подготвен да се пресели во францускиот клуб со слободен трансфер. Сепак, поради одлуката на Килијан Мбапе да остане во Париз, како и поради големите промени во раководството на ПСЖ, ситуацијата се промени. Крилниот напаѓач нема други понуди. Поради ова, Осман Дембеле може да се…
