Author: riste

Баерн (Минхен) ја одби втората понуда на Барселона за Роберт Левандовски, пренесуваат каталонските медиуми. Понудата беше за 32 милиони евра плус 5 милиони бонуси. Германскиот шампион веќе потврди дека ќе се раздели со Левандовски, но за него сака да добие нето сума од 40 милиони евра. Во меѓувреме, Баерн преговара за замена во нападот и тоа со Садио Мане. Баварците веќе имаат договор со играчот, но не и со Ливерпул, кој исто така сака околу 40 милиони евра за него. Левандовски е на одмор во Мајорка додека чека да се расчисти целата ситуација. Во меѓувреме, во Англија се појавија информации…

Read More

Македонскиот фудбалски шампион Шкупи кој ќе игра во квалификациите за Лигата на шампионите денес го доби можниот противник во второто коло од квалификациите. Македонскиот првак во првото коло ќе се сретне со Линколн Ред Импс од Гибралтар, кој беше еден од посакуваните противници на почетокот од циклусот, но доколку го помине овој противник, ќе следува пресметка со Динамо Загреб. Екипа во која успешна кариера имаше сегашниот предвоник на Шкупи, Гоце Седлоски, а во моментов настапуваат двајца македонски репрезентативци. Аријан Адеми и Стефан Ристовски ќе имаат можност да гостуваат кај Шкупи, ако нашиот претставник успешно си ја заврши работата во првиот…

Read More

Манчестер Сити планира да собере околу 200 милиони фунти од продажбата на своите играчи, објави утринава „Телеграф“. Пеп Гвардиола сака да направи промени и да го освежи својот тим во потрага по повеќе успеси во следните неколку сезони, иако освои четири титули со Граѓаните во последните пет сезони. Како потенцијални играчи кои ќе бидат продадени се споменуваат имињата на Рахим Стирлинг, Габриел Жесус, Александар Зинченко, Нејтан Аке и Илкај Гундоган. Сите овие играчи имаа повеќе или помалку периферна улога во последната сезона, а некои од нив уште имаат и кратки рокови од нивните договори. Манчестер Сити веќе го привлече Ерлинг…

Read More

Барселона се подготвува да упати нова и подобрена понуда до Баерн Минхен за Роберт Левандовски, пренесува германскиот весник „Билд“. Баварците веќе одбија понуда од Каталонците вредна 32 милиони плус дополнителни 5 милиони бонуси. Новиот предлог се очекува да пристигне во канцелариите на германскиот шампион до крајот на оваа недела. Левандовски веќе постигна договор со раководството на Барселона за неговите лични услови и ќе потпише тригодишен договор доколку двата тима се договорат. Германското издание информира и дека Хасан Салихамиџиќ и Левандовски имале неколку телефонски разговори во последните денови и во нив успеале да се договорат да ги прекинат вербалните препукувања во…

Read More

Манчестер Јунајтед е пред разделба со својот напаѓач Антони Марсијал, кој вториот дел од претходната сезона го мина во шпанска Севиља на позајмица. Според „Телеграф“, Манчестер Јунајтед се надева дека ќе се разделат со Марсијал и ќе ги искористат парите за купување на нов напаѓач. Претходно, претседателот на клубот од Андалузија, Хозе Кастро, зборуваше за ситуацијата со целосниот трансфер на 26-годишниот Французин. Според Кастро, шпанскиот тим не е подготвен да го откупи трансферот, бидејќи играчот повеќепати беше повреден во текот на сезоната. Вкупно оваа сезона францускиот фудбалер на 22 натпревари постигна два гола и асистираше. Марсијал е во Манчестер Јунајтед…

Read More

Крилниот напаѓач Марко Асенсио би можел да го напушти Реал Мадрид на лето доколку не го продолжи договорот. Според „Марка“, претставниците на играчот и раководните лица на Реал Мадрид ќе се сретнат наскоро за да започнат преговори за нов договор. Марко Асенсио би сакал да остане во Реал Мадрид, но не е подготвен да го стори тоа по секоја цена – сака договор со зголемување на платата, бидејќи смета дека го заслужил тоа со својот настап минатата сезона. Асенсио сега е на последната третина од листата на најплатени играчи на Реал Мадрид, а тој верува дека тоа не се совпаѓа со неговиот статус…

Read More

Играчот од средниот ред на Барселона, Френки де Јонг проговори за трансфер гласините за негова можна преселба во друг клуб. „Секогаш е убаво кога тимовите покажуваат интерес за тебе, но во моментов сум во најголемиот клуб во светот и се чувствувам добро овде, така што не можам да кажам ништо за ова“, изјави за „Марка“ Френки Де Јонг. Претходно беше објавено дека Барселона ја одбила понудата на Манчестер Јунајтед да го ангажира Де Јонг за 70 милиони евра. Познато е дека Каталонците се подготвени да разгледаат само понуди кои надминуваат 85 милиони евра. Френки де Јонг (25) минатата сезона имаше…

Read More

Колумбискиот голман во редовите на Наполи, Давид Оспина би можел да се пресели во Атлетико Мадрид, објави „Мундо Депортиво“. Колумбиецот е интересен за шпанскиот тим, а сосема е сигурно дека нема да остане во италијанскиот клуб, бидејќи Наполи реши да смета на помладиот голман Алекс Мерет, кому ќе му биде понуден нов договор. Оспина е во Наполи од 2018 година. На 103 натпревари за италијанскиот тим прими 96 гола и имаше 39 чисти мрежи. Претходно Оспина играше и за лондонски Арсенал, француска Ница и колумбиски Атлетико Национал. Заедно со англискиот тим, голманот освои два ФА куп трофеи и еден Суперкуп…

Read More

Реал Мадрид е подготвен да го купи играчот од средниот ред на Борусија Дортмунд, Џад Белингем за 90 милиони евра, објави „Кадена Сер“. Реал Мадрид нема да може да го ангажира оваа година бидејќи веќе ја пополнил квотата за играчи од земји кои не се членки на ЕУ. Сепак, Реал Мадрид сака да го заврши договорот ова лето за играч кој би можел да му се приклучи на тимот пред сезоната 2023/2024. Клубот од Мадрид е подготвен да му понуди на Белингем договор на пет или шест години. Претходно беше објавено дека за услугите на фудбалерот се заинтересирани и Манчестер…

Read More

Аргентинскиот играч за врска Пауло Дибала се согласил на договор со Интер, објавија медиумите во Италија. Според истите, договорот меѓу двете страни ќе биде на четири години, а Аргентинецот ќе добива околу 6 милиони евра годишно, без бонуси. Со бонуси, износот може да се зголеми до 8 милиони евра годишно. Играчот од средниот ред го чека лекарски преглед и договор за потпишување. Дибала наскоро ќе го напушти Јувентус и ќе стане слободен играч. Да потсетиме дека Дибала за Јувентус игра од 2015 година. Во сезоната 2021/2022, 28-годишниот аргентински фудбалер учествуваше на 29 натпревари во италијанскиот шампионат, на кои постигна 10…

Read More