Author: riste

Шесткратниот светски шампион во Формула 1, Луис Хамилтон може да биде под истрага на Меѓународната автомобилска федерација (ФИА) за носење маица со натпис „Уапсете ги полицајците кои ја убија Бреона Тејлор“ по ГН на Тоскана минатата недела. Портпаролот на ФИА потврди дека истрагата е „под активна контрола“. На маицата на Хамилтон беше пораката која се однесуваше на Бреона Тејлор, која беше застрелана од американската полиција во нејзиниот дом во Кентаки. Британецот беше доста активен во борбата против расизмот во последните месеци и ги натера другите тимови и возачи во Формула 1 да се приклучат во искажување на поддршка во борбата…

Read More

Ракометарите на Вардар 1961 денеска (12 часот) со чартер лет ќе патуваат за Брест, а раководството на клубот не сака да ризикува во време на пандемија на коронавирус, ниту пак сака дополнително да ги оптоварува своите ракометари затоа што конекциите Белорусија се многу лоши, па решија со чертер лет да го реализираат ова патување. Од оваа причина Вардар максимално ќе го скрати престојот во Брест каде нема да се задржат повеќе од 36 часа. Денешниот ден ќе го искористат за еден тренинг пред дуелот со Мешков во рамките на првото коло во Лигата на шампионите, а по завршување на утрешниот…

Read More

Напаѓачот на Борусија Дортмунд, Марко Ројс беше стрелец на мечот против Дуизбург во натпреварот од првото коло на германскиот Куп (5:0), а тоа го стори само три секунди откако влез ево игра, со што постави рекорд во ова натпреварување според овој показател. Ројс погоди во 57-та минута. Рекордот претходно го држеше францускиот напаѓач во редовите на Хофенхајм, Ентони Модесте, кој постигна гол на домашен натпревар против Ајнтрахт Франкфурт во 2014 година во второто коло од германскиот куп 12 секунди по влегувањето на теренот. Марко Ројс се врати од повреда и погоди за прв пат од февруари 2020 година. Играчот игра…

Read More

Очекуваната зделка помеѓу Барселона и Интер за Артуро Видал ќе биде финализирана наскоро. Во тек се преговори меѓу двата клуба. Тие веќе постигнаа принципиелен договор за условите под кои Чилеанецот ќе стане фудбалер на Интер. Клубот од Милано ќе плати скромна сума од 500 000 евра за правата на играчот од средниот ред, кој има уште една година од договорот со Барселона. Следната сезона Каталонците ќе продолжат да покриваат дел од платата на Видал, а договорот вклучува одредени бонуси. Токму тие ќе ја направат зделката профитабилна за Барселона. Видал мора да пристигне во Милано денес и да ги помине задолжителните…

Read More

Sвездата на Олимпик Лион, Мемфис Депај ќе се пресели во Барселона за неколку дена, тврди „Де Телеграф“. Истиот извор наведува дека сè е договорено меѓу двата клуба и трансферот ќе се финализира до крајот на неделава. Депај веќе ја прифати понудата на Барселона, а неодамна имаше личен разговор со тренерот на каталонците Роналд Куман. Под негово водство напаѓачот се етаблираше како стартер во репрезентацијата на Холандија и е убеден дека истото ќе го стори и на „Камп Ноу“. Барселона ќе му исплати на Лион вкупно 32 милиони евра (25 милиони по потпишувањето на договорот, 5 милиони по крајот на сезоната…

Read More

Челзи го победи Брајтон со 3:1 во нивниот прв натпревар сезонава во Премиер лигата, а менаџерот Френк Лампард ја пофали играта на своите избраници и истакна дека тие работат заедно само неколку дена, а ова е кратко време да се постигне потребната форма и да се запознаат добро играчите. „Мислам дека игравме добро. Ми се допаѓа пристапот на играчите кон она што треба да го сторат. Да не заборавиме дека сите работиме заедно само 4 дена. Не можеме да очекуваме дека сè ќе биде совршено за толку кратко време. Покажавме карактер и одлучност. Минатата година лесно ќе изгубевме поени со…

Read More

И покрај тоа што поголемиот дел од медиумите ја пренесоа информацијата дека публиката се враќа на спортските терени, сепак од Владата на Р. Македонија стигна појаснување: „Спортските настани сè уште се без публика и на отворено и на затворено. Протоколот за јавни настани не ги опфаќа спортските настани“, е појаснувањето од Влада. Соопштението на Владата во целост: „Владата денеска ги разгледа и прифати општите препораки за организирање на настани кои беа предложени од Комисијата за заразни болести при Министерството за здравство и тоа: задолжително носењето на лична заштитна опрема на сите посетители и сите членови на тимовите задолжени за организација,…

Read More

Белгискиот напаѓач Еден Азар ќе го пропушти првиот натпревар на Реал Мадрид од новата сезона во Ла Лига, пренесуваат медиумите во Шпанија. Тој се жали на повреда на зглобот и нема шанси да се опорави до недела, кога тимот гостува кај Реал Сосиедад. Поради овој проблем, Азар не учествуваше на натпреварите на неговата репрезентација од Лигата на нации пред една недела. Сепак, тој го помина целиот период со неговата селекција, што го налути Реал Мадрид. Шпанците сакаа тој да се врати и да биде под нивен лекарски третман, но тоа не се случи. Минатата сезона, која беше прва за Азар…

Read More

Новото засилување во редовите на Реал Сосиедад, Давид Силва го имаше првиот тренинг со тимот. 34-годишниот играч за врска се приклучи на баскискиот клуб ова лето како слободен агент. Тој беше официјално претставен на 31 август, но беше позитивен на коронавирус неколку дена подоцна и беше во карантин две недели. Давид Силва својот прв натпревар за Реал Сосиедад најверојатно ќе го одигра на 20 септември против Реал Мадрид во шпанското првенство.

Read More

Раководството на Севиља го објави своето петто засилување. Се работи за левиот бек Маркос Акуња, кој доаѓа од Спортинг (Лисабон) за 10 милиони евра и уште 2 милиони бонуси. 28-годишниот дефанзивец потпиша договор до 2024 година. Тој е аргентински репрезентативец, со 27 натпревари за својата селекција, како и натпревари од Светското првенство. Со ангажманот на Акуња, Севиља ја пополнува празнината од заминувањето на Серхио Регилон, кој се врати во Реал Мадрид. Ова лето на „Рамон Санчез Писхуан“ пристигнаа и Иван Ракитиќ, Оскар Родригес, Јасин Буну и Сусо.

Read More