Поранешниот играч на Манчестер Сити, Винсент Компани стана нов тренер на Барнли. Ова го објави официјалниот сајт на англискиот клуб. 36-годишниот тренер го презеде Барнли откако се повлече од функцијата главен тренер на Андерлехт. „Фудбалскиот клуб Барнли е навистина историски англиски тим и чест ми е што сум назначен за тренер на овој клуб. Со нетрпение очекувам да работам со играчите и да создадам позитивен, енергичен тим кој ќе ги воодушеви нашите навивачи. Импресиониран сум од менаџерската визија на клубот, која се усогласува со мојата и со нетрпение очекувам да ја одиграм мојата улога во следната важна сезона“ изјави Винсент…
Author: riste
Манчестер Јунајтед размислува да го ангажира играчот од средниот ред на Брентфорд, Кристијан Ериксен, објави „The Athletic“. Според изворот, сопствениците на Манчестер контактирале со претставниците на Данецот и му понудиле договор на играчот од средниот ред. Интересот произлегува од фактот дека играчот од средниот ред на Барселона, Френки де Јонг може да одбие трансфер во клубот од Манчестер. Ериксен дојде во тимот на Брентфорд во зимскиот преоден рок, потпишувајќи договор до крајот на сезоната со можност за продолжување на уште една година. За новиот тим на 11 натпревари, играчот од средниот ред постигна гол и три асистенции. Моменталната вредност на…
Поранешниот играч за врска на Манчестер Јунајтед, Немања Матиќ премина во Рома со слободен трансфер. Ова беше објавено на официјалната веб-страница на римскиот клуб. 33-годишниот српски играч за врска ќе биде под договор со Рома до летото 2023 година. Немања Матиќ за Рома ќе игра со бројот 21. Српскиот дефанзивен играч за врска го напушти Манчестер Јунајтед на крајот од минатата сезона. За клубот од Манчестер настапува од 2017 година. Немања Матиќ минатата сезона одигра 32 натпревари за Манчестер Јунајтед во сите натпреварувања и успеа да направи четири асистенции. Претходно искусниот српски фудбалер настапуваше за Челзи и Бенфика. Немања Матиќ…
Вниманието на јавноста изминатите месеци беше насочено кон тоа каде Ерлинг Халанд ќе ја продолжи својата фудбалска кариера,а од неодамна стана јасно дека тој ќе игра на „Итихад“. Шампионот на Премиер лигата го потврди потписот на норвешкиот фудбалски интернационалец, а тоа значи дека на сметката на Борусија Дортмунд ќе легнат 75 милиони евра, колку што чинеше откупната клаузула на еден од најдобрите напаѓачи во светот. „Голем ден за мене и моето семејство. Отсекогаш сум го гледал Манчестер Сити, ми се допаѓаше во последните сезони. Не можете да не му се восхитувате на нивниот стил на игра, тимот создава многу шанси, што е совршено…
Лондонски Арсенал понуди 60 милиони евра за напаѓачот на Наполи, Виктор Осимен, но веднаш беше одбиена оваа понува. Италијанскиот клуб планира да заработи околу 100 милиони евра за играчот, објавија медиумите во Италија. Интернет порталот Трансфермаркт го проценува Виктор Осимен на 60 милиони евра. Договорот на фудбалерот со Наполи е до јуни 2025 година. Во сезоната 2021/2022, Нигериецот одигра 32 натпревари за тимот во сите натпреварувања, постигна 18 гола и шест асистенции. Да потсетиме дека претходно медиумите пишуваа за интересот за Осимен од англиски и германски клубови. Конкретно, се работеше за евентуален трансфер на Виктор Осимен во Манчестер Јунајтед, Њукасл…
Фулам, кој избори промоција во Премиер лигата, е во преговори со Арсенал за трансфер на голманот Бернд Лено, тврди „Скај Спортс“. 30-годишниот Германец беше стартер во Арсенал, но откако го ангажираа Арон Рамсдејл, стана втор избор за Микел Артета и имаше само осум натпревари минатата сезона. Американецот Мет Тарнер, кој ќе биде резерва на Рамсдејл, од 1 јули и официјално ќе стане играч на Арсенал. Тоа значи дека лондончани лесно можат да се разделат со Лено, кој има договор со клубот на уште 12 месеци. Марек Родак и Пауло Газанига беа голмани на Фулам минатата сезона. Сега, сепак, Марко Силва…
Пари Сен Жермен сака да го ангажира поранешниот играч од средниот ред на Манчестер Јунајтед, Пол Погба и да го спречи неговиот трансфер во Јувентус, пишува „La Repubblica“. Според изворот, парискиот клуб направил последен обид да го ангажира францускиот фудбалер и му понудил плата од 13,5 милиони евра, како и разни бонуси, што значително ја надминува понудата на Јувентус. Претходно беше објавено дека Погба е блиску до потпишување договор со Јувентус. Францускиот репрезентативец минатата сезона имаше 27 настапи за Манчестер Јунајтед во сите натпреварувања. Тој успеа да постигне еден гол и да направи девет асистенции. Пол Погба претходно играше за…
Бенфика потврди дека е постигнат договор со Ливерпул за продажба на напаѓачот Дарвин Нунес. Англискиот клуб сигурно ќе плати 75 милиони евра, а уште 25 милиони се вклучени во договорот како клаузули. Така, ова веројатно ќе стане најскапото купување н аиграч во историјата на Ливерпул, надминувајќи го она на Вирџил ван Дајк (84,65 милиони евра). Денеска Уругваецот го очекуваат на „Енфилд“ на медицински прегледи, по што ќе го парафира договорот кој ќе биде за следните шест сезони. Од она што беше објавено од страна на Бенфика , јасно се гледа дека договорот ќе биде реализиран и играчот ќе го напушти…
Поранешниот дефанзивец на италијанската репрезентација и Јувентус, Фабио Канаваро преговара со полскиот фудбалски сојуз за назначување на селектор на националниот тим. Во моментов селектор на полската репрезентација е Чеслав Михневич, чиј договор е до крајот на оваа година. Во групата 4 од Лигата на нации на УЕФА, Полска е на третото место со четири бода и три бода зад лидерот Холандија. Да потсетиме дека Канаваро нема искуство како тренер во Европа. Претходно италијанскиот стручњак работеше за Ал-Али, Гуангжу Евергранде, Ал-Наср и Тијанџин Куанџиан. Последната работа на Канаваро беше во кинеската репрезентација, која селекторот ја напушти во 2019 година.
Пари Сен Жермен е подготвен да ја зголеми понудата до Интер за трансфер на дефанзивецот Милан Шкрињар, објави „Фудбал Италија“. Откако Интер ја одби првичната понуда на ПСЖ од 50 милиони евра за дефанзивецот, парискиот клуб е подготвен да ја зголеми таа сума. Италијанскиот тим сака да добие 70-80 милиони евра за својот играч. Изворот вели и дека Шкрињар сака да остане во Интер, но тој е свесен за финансиските потреби на клубот и нема да има ништо против да се пресели во Париз доколку се договорат сите услови од договорот меѓу двата клуба. Шкрињар дојде во Интер во 2017…
