Author: riste

Ливерпул официјално го претстави едно од своите нови засилувања – Фабио Карваљо. Од Ливерпул веќе на 23 мај објавија дека постигнале договор со Фулам за трансфер на 19-годишниот играч од средниот ред. Од први јули стана играч на „црвените“, откако му истече договорот со лондончани. Младинскиот репрезентативец на Португалија ќе игра на „Енфилд“ во дресот со број 28. Караваљо од утре почнува да тренира со тимот на Јирген Клоп. Тој е едно од трите нови засилувања за Ливерпул ова лето, заедно со Дарвин Нуњеш и Калвин Ремзи. „Чувството да се биде во еден од најголемите клубови во светот, ако не…

Read More

Раководството на Барселона е подготвено да се раздели со напаѓачот Мемфис Депај, објави „АС“. Според изворот, Каталонците ќе се согласат да го продадат играчот доколку им бидат понудени околу 25 милиони евра за него. Тренерот на Барселона, Чави Хернандез даде зелено светло за продажба на играчот. Тој смета дека не му е потребен на тимот. Раководството на клубот веќе го известило агентот на Депај за одлуката. Веднаш по ова, претставници на фудбалерот од Холандија почнале да бараат нов клуб за него. Актуелниот договор на Депај со Барселона истекува следното лето. Затоа, за една година може да стане слободен агент. Чави…

Read More

Голманот на Манчестер Јунајтед, Давид де Геа го кажа своето мислење дека навивачите на „црвените ѓаволи“ ќе уживаат во стилот на игра на тимот под водство на новиот тренер Ерик тен Хаг . „Мислам дека сите се среќни поради пристапот во новата сезона и новиот тренер. Тен Хег игра добар фудбал, па навивачите сигурно ќе уживаат во стилот на игра “, изјави Де Геа за „Дејли Меил“. Да потсетиме дека Ерик Тен Хег стана главен тренер на Манчестер Јунајтед на крајот од сезоната 2021/2022. Претходно холандскиот стручњак работеше во Твенте, ПСВ, вториот тим на Баерн, Утрехт и Ајакс.

Read More

Фудбалскиот клуб Вардар објави дека Мухамед Туркмен е избран за нов претседател за фудбалски развој во ФК Вардар на кој што му се доверуваат идните стратегиски планови додека останатата структура во клубот останува непроменета. Мухамед Туркмен е роден во 1986 година во Орду и студиите ги завршува на Факултетот за спортски науки на Универзитетот Мармара со значителен успех. Во својата кариера има настапувано за Фенербахче и Анкарачугу и уште неколку тимови во Турција како и за сите младински категории на Турција. По завршувањето на активната кариера започнува како помошник тренер на Јилмаз Вурал, а подоцна како аналитичар и скаут со…

Read More

Македонија ги доби противниците од својата група на Светското првенство кое ќе се одржи во Полска и Шведска во 2023 година. Нашата ракометна репрезентација уште еднаш ќе биде дел од елитата, а оо денешната ждрепка ги дозна противниците со кои ќе се соочи во групната фаза. Македонија ќе игра во групата Ф, која се игра во градот Краков, а како ривали ги има Норвешка и Холандија од Европа, како и Аргентина од Јужна Америка. ГРУПА А (Краков): Шпанија, Црна Гора, Чиле, Иран;ГРУПА Б (Катовице): , Полска, Саудиска Арабија, Словенија; ГРУПА Ц (Гетеборг): Шведска, Африка 2, Уругвај;ГРУПА Д (Јончепинг): Исланд, Унгарија, Кореја;ГРУПА Е (Катовице): Германија,…

Read More

Јувентус потврди дека напаѓачот Пауло Дибала напушта клубот. Денеска на Аргентинецот му истекува договорот со клубот. Пауло го напушта Јувентус со слободен трансфер. „Тој дојде во Торино како млад, талентиран, перспективен играч, а сега се збогува со Јуве, земајќи го со себе богатството на искуство што го направи шампион каков што е денес. Пауло помина седум години во „црно-бело“, одигра 293 натпревари, постигна 115 гола, даде 45 асистенции и освои 12 трофеи. Сега неговата кариера ќе продолжи надвор од Торино. Овие бројки, ако ги погледнете повнимателно, кажуваат многу за историјата на клубот. На пример, Пауло е деветти најдобар стрелец во…

Read More

Јувентус би можел да го ангажира дефанзивецот на Пари Сен Жермен, Преснел Кимпембе. Според новинарот Џанлука Ди Марцио, 26-годишниот централен дефанзивец ќе го напушти ПСЖ.  Јувентус би можел да го ангажира доколку Матијс де Лихт го напушти клубот. Претходно беше објавено дека Челзи покажува сериозен интерес за 22-годишниот дефанзивец на Јувентус.  Лондонскиот клуб понуди 40 милиони евра за него, како и еден од двајцата играчи од кои може да си изберат: напаѓачот Тимо Вернер или играчот од средниот ред Кристијан Пулишиќ. Минатата сезона францускиот интернационалец забележа 41 настап за ПСЖ во сите натпреварувања и постигна 2 гола.

Read More

Јувентус сака да добие 90 до 100 милиони евра за централниот дефанзивец Матијс де Лихт. Како што пишува италијанскиот новинар Николо Шира на својот Твитер, Манчестер Јунајтед и лондонски Челзи се меѓу главните претенденти за Матијас Де Лихт. Да потсетиме дека на 18 јули 2019 година, Де Лихт се пресели во италијанскиот Јувентус од Ајакс за 75 милиони евра + до 10 милиони евра во форма на различни бонуси. Во дебитантската сезона 2019/2020 стана шампион со Јувентус. Минатата сезона Матијс де Лихт одигра 42 натпревари за Јувентус во сите натпреварувања, постигнувајќи три гола и една асистенција. Порталот Трансфермаркт ја проценува…

Read More

Бразилскиот напаѓач на Евертон, Ричарлисон е блиску до трансфер во Тотенхем, објави „Скај Спортс“. Лондонски Тотенхем очекува да склучи договор во следните 24 часа, а извори блиски до преговорите информираат дека веќе е постигнат начелен договор меѓу клубовите. За возврат, Евертон е под притисок поради фактот што на полноќ во петок, 1 јули, клубот ја завршува финансиската година. Продажбата на Ричарлисон ќе им помогне да се усогласат со правилата за профитабилност и одржливост. Познатиот инсајдер Фабрицио Романо на Твитер додава дека претставниците на Ричарлисон и Тотенхем веќе ги договориле условите од личниот договор на фудбалерот, а сега двете страни ги…

Read More

Олимпик Марсеј постигна договор со лондонски Арсенал за целосен трансфер на францускиот играч за врска Матео Гуендузи во нивните редови, објави познатиот инсајдер Фабрицио Романо. Според Романо, договорот меѓу клубовите бил целосно официјализиран уште во март и веќе се е договорено, а сумата за откуп на играчот ќе биде околу 10 милиони евра. Минатата сезона 23-годишниот француски фудбалер му се приклучи на Марсеј на позајмица за една сезона. Договорот вклучуваше и опција за последователен откуп, што тие ја искористија. Матео им се приклучи на Топџиите во 2018 година, откако претходно играше за Лориент. Потоа играчот помина една сезона на позајмица…

Read More