Author: riste

Играчот за врска на Јувентус, Сами Кедира е опција за ново засилување на ПСЖ. „Скај Германија“ тврди дека 33-годишниот поранешен германски репрезентативец може да ги засили парижаните доколку го раскине договорот со Јувентус. Кедира има договор за уште една сезона, но Андреа Пирло нема намера да смета на него. Раководството на Јувентус прави се што е можно да се раздели со играчот од средниот ред со заедничка согласност. До неодамна, Бјанконерите се надеваа дека ќе го продадат Кедира, иако за скромна сума. Сепак, клубот не доби никакви понуди за поранешниот играч на Штутгарт и Реал Мадрид. Кедира има вкупно 145…

Read More

Единсон Кавани продолжува да биде дел од плановите за трансфер на Атлетико Мадрид. Од Атлетко се обидоа да го земат уругвајскиот напаѓач пред една година, но тогаш ПСЖ побара превисока цена и договорот пропадна. Кавани сега е резервна опција за Атлетико во случај преговорите со Луис Суарез да не завршат успешно. Весникот „Л’Екип“ откри дека синоќа претставниците на шпанскиот клуб се состанале во Париз со луѓе од блискиот круг на Кавани, вклучувајќи го и неговиот брат, кој дејствува како негов агент. Двете страни разговарале за условите за потпишување на двегодишен договор, но сето тоа зависи од исходот на ситуацијата со…

Read More

Шпанскиот фудбалер Алваро Мората синоќа пристигна во Торино и позираше пред присустните новинари и фанови на Јувентус на аеродромот во Торино. Се очекува Мората денес да ги мине медицинските тестови и по што ќе потпише за Јувентус. Шампионот на Италија ќе плати девет милиони за едногодишна позајмица, а следното лето ќе има опција да го купи Мората за 45 милиони. Доколку не се реши на овој чекор, Јувентус има право да го доведе фудбалерот на уште една позајмица. Мората беше дел од Јувентус кога овој клуб беше предводен од Алегри и освои две скудета и играше финале на Лигата на шампионите, каде…

Read More

Вчерашната голеада во Премиер лигата постави рекорд во однос на постигнатите голови во англиската елита за еден ден, во кои не беа одиграни повеќе од четири натпревари. Вчера се одиграа четири натпревари во Премиер лигата, а сите екипи постигнаа барем по еден гол. На првите два натпревари во денот беа постигнати седум погодоци. Евертон го совлада Вест Бромвич Албион со 5:2, а Лидс со 4:3 го победи Фулам. Потоа следуваше изненадувачкиот пораз на Манчестер Јунајтед на „Олд Трафорд“ со 1:3 од Кристал Палас, а доцна вечерта Арсенал победи со 2:1 во лондонското дерби против Вест Хем. Така, на овие четири…

Read More

Моментот за трансфер во Тотенхем е совршено, изјави новиот напаѓач на тимот Герет Бејл, кој се врати назад во Лондон по 7-годишно отсуство. Тој ќе игра за Тотенхем како позајмен играч од Реал Мадрид до крајот на сезоната. „Овој клуб е посебен за мене. Отсекогаш знаев дека ќе се вратам еден ден, а сега тоа е реалност. Јас сум во вистинско време во мојата кариера за овој трансфер и мислам дека совршено ќе одговарам на Тотенхем. Мотивиран сум, сакам да да настапам на ниво и едвај чекам да играм повторно“, изјави Бејл, кој има 56 гола на 203 натпревари за…

Read More

Од екипата на Лестер Сити официјално го објави привлекувањето на Ченгиз Ундер од составот на Рома. Зделката е во форма на едногодишна позајмица со можност за траен трансфер. 23-годишното крило ги мина последните три сезони на „Олимпико“ по неговиот трансфер од Истанбул Башакшехир, одигра 88 натпревари и постигна 17 погодоци за Рома. За репрезентацијата на Турција има одиграно 21 натпревар, а притоа постигнато 6 погодоци.

Read More

По долги преговори, екипите на Барселона и Интер постигнаа договор за цената на играчот за врска Артуро Видал, пренесува „Скај Спорт Италија“. Нероазурите ќе платат само 1 милион евра за играчот со бонуси. Денеска се очекува Видал да пристигне во Милано, а утре да ги мине лекарските прегледи и да потпише двегодишен договор со клубот. Во меѓувреме, дефанзивецот Диего Годин ќе го напушти „Џузепе Меаца“ и  следната недела и ќе му се приклучи на Каљари.

Read More

Играчот за врска на Манчестер Јунајтед, Дони Ван де Бек го коментираше резултатот на натпреварот кој неговиот тим го одигра, но го загуби од Кристал Палас (1:3). Да потсетиме, 23-годишниот холандски фудбалер го постигна единствениот гол за „црвените ѓаволи“ на оваа средба. „Среќен сум што дебитирав за Манчестер Јунајтед, но разочаран од резултатот. Не ја спуштаме главата и се подготвуваме за следниот натпревар“, напиша Дони Ван де Бек на својот профил на Твитер . Ван де Бек потпиша петгодишен договор со Манчестер Јунајтед. Играчот за врска беше дел од Ајакс. Минатата сезона тој учествуваше на 23 натпревари од холандскиот шампионат…

Read More

Екипата на Тотенхем денес ги промовираше своите две нови засилувања, старо-новиот фудбалер Герет Бејл и Серхио Регилон. Велшанецот ќе пристигне на едногодишна позајмица, а засега не е познато дали Тотенхем ќе имаат опција за откуп на договорот. Бејл по цели седум сезони поминати во Реал Мадрид се враќа во колубот во кој блескаше, па сега ќе има шанса да ја „оживее“ кариерата. Промената од тогаш до сега е неговиот број, па наместо 11 која сега ја носи Ламела, Бејл ќе биде новата „9-ка“ на Тотенхем. Освен Бејл, во тимот на Жозе Мурињо пристигнува и Серхио Регилон, исто така од Реал Мадрид,…

Read More

Англискиот шампион Ливерпул за само два дена промовираше и второ ново име во своите редови, станува збор за португалскиот фудбалер Диого Жота. 23-годишното крило доаѓа од редовите на Вулверхемптон. Детали на зделката не се објавени, но медиумите во Англија велат дека „црвените“ овој трансфер ќе ги чини 50 милиони евра, вклучувајќи ги и бонусите. Жота беше во Вулверхемптон од 2017 година и на 111 натпревари постигна 33 гола. Претходно, во кариерата го носеше дресот на Порто, Атлетико Мадрид и Пакош Фереира. Португалецот треба да ја зголеми конкуренцијата во нападот, каде веќе англискиот шампион ги има Салах, Мане, Фирмино и Минамино. Вчера, Јирген…

Read More