Author: riste

Актуелниот Ф1 шампион Макс Верстапен ја заврши трката за ГН на Азербејџан на првата позиција и со тоа им се врати на победите во Ф1 шампионатот. Ф1 тимот на Ферари, доживеа катастрофа затоа што двата болида се откажаа поради дефекти, најнапред Карлос Сајнц се откажа поради проблеми со кочниците, а потоа слипен проблем имаше и Шарл Леклерк на кој како лидер му откажа моторот. Целата ситуација максимално ја искористи тимот на Ред Бул кој дојде до двојна победа. Првото место му припадна на шампионот Макс Верстапен, зад него беше клупскиот колега Серхио Перез, додека третото и четвртото место им припаднаа…

Read More

Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта изјави дека капитените на каталонскиот клуб се сложиле за намалување на платите. Да потсетиме дека Барселона има четворица капитени: фудбалерите Жерар Пике, Жорди Алба, Серхио Бускетс и Серхи Роберто. „Капитените се однесуваа посебно добро кон Барселона, согласни за намалување на платата. Ние секогаш ќе им бидеме благодарни. Овој гест беше многу важен и никој освен нив не го направи тоа“, изјави за „Марка“ претседателот Лапорта. Барселона успеа да освои 73 поени на 38 натпревари и го зазеде второто место на табелата во Ла Лига на крајот од сезоната 2021/2022.

Read More

Реал Мадрид на својата официјална веб-страница го објави заминувањето на бразилскиот дефанзивец Марсело, кој за тимот настапуваше 15 години. Претходно, 34-годишниот фудбалер изјави дека финалето на Лигата на шампионите во сезоната 2021/2022 со Ливерпул (1:0) му било последно во Кралскиот клуб. Реал Мадрид соопшти дека утре, 13 јуни, ќе се случи официјалниот чин на збогување со Марсело. На настанот ќе присуствува и претседателот на клубот Флорентино Перез. После тоа ќе биде организирана и проштална прес-конференција за Марсело. Марсело е во Реал Мадрид од 2007 година. За тоа време, тој одигра 545 натпревари за клубот во сите натпреварувања, на кои постигна…

Read More

Кристијано Роналдо ќе го пропушти натпреварот на португалската репрезентација против Швајцарија во Лигата на нации. Капитенот Роналдо, Жоао Мутињо и Рафаел Гереиро не отпатувале со тимот на натпреварот во Женева. Португалскиот селектор Фернандо Сантош му даде пауза на напаѓачот на Манчестер Јунајтед. Запрашан за отсуствата, селекторот рече: „Тие немаат физички проблеми, тоа е само нормална ротација. Немаше смисла да се патува со 26 играчи во Швајцарија, бидејќи само 23 можат да бидат во тимот“, додаде Сантош. И без Роналдо, играчот од средниот ред Рубен Невеш не се сомнева дека Португалија има доволно квалитет за победа. „Очигледно Кристијано е најдобриот играч…

Read More

Напаѓачот на Евертон, Ричарлисон би можел да ја продолжи кариерата во Тотенхем, објави „Атлетик“. Според изворот, од Тотенхемм се заинтересирани за трансферот на играчот кој во моментов е на располагање на бразилската репрезентација. Тотенхем се уште нема дадено понуда до Евертон, но очекува во летниот преоден рок да направи договор за засилување на тимот пред новата сезона. Евертон очекува да добие најмалку 60 милиони евра за трансферот на Ричарлисон де Андраде кој минатата сезона учествуваше на 30 натпревари од англиската Премиер лига, постигна 10 гола и даде пет асистенции. Договорот на напаѓачот со клубот е до 30 јуни 2024 година.…

Read More

По поразот на првиот домашен натпревар од оваа сезона во Лигата на нации од селекцијата на Грузија, нашата фудбалска репрезентација вечерва го игра и вториот домашен натпревар во овој јунски дел од Лигата на нации, противник во Скопје ќе ни биде Гибралтар. Пред неколку дена Македонија на гостувањето кај Гибралтар успеа да победи со 2:0 со головите на Барди и Николов, а вечерва треба да ја потврди фаворитската улога и да оствари уште една победа која ќе биде еден вид лечење на раните по поразот од Грузија на домашен терен. На последниот натпревар кој го игравме во Скопје против оваа…

Read More

На стартот на летниот периоден рок во Првата македонска фудбалска лигата дојде и првата трансфер „бомба“. Бесарт Ибраими и официјално е нов фудбалер на Струга Трим Љум. Денес од страна на екипата на Струга беше објавено дека Бесарт Ибраими е нов член на овој клуб. Најдобриот стрелец во историјата на ПМФЛ се враќа во мак-фудбалот и во иднина ќе настапува за оваа екипа. Трансферот на поранешниот македонски репрезентативец го потври и самиот клуб, со интересно видео на социјалните мрежи. Ибраими, кој има богата кариера, почна во 2005 година во Велазерими во родното Кичево, а потоа играше за Напредок, Ренова и Шкендија на домашната сцена, додека во странство настапуваше за Шалке 04,…

Read More

Немања Матиќ на почетокот на следната недела ќе пристигне во Рим на лекарски прегледи во екипата на Рома. Српскиот репрезентативец го напушта Манчестер Јунајтед и ќе потпише со Римјаните како слободен играч. Тој по третпат ќе се соработува со Жозе Мурињо по заедничката соработка во Челзи и Манчестер Јунајтед. Според „Кориере дело спорт“, Матиќ со сопругата и двете ќерки со чартер од Србија ќе пристигне во Рим во понеделник или вторник. Тој ќе потпише едногодишен договор според кој ќе добие 4,2 милиони евра. Договорот ќе има опција за продолжување на уште една година во зависност од одиграните натпревари.

Read More

Лондонски Арсенал во летниот преоден рок планира да ангажира нов играч од средниот ред. Клубот не преговара со Баер Леверкуза за да го продаде Гранит Џака , но тоа не ги менува плановите на Топџиите да ја засилат средната линија. Главна цел на тимот е играчот од средниот ред на Лестер, Јури Тилеманс. Ова го објави новинарот Фабрицио Романо на Твитер. Тилеманс (25) му се приклучи на Лестер Сити во јануари 2019 година од Монако. За овој период белгискиот играч од средниот ред постигна 24 гола и даде 24 асистенции на 158 натпревари во сите натпреварувања. Договорот меѓу Јури и…

Read More

Барселона Б, која е втор тим на истоимената шпанска екипа, од сезоната 2022/2023 ќе се врати во името Барселона Атлетик. Одлуката ја донесе претседателот Жоан Лапорта. Ова го објави прес-службата на клубот на официјалниот сајт. Последен пат постоел втор тим под името Барселона Атлетик во 2008-2010 година. Под новото име, тимот почна да го води Пеп Гвардиола, кој потоа беше префрлен во главниот тим на гигантот од Каталонија. Името Барселона Атлетик настанало во 1970 година и се користело до 1991 година. Тогаш тимот се викаше „Барселона Б“ до 2008 година, а потоа повторно од 2010 година., па се до денес.

Read More