Author: riste

Дефанзивецот на Наполи, Калиду Кулибали летово ќе го промени клубот и ќе се пресели во англиската Премиер лига. Ова го пренесува инсајдерот Фабрицио Романо преку своите профили на социјалните мрежи. Според Романо, Челзи ја затвора зделката за трансферот на Калиду Кулибали. Личните услови на договорот се веќе договорени: Сенегалецот ќе добие 10 милиони евра, договорот ќе важи до јуни 2027 година. Се очекува во наредните денови клубовите да постигнат договор за трансферната сума. Станува збор за сума од 38 милиони евра. Да потсетиме дека договорот на Кулибали со Наполи истекува на крајот од сезоната 2022/23. Претходно италијанските медиуми објавија дека…

Read More

Европската фудбалска куќа ( УЕФА ) го објави наградниот фонд за натпреварувањата кои се под нејзина организација за сезоната 2022/2023 . Вкупната сума е 3,5 милијарди евра, од кои 465 милиони евра ќе добијат учесниците во Лига Европа, а 235 милиони евра клубовите кои играат во Конференциската лига. Традиционално најголема добивка ќе имаат клубовите учесници во Лигата на шампионите. Вкупната сума е 2,032 милијарди евра. Клубовите кои ќе застанат на чекор пред главната ждрепка и ќе бидат елиминирани во плеј-оф рундата од квалификациите ќе добијат 5 милиони евра. Клубовите кои ќе бидат дел од групната фаза на турнирот ќе добијат…

Read More

Претставниците на Челзи се сретнале со агентот на Калиду Кулибали, објави новинарот Џанлука Ди Марцио. Централниот дефанзивец на Наполи беше желба на лондончани како алтернатива на Матијас де Лихт, кој беше цел број 1 на Томас Тухел за одбраната, но од денес се чини дека неговиот потпис нема да се случи бидејќи Холанѓанецот е повеќе за преселба во Баерн Минхен. Челзи треба да доведе двајца централни бекови кои ќе ги заменат Антонио Рудигер и Андреас Кристенсен. Еден од нив најверојатно ќе биде Нејтан Аке од Манчестер Сити, кој веќе ги договорил личните услови со лондончани. Во напредна фаза се и…

Read More

Австралискиот клуб Мелбурн Виктори на официјалната веб-страница објави потпис на договор со португалскиот напаѓач Луис Нани, кој беше со статус на слободен играч. Договорот со 35-годишниот фудбалер е за една сезона. „Среќен сум што дојдов во Мелбурн Виктори и со нетрпение ги очекувам предизвиците што претстојат. Зборував со главниот тренер и знам дека Мелбурн Виктори е клуб кој сака да успее. Сакам да ја одиграм мојата улога во остварувањето на овие цели како тим. Според она што го видов, навивачите во Мелбурн не само што се најдобри во лигата, туку атмосферата им е како на навивачите во Европа. Со нетрпение…

Read More

Напаѓачот на Баерн Минхен, Роберт Левандовски денеска пристигна на лекарски преглед во пресрет на почетокот на претсезонскиот тренинг како дел од германскиот тим. Сепак, полскиот фудбалер планира да се пресели во Барселона. Ова го објави новинарот Фабрицио Романо на Твитер. Левандовски (33) сака договорот да се затвори што е можно поскоро, вели изворот. Барселона е сигурна во потписот на Роберт Левандовски, но шпанскиот клуб треба да преговара за трансфер со Баерн Минхен. Претходно беше објавено дека Барселона понудила 50 милиони евра за играчот. Левандовски минатата сезона постигна 50 гола и даде седум асистенции на 46 натпревари во сите натпреварувања. Договорот…

Read More

Дефанзивецот Арсенал Габриел би можел да се пресели во Јувентус. Клубот од Торино е во преговори со Баерн Минхен околу трансферот на одбранбениот играч Матијас де Лихт во тимот од Минхен. Јувентус ќе ја прифати понудата која ќе вклучува исплата на 80 милиони евра загарантирана отштета и уште 10 милиони потенцијални бонуси. Доколку продажбата на Де Лихт биде финализирана, „бјанконерите“ ќе се фокусираат на потпишување на нов играч за дефанзивната позиција. Еден од кандидатите е Калиду Кулибали. Наполи му понуди продолжување на договорот, клубот сака да му плаќа на играчот 6 милиони евра по сезона според условите од новиот договор.…

Read More

Колумбискиот голман Давид Оспина потпиша договор со клубот од Саудиска Арабија Ал-Наср, соопшти прес-службата на тимот. Голманот ќе биде дел од оваа екипа во наредните две години според договор. Претходно интерес за 33-годишниот колумбиски голман кому му заврши договорот со клубот покажаа Реал Мадрид и Атлетико Мадрид,. Минатата сезона Оспина имаше 13 суви мрежи во 31 натпревар од шампионатот во Серија А. Имаше и една средба во Купот на Италија и една во Лига Европа. Освен за Наполи, Оспина играше и за колумбискиот Атлетико Национал, Ница и Арсенал. Како дел од италијанскиот тим настапуваше од сезоната 2018/19. Покрај тоа, од…

Read More

Спортскиот директор на Баерн Минхен, Хасан Салихамиџиќ потврди дека преговараат за трансферот на дефанзивецот на Холандија и Јувентус, Матијас де Лихт. „Преговараме, но не можам да ви кажам ништо повеќе. Дали сум оптимист? Секогаш сум оптимист“, изјави Салихамиџиќ за „Фудбал Италија“. Претходно беше објавено дека Матијас уште од детството го поддржувал германскиот клуб и сакал да се пресели во тимот од Минхен во 2019 година, но тогаш Баерн се повлече од преговорите поради преголемата сума за трансфер. Тренерот на германскиот шампион Јулијан Нагелсман лично е заинтересиран за трансферот на младиот дефанзивец и очекува тој да стане предводник на одбраната на…

Read More

Колумбискиот играч за врска Хамес Родригез може да биде ново засилување за италијанската екипа Рома, пишува „АС“. Фудбалерот моментално е дел од катарскиот Ал Рајан, но клубот се обидува да го продаде. Играчот неодамна одби две понуди од Јужна Америка бидејќи сака да игра во Европа. Родригез има 30 години и верува дека се уште може да биде добар во Европа, каде што веќе играше за Порто, Реал Мадрид, Баерн (Минхен) и Евертон. За него Рома е идеална опција, бидејќи повторно ќе работи под водство на португалскиот стручњак Жозе Мурињо, со кого е во добри односи.

Read More

Шпанската Ла Лига или Примера Сантандер, наскоро ќе добие ново име, а тоа ќе се случи од сезоната 2023/24 кога ќе добие ново име. Банката Сантандер нема повеќе да биде прв спонзор на најсилната фудбалска лига во Шпанија. Новото име ќе биде откриено во август, кога ќе биде потпишан спонзорски договор. Во изминатите пет години Примера значително ги подигна приходите од своите спонзори. Пред пет години добиваше 50 милиони, а сега лигата инкасира 155 милиони евра годишно. Двојно беа зголемени и примањата од телевизиските права за екипите. Во 2017 година ТВ правата се продаваа за 825 милиони, а моментално за 1,6 милијарда евра.

Read More