Возачот на Ферари, Шарл Леклерк, ќе тргне од пол позицијата на трката за ГН на Азербејџан која ќе се вози во Баку. Во денешните квалификации Шарл Леклерк имаше време 1.41.395 минути и беше подобар за 0.282 секунди од Серхио Перез од Ред Бул, додека третото место му припадна на актуелниот шампион Макс Верстапен од Ред Бул кој зад Леклерк заостана 0.348 секунди. Четвртото место му припадна на Карлос Сајнц од Ферари, а меѓу најдобрите десет беа Џорџ Расел (Мерцедес), Пјер Гасли (АлфаТаури), Луис Хамилтон (Мерцедес), Јуки Цунода (АлфаТаури), Себастијан Фетел (Астон Мартин) и Фернандо Алонсо (Алпин). Трката за Големата награда на Азербејџан…
Author: riste
Манчестер Јунајтед испратил нова понуда за играчот од средниот ред на Барселона, Френки де Јонг, објави „Марка“. Според изворот, англискиот клуб понудил 60 милиони евра плус 20 милиони евра како бонуси за играчот. Барселона е подготвена да ја разгледа понудата. Исто така е познато дека главниот тренер на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг разговарал со неговиот сонародник. Тој го убедува Де Јонг да се пресели во Манчестер Јунајтед и ветува дека играта ќе се гради околу него. Де Јонг стана играч на Барселона во 2019 година. Играчот од средниот ред минатата сезона имаше 46 настапи во сите натпреварувања, постигнувајќи четири…
ФИФА објави дека стадионите на кои ќе се играат натпреварите на Светското првенство во Северна Америка во 2026 година ќе бидат објавени на 16 јуни. Новиот формат на првенството во 2026 година ќе вклучува 48 екипи, а првенството ќе има 80 натпревари – 60 во САД и 10 во Канада и Мексико. Соопштението на градовите ќе се пренесува во живо од Њујорк. Само три града во Канада – Торонто, Едмонтон и Ванкувер и во Мексико (Мексико Сити, Гвадалахара и Монтереј) се уште се на листата. Во последната фаза во игра се 17 стадиони во САД, од кои ќе бидат избрани…
По првите два натпревари на кои Македонија гостуваше, нашата селекција на доашен терен ќе ги одигра следните два натпревари во овој јунски дел од Лигата на нации. Првиот од нив е мечот против Грузија, овој натпревар воедно ќе биде и битка за првата позиција на табелата. Македонија одигра нерешено во Разград кај Бугарија (1:1), а потоа победи кај Гибралтар (0:2). Грузијците имаат одличен старт и со максимални две победи се лидери, најнапред го победија аутсајдерот Гибралтар (4:0), а потоа во Бугарија демонстрираа моќ и со пет гола ја надиграа Бугарија (2:5) поради што предизвикаа и смена на селекторската позиција во…
Барселона има резервна опција доколку не успее да го привлече напаѓачот на Баерн Минхен Роберт Левандовски ова лето. Не е тајна дека Каталонците сакаат да го донесат Левандовски на „Камп Ноу“, а иста е желбата и на самиот играч. Проблемот е што првите луѓе од „Алијанц Арена“ засега категорично одбиваат да ја пуштат својата ѕвезда. Стоењето во место со преговорите почнува да ги загрижува Шпанците, кои веќе имаат и резервна опција, а тоа е напаѓачот на Виљареал Жерар Морено, тврди „Спорт“. Не е првпат 30-годишниот шпански репрезентативец да се поврзува со интерес од Барса. Од „Камп Ноу“ долго време го…
Манчестер Сити им соопшти на заинтересираните клубови по која цена е подготвен да се раздели со напаѓачот Габриел Жесус. „Граѓаните“ се подготвени да го ослободат Бразилецот доколку добијат понуда вредна 50 милиони евра. Фудбалерот речиси сигурно ќе го напушти „Етихад“ ова лето. Манчестер Сити веќе ангажираше двајца играчи Ерлинг Халанд и Јулијан Алварез, па Хесус ќе има многу помали шанси да игра доколку остане во клубот. На крајот и двете страни решија дека е најдобро да се разделат, па Сити веќе бараат купувач за овој играч. Згора на тоа, неговиот договор истекува за една година, па сега е најдобро време…
Играчот од средниот ред на Белгија и Манчестер Сити, Кевин Де Бруин стана 10-ти стрелец на белгиската репрезентација. Репрезентацијата на Белгија синоќа на домашен терен ја пречека Полска во второто коло од групата 4 од Лигата А во Лигата на нации. Средбата се одигра во Брисел, а заврши со победа на домашната селекција со резултат 6:1. Еден од головите на тимот беше дело на Де Бруин. Овој гол за него беше 24-ти за репрезентацијата на Белгија. Оваа бројка му овозможи да стане 10-ти стрелец во својата репрезентација. Првото место му припаѓа на Ромел Лукаку од Челзи со 68 голови. Белгија…
Францускиот напаѓач од Арсенал, Александре Лаказет денеска и официјално ќе се пресели во Олимпик Лион, соопшти „RMC Sport“. Според изворот, била подготвена цела прес-конференција за објавување на трансферот на играчот, на која ќе биде соопштена оваа вест. Да потсетиме дека 31-годишниот француски фудбалер не го продолжи договорот со англискиот клуб. Лаказет дојде во Арсенал во 2017 година токму од Лион. На 206 натпревари за англискиот тим, францускиот напаѓач постигна 71 гол и даде 36 асистенции. Од 2013 до 2017 година Лаказет беше повикан во француската репрезентација. Лондонски Арсенал заврши на петтото место на табелата во англиската Премиер лига на крајот…
Столе Димитриевски ќе биде повторно на голот на Македонија на натпреварот против Грузија. Додека селекторот размислува кој ќе добие шанса за место во стартниот тим, голманската позиција е сигурна за Столе Димитриевски кој по пауза од еден меч (со Гибралтар) се враќа на голот на нашата селекција, а посакува „чиста мрежа“,на мечот со Грузија.. „Јас сум пресреќен кога играм на домашен терен, чувството е различно кога играш пред својата публика. Би сакал стадионот да биде полн и да добиеме најголема поддршка досега, затоа што со поддршката од публиката и со нашиот квалитет ќе славиме со Грузија. Се подготвувам за секој…
Фудбалската репрезентација на Македонија е максимално фокусирана за следниот натпревар од Лигата на нации. Првиот домашен меч во новата сезона од Лигата на нациите нашиот национален тим го игра против Грузија, а селекторот Благоја Милевски на прес-конференцијата говореше за дуелот кој не очекува. „Грузија има одлични индивидуалци, тоа го покажаа на мечот со Бугарија, но секој натпревар е приказна за себе и ќе видиме што ќе биде на дуелот кој ни следи. Претходниот меч кој го игравме со Грузија за мене нема никаква конекција и не би се навраќал со тоа. Околу тимот на противникот и како тим и индивидуално…
