Author: riste

Фудбалската репрезентација на Македонија по одиграните четири натпревари во рамките на Лигата на нациите во јунскиот циклус имаше две победи над Гибралтар, реми со Бугарија и тежок пораз од Грузија. По овие резултати на најново објавената ФИФА ранг-листа , Македонија забележа пад од две позиции. Така, од 62-то, каде што се наоѓаше по мартовските дуели, нашата селекција падна на 64. место. Сега нашата репрезентација има 1375.2, откако се загубени 5,87 поени. На сметка на Македонија профитираше Јамајка која забележа подем од две позиции. На врвот нема промени, Бразил остана прв, пред Белгија, додека на третото место се проби Аргентина пред Франција. Во топ…

Read More

Селекторот на нашата машка сениорска репрезентација, Драган Бајиќ, го објавува списокот на кошаркари на кои ќе смета за јунскиот ФИБА „прозорец“ од квалификациите за Светскиот Куп во 2023 година. Со оглед на краткиот временски период до првите квалификациски обврски, односно наредниот натпревар од квалификациите за СК, закажан за 1.јули, кога гостуваме репрезентацијата на Шпанија, селекторот Бајиќ се определи за еден потесен список од 14. кошаркари. Првиот собир на сениорскиот национален тим  е предвиден да биде на 25. јуни, во салата на А1 Арената „Борис Трајковски“ во Скопје, каде „црвено-жолтите“ ќе се подготвуваат до заминувањето за Сарагоса, како и по враќањето…

Read More

Крилниот напаѓач на Барселона, Осман Дембеле има понуди од четири клуба. Според „Марка“, на фудбалерот, кој за една недела ќе стане слободен играч, договор му понудиле Барселона, ПСЖ, Челзи и Баерн Минхен. Французинот се уште не одговорил на понудата на каталонскиот клуб – ситуацијата е во ќорсокак. Фудбалерот би сакал да остане во Барселона, а Чави од моментот кога дојде во клубот врши притисок врз раководството и го убедува да потпише договор со Дембеле. Сепак, Барса нема да ја подобри претходната понуда. За менаџерот на Челзи, Томас Тухел, трансферот на Дембеле е главен приоритет. Сега лондонскиот клуб е во најдобра позиција за преговори. ПСЖ одржува контакт со Дембеле…

Read More

Поранешниот играч за врска на Манчестер Јунајтед, Пол Погба денеска ќе го финализира своето враќање во Јувентус, објави новинарот Џанлука Ди Марцио. Единствениот детал што останува да се разјасни е дали договорот на 29-годишниот Французин ќе биде на три или четири години. Се очекува Погба да ги помине медицинските прегледи помеѓу 5 и 8 јули. Тој се раздели со Манчестер Јунајтед на почетокот на јуни. Минатата сезона Французинот постигна 1 гол и 9 асистенции на 27 натпревари во сите натпреварувања со „црвените ѓаволи“. Англискиот клуб го купи играчот за врска во 2016 година од Јувентус за 105 милиони евра.

Read More

На осум лекари на легендарниот аргентински фудбалер Диего Марадона ќе им се суди во нивната матична земја под обвинение за убиство, според пресудата објавена на 22 јуни по истрагата за неговата смрт во ноември 2020 година поради срцев удар, објави Ројтерс. Во документ од 236 страници, судијата го доведе во прашање однесувањето, активно или неактивно, на секој од обвинетите што придонело за катастрофалниот исход. Во пресудата се истакнува дека осум лица, меѓу кои лекари, медицински сестри и психолог кој се грижел за Марадона, се обвинети за „обично убиство“, сериозно обвинение што значи намерно лишување од живот. Комисијата назначена да ја…

Read More

Во текот на наредните денови, ФИФА официјално ќе објави дека Светското првенство во Катар ќе биде првото во историјата на кое секоја селекција ќе може да донесе по 26 играчи. На овој начин селекторот ќе има поголем избор на играчи на располагање, односно 15 играчи на клупата. Минатата недела Бордот на Меѓународната фудбалска асоцијација (ИФАБ) го одобри правилото за пет замени за време на натпревар на трајна основа. Тој беше воведен за време на пандемијата на коронавирус и беше привремена мерка, но ќе продолжи да се применува. Тренерите сепак ќе можат да заменат пет играчи во три временски слотови (паузи…

Read More

Интер контактирал со агентите на поранешниот напаѓач на Јувентус Пауло Дибала, пренесува „Скај Спортс Италија“. Според истите, сличен потег направиле и скаути на Рома, па сега Аргентинецот избира меѓу двата клуба. Интер се врати во битката за играчот од средниот ред откако постигна договор со Челзи за позајмица на Ромелу Лукаку. Пауло ќе потпише договор со миланскиот клуб до 2026 година. Неговата плата во Интер ќе биде околу 8 милиони евра годишно, вклучувајќи ги и бонусите. Аргентинецот наскоро ќе оди на лекарски преглед. Да потсетиме дека Дибала се пресели во Јувентус од Палермо во летото 2015 година. Неговата кариера во…

Read More

Поранешниот играч за врска на Рома, Хенрих Мхитарјан ги помина лекарските прегледи пред да се пресели во Интер. Ова го објави инсајдерот Николо Шира. Според изворот, зделката треба официјално да биде објавена во блиска иднина. Претходно беше објавено дека играчот, кој е слободен, ќе потпише договор со Интер на две години, според кој ќе заработува 4,5 милиони евра по сезона. Мхитарјан, кој играше за Рома од 2019 година, ја одби понудата на Римјаните за нов договор поради неучеството на тимот во Лигата на шампионите следната сезона. Рома му понуди договор 1+1 со плата од 3 милиони евра годишно. На 44…

Read More

Кристоф Галтие ќе потпише договор со Пари Сен Жермен на 2+1 година, пренесува „Л‘Екип“. 55-годишниот стручњак во француската престолнина доаѓа од Ница, а парижаните ќе мора да му платат отштета на неговиот поранешен клуб за предвремениот раскин на договорот. Според информациите на француските медиуми, Галтие, кој минатата сезона го предводеше Лил до титулата, ќе зема помала плата од актуелниот тренер на ПСЖ, Маурисио Покетино. Аргентинецот од своја страна се уште не се договорил со парижаните за висината на отштетата што треба да ја добие за предвременото раскинување на договорот.

Read More

Баерн на својата официјална веб-страница го објави потписот со напаѓачот Садио Мане од Ливерпул. Договорот на 30-годишниот напаѓач со германскиот клуб е до 30 јуни 2025 година. „Мане е светска ѕвезда. Неговиот потег ја нагласува привлечноста на Баерн и го подигнува реномето на целата Бундес лига. Навивачите доаѓаат на стадионите да видат вакви уникатни играчи. Одлично е што нашиот борд на директори, предводен од Оливер Кан и Хасан Салихамиџиќ, успеа да ангажира играч како Садио Мане“, изјави претседателот на Баерн, Херберт Хајнер. Да потсетиме, Садио Мане играше за австриски Салцбург и Саутемптон, од кои во 2016 година се пресели во…

Read More