Author: riste

Менаџерот на Арсенал, Микел Артета изрази задоволство од одлуката на Пјер-Емерик Обамејанг да потпише нов договор со „топџиите“. „Обамејанг остана поради нашиот неверојатен тим. Мислам дека тоа е доволна причина. Имаме одлични луѓе кои работат тука, и тој ја чувствува љубовта од навивачите“, рече Артета. „Јас го сторив своето, објаснувајќи му што се обидуваме да сториме, му објаснив што градевме. Тоа е тоа“, рече Артета. Запрашан за интересот на Барселона и Интер, тој одговори: „Нашиот клуб не е помал од наведените. Фудбалскиот клуб е најважната работа. Важно е да бидете сигурни дека играчите веруваат во проектот“, заврши менаџерот на Арсенал…

Read More

Швеганецот со македонско потекло Дејан Кулушевски ова лето го направи трансферот од соништата и од Парма се пресели во редовите на актуелниот шампион Јувентус. Кулушевски веќе одигра неколку пријателски средби со новите соиграчи, а денес и официјално беше промовиран како засилување во просториите на клубот. Тој на прес-конференцијата нагласи дека дошол во Торино за да ја освои титулата во Италија. „Натпреварот кој не очекува в недела е многу важен, затоа што е на почеток на новата сезона, јас сум среќен што конечно ќе имам шанса да заиграм за Јувентус. Спремен сум да одговорам на задачата ако добијам шанса од тренерот, со нетрпение го чекам…

Read More

Челзи ќе мора да игра без повредените Хаким Зијеш, Бен Чилвел и Кристијан Пулишиќ во натпреварот против актулениот шампион Ливерпул во недела. Ова го откри на прес-конференцијата пред натпреварот менаџерот на „сините“ Френк Лампард. Пулишиќ сè уште не се опоравил од повредата што ја заработи во финалето на ФА купот на почетокот на август, додека во оваа фаза надвор од комбинација се новајлиите Зијеш и Чилвел. Добрата вест за Лампард е подобрувањето на состојбата на централниот напаѓач Тимо Вернер. Германецот имаше болка во ногата по мечот со Брајтон во понеделникот, но тој го надмина тоа и е подготвен да игра…

Read More

Дефанзивецот на Хамбургер, Тони Лајстнер, кој минатата недела удри навивач на стадионот на крајот од Куп натпреварот против Динамо (Дрезден), беше казнет со дисквалификација за 5 натпревари и парична казна од 8.000 евра, објави денес Германскиот фудбалски сојуз (ГФС). Лајстнер, роден во Дрезден, се искачи по скалите до трибините преку оградата, каде се соочи со гледач што скандираше нешто за време на натпреварот. По размената на зборови, Лајстнер го турнал човекот на земја пред да се сврти и да се врати назад по скалите. Малку подоцна, играчот рече дека овој човек многу пати го навредувал. „Освен што е напад врз…

Read More

Тиаго Алкантара официјално е играч на Ливерпул. Англискиот шампион ја објави веста со видео од играчот во соблекувалната на „Енфилд“. Договорот на 29-годишниот Шпанец е на четири сезони, а според англиските медиуми, Ливерпул ќе плати 20 милиони фунти за него плус 5 милиони во форма на бонуси. Сумата ќе се плаќа на четири рати во период од четири години. Самиот играч ќе стане трет според платата на „Енфилд“ по Вирџил ван Дајк и Мохамед Салах. Ливерпул и Баерн вчера го договорија трансферот, а денес Тиаго пристигна во Ливерпул и го потпиша својот договор. Тој ќе игра со дресот со број…

Read More

Познати се условите за претстојниот трансфер на играчот за врска на Баерн Минхен, Тиаго Алкантара во Ливерпул, како и договорот на играчот со англискиот клуб. Според одредени информации, почетната сума на трансферот ќе биде 20 милиони фунти (скоро 22 милиони евра), кои ќе бидат платени за време на договорот на 29-годишниот Шпанец. Други 5 милиони фунти (5,5 милиони евра) се во вид на бонуси, вклучително и титула во англиската Премиер лига и Лигата на шампионите, како и настапот на Алкантара во европските натпреварувања. Информациите кои доаѓаат од Англијавелат дека Тиаго ќе биде подложен на медицински преглед во Ливерпул денес. Играчот…

Read More

Реал Мадрид и Тотенхем ги договорија условите за трансфер на играчот од средниот ред Герет Бејл на позајмица. На 18 септември, играчот ќе отпатува за Лондон да помине лекарски преглед и да потпише договор со Тотенхем. 31-годишниот Велшанец сезоната 2020/21 ќе ја помине во Тотенхем, објави на Твитер спортскиот новинар Фабрицио Романо . Герет Бејл играше за Тотенхем од 2007 до 2013 година. Играчот одигра 203 натпревари, постигна 56 гола и 58 асистенции. Играчот се пресели во Реал Мадрид во 2013 година од Тотенхем. Трансферот на Велшанецот беше 101 милиони евра. Бејл одигра 251 натпревар за Реал Мадрид, постигна 105…

Read More

ПСЖ даде понуда вредна вкупно 60 милиони евра за дефанзивецот на Наполи, Калиду Кулибали. Според „Тутоспорт“, понудата за трансфер е од 52 милиони плус 8 милиони во бонуси. Италијанското издание тврди дека претседателот на Наполи Аурелио Де Лаурентис чека да види дали нема да добие подобра понуда од Манчестер Сити, кој исто така е заинтересиран за играчот. Доколку тоа не се случи, дефанзивецот се очекува да замине за Париз, а трансферот би можел да се финализира следната недела. Де Лаурентис изјави дека Кулибали би можел да го напушти клубот во сегашниот преоден рок, но само со соодветна понуда. Наполи за…

Read More

Младинскиот репрезентативец на Македонија, Милан Ристовски заработи потешка повреда, поради која ќе мора да паузира најмалку шест месеци, објавија лекарите од неговата екипа. Ова значи дека освен на клупски, тој ќе ги пропушти и одлучувачките натпревари за нашата млада репрезентацијата. 22-годишниот напаѓач на вчерашниот вечерен тренинг на Ријека се здобил со фрактура на десната нога и бил пренесен веднаш во болница, каде му била извршена итна операција. Според првичните инфоримации, повредата е незгодна бидејќи е во делот на зглобот. Како што стојат работите Ристовски поради оваа повреда нема да може да се врати на теренот до крајот на оваа календарска година,…

Read More

Новиот тренер на Барселона, Роналд Куман, кажа неколку зборови во однос на ситуацијата со Луис Суарез откако беше одиграна синоќешната контрола со Џирона, а победија со 3:1. Уругваецот повторно не беше вклучен во составот на екипата, но продолжува да тренира со тимот. „Разговарав со него за неговата иднина и очекуваме да видиме дали тој ќе остане или не. Ако на крајот остане, тој ќе биде дел од тимот“, изјави Роналд Куман. Јасно е дека на „Камп Ноу“ очекуваат Луис Суарез да најде нов клуб, а исто така е важно фудбалерот и Каталонците да се договорат околу финансиите. Доколку Суарез остане…

Read More