Португалскиот тим Спортинг Лисабон е заинтересиран за играчот од средниот ред на Барселона, Миралем Пјаниќ, пренесува „АС“. Овој клуб е подготвен да понуди 10 милиони евра за 50 % од правата на 32-годишниот Босански интернационалец, кој Чави не го посакува на „Камп Ноу“. Минатата сезона Пјаниќ играше за Бешикташ како позајмен играч,постигнувајќи 4 асистенции во 26 натпревари за турската екипа.
Author: riste
Напаѓачот на Реал Мадрид и Шпанија, Марко Асенсио, може да ја продолжи кариерата во Њукасл Јунајтед, објави „АС“. Според изворот, раководството на англискиот клуб сака да го направи 26-годишниот важен дел од нивниот долгорочен проект. Актуелниот договор на Марко Асенсио со Реал Мадрид е до летото 2023 година. Претходно беше објавено дека за услугите на напаѓачот се заинтересирани и Манчестер Јунајтед, Ливерпул, Челзи и Милан. Асенсио е играч на Реал Мадрид од 2015 година. Минатата сезона фудбалерот имаше 42 настапи за мадридскиот клуб во сите натпреварувања, постигнувајќи 12 гола и две асистенции. Претходно Асенсио настапуваше за Мајорка и Еспањол. Од…
Атлетико Мадрид ги започна претсезонските тренинзи за новата сезона. Фудбалерите се собраа во Мадрид, но утре заминуваат во Сеговија на двонеделен камп. Првата контрола на екипата ќе биде на 27 јули против Нумансија. Три дена подоцна избраниците на Диего Симеоне во Осло ќе ги одмерат силите со Манчестер Јунајтед, а на 4 август ќе играат со Кадиз. На почетокот на подготовките се собраа 29 играчи, меѓу нив и Алваро Мората и Саул Нигез кои се вратија од позајмица. Се појавија и новите засилувања Аксел Витсел и Самуел Лино. Во оваа фаза нема поголеми промени во составот, единствена посериозна е заминувањето…
Фиорентина го најавија трансферот на напаѓачот на Реал Мадрид со постојан договор. 24-годишниот Србски интернационалец потпиша договор до 2024 година. Во 2019 година, Реал Мадрид му плати на Ајнтрахт Франкфурт 60+5 милиони евра за Лука Јовиќ. 24-годишниот напаѓач минатата сезона постигна 1 гол на 19 натпревари за Реал Мадрид За цело време кога играше во Реал Мадрид има 3 гола на 51 натпревар. Претходно беше објавено дека Јовиќ ќе оди во Фиорентина бесплатно, но Реал Мадрид ќе добие 50% од следната продажба на играчот. Во исто време Реал Мадрид ќе заштеди околу 30 милиони евра на платата на Србинот за 3 години.
Аргентинскиот играч за врска Анхел Ди Марија потпиша договор со Јувентус, соопшти прес-службата на клубот од Торино. Терминот на договорот не е објавен. Но, претходно беше објавено дека 34-годишниот играч ќе потпише едногодишен договор. https://twitter.com/juventusfcen/status/1545475943761854466?cxt=HHwWhICyzdeL0fIqAAAA Анхел Ди Марија е слободен играч од 1 јули, во очекување на истекот на договорот со Пари Сен Жермен тој се договори со Јувентус, а самиот трансфер го иницираше тренерот Масимилијано Алегри. Ди Марија одигра 295 натпревари за ПСЖ, постигнувајќи 93 гола и 119 асистенции. Со клубот пет пати стана шампион на Франција. Претходно играше за Розарио Централ, Бенфика, Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед. Како…
Шпанскиот Атлетико Мадрид го објави потписот на бразилското крило Самуел Лино од Жил Висенте. Атлетико Мадрид за играчот ќе плати 6,5 милиони евра на португалскиот тим. 22-годишниот офанзивен играч минатата година забележа 13 гола и 5 асистенции на 37 натпревари додека неговиот тим заврши на петтото место во лигата. Сè уште не е јасно дали 22-годишниот ќе патува со тимот на Диего Симеоне на предсезонски тренинзи во САД или ќе биде позајмен. Лино игра на позицијата лево крило, а неговиот договор е до летото 2027 година.
Манчестер Јунајтед официјално го објави составот кој ќе патува во Тајланд и Австралија на претсезонската турнеја. Во составот има 31 играч, но во него го нема Кристијано Роналдо. Португалската ѕвезда во понеделникот требаше да се врати на тренинзите заедно со останатите соиграчи кои беа посветени на националните тимови, но поради семејни причини тој досега не се приклучи на тимот. Медиумите продолжуваат да шпекулираат дека Роналдо сака да ги напушти „црвените ѓаволи“ и да се пресели во тим кој се натпреварува во Лигата на шампионите. https://twitter.com/ManUtd/status/1545400152269230081?cxt=HHwWgsC8_YTQrvIqAAAA Меѓу најавените 31 играч, има само едно ново засилување во Тајрел Маласија, кој беше потпишан…
Kапитенот на МЗТ Скопје Дамјан Стојановски е првиот кошаркар кој летово го обнови договорот со клубот, со што продолжи соработката која веќе една деценија постои помеѓу клубот и македонскиот репрезентативец. Стојановски е дел од МЗТ Скопје од 2012 година, период во кој дојде до седум шампионски титули, пет победи во Купот на Македонија и три во Суперкупот. Единствено не беше дел аеродромци само во сезоната 2016/17, кога се опоравуваше од тешката повреда добиена на меч за македонската репрезентација. „Кога двајца се сакаат и почитуваат, договор лесно се постигнува, па така и официјално може да потврдиме дека нашиот Дамјан и десетта сезона ќе го…
Македонскиот млад тенисер Калин Ивановски не успеа да се пласира во полуфиналето на јуниорскиот турнир на Вимблдон. Тој во четвртфиналето со 2:1, по сетови 3:6, 7:6 и 6:4 загуби од Шпанецот, Педро Роденас. Првиот сет Ивановски го отвори на феноменален начин поведувајќи експресно со 4:0, но го доби со 6:3. Во вториот сет се играше тај-грејк кој го доби Роденас со 7:6, а во третиот сет Ивановски лошо започна, Роденас поведе со 3.1 , нo Ивановски израмни на 3:3, но немаше сила и среќа да направи целосен пресврт и го загуби со 4:6 за конечни 1: 2 во сетови.
Денеска во просториите на Ракометната федерација на Македонија беа извлечени групите за новата сезона во Женската лига. За настап во новата сезона се пријавија 16 екипи, кои ќе бидат поделени во две групи и до крајот на годинава ќе одиграат по 14 кола. Потоа екипите се делат на плеј-оф и плеј-аут во пролетниот дел од сезоната, кога ќе се играат по дополнителни осум кола со екипите од другата група. Шампионот Ѓорче Петров се најде во групата Б, заедно со Металург, Стружанка и други екипи, додека вицепрвакот Куманово ќе игра во групата А заедно со Вардар, Чаир, како и новиот тим…
