Реал Мадрид е подготвен ова лето да фа ги разгледа сите понуди кои ќе пристигнат за шест играчи од сегашниот состав, тврди „Марка“. Тоа се играчи кои немаат статус на стартери и клубот може да си дозволи да остане без нив. Сите имаат договори со Реал Мадрид, но четворица од нив имаат договори за само една година, што е уште една причина да ги продадат сега за да не си заминат како слободни играчи следното лето. Станува збор за Дани Себаљос, Марко Алонсо, Лука Јовиќ, Маријано Дијаз, Хесус Ваљехо и Андриј Лунин. Раководството на Реал Мадрид ќе ги пушти на…
Author: riste
По поразот на домашен терен од Грузијза, падна првата селекторска „жртва“ во новото издание на Лигата на нации. Нашиот прв противник во Лига Ц, репрезентацијата на Бугарија беше убедливо поразена од Грузија со 2:5 и веднаш остана без селектор. Јасен Петров веднаш по натпреварот си поднесе неотповиклива оставка, а ја соопшти на официјалната прес-конференција по натпреварот во Разград. „Благодарност до навивачите и големо извинување, бидејќи не го заслужија ова понижување. Немам морално право да останам и ја преземам целата одговорност за овој срам. Ќе дојде друг тренер, кој подобро ќе ги мотивира репрезентативците за следните натпревари“, рече Петров. Бугарија сега ја очекува гостување кај Гибралтар,…
Фабио Квартараро е победник на трката за Големата награда на Каталонија која се одржа денес. Франузинот со својата Јамаха беше убедлив, уште од стартот беше практично јасно дека ќе дојде до триумф бидејќи Франческо Бањаја испадна од конкуренција. Такаки Накагами го исфрли Италијанецот уште на стартот откако излета со мотоциклот, па Квартараро немаше вистинска конкуренција до крајот на трката. Второто место во Шпанија му припадна на Хорхе Мартин, додека на подиумот имаше место уште за Жоан Зарко. Оваа трка ја одбележе Алеш Еспаргаро и неговата глупост во финишот од трката кога на круг пред крајот почна да го слави својот…
Новиот тренер на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хег имал средба со играчот од средниот ред на англискиот клуб Дони ван де Бек. Холандскиот стручњак го уверил играчот дека смета на него следната сезона. Ова го објави новинарот Фабрицио Романо на својот Твитер профил. Во зимскиот преоден рок минатата сезона, играчот од средниот ред се пресели на позајмица во Евертон. Холанѓанецот не сакаше да се врати во Манчестер Јунајтед доколку не дојде до промени во стручниот штаб. Минатата сезона Дони ван де Бек имаше 7 настапи за Евертон во англиската Премиер лига и постигна еден гол. 25-годишниот играч од средниот ред…
Раководството на Милан и дефанзивецот на „росонерите“ Фикајо Томори се во напредни преговори за продолжување на договорот на централниот дефанзивец. Актуелниот договор на Англичанецот истекува во 2025 година, но новиот шампион на Италија е задоволен од настапите на фудбалерот и ќе ја зголеми годишната плата на 3,5 милиони евра, изјави италијанскиот новинар Николо Скира. Томори пристигна на „Сан Сиро“ во јануари 2021 година со трансфер од Челзи, првично на позајмица, а потоа и постојан договор. Во текот на шампионската сезона за „росонерите“ 2021/22 Томори одигра 40 натпревари во сите натпреварувања. 24-годишниот дефанзивец постигна и еден гол во Лигата на шампионите.
Агентот на Пауло Дибала следната недела ќе одржи уште еден состанок со претставниците на Интер околу евентуалниот трансфер на напаѓачот во екс-шампионот, пренесува „Газета дело Спорт“. И додека двете страни се чини дека се договорија за условите на договорот, Алексис Санчез останува проблем за клубот. Тој мора прво да го напушти Интер пред да биде ангажиран Пауло Дибала и покрај слободниот трансфер на Аргентинецот. Сето тоа се должи на немањето средства за покривање на платата на актуелниот играч на Јувентус. Нерадузите бараат нов тим за Чилеанецот кој го бараат Севиља и Галатасарај. Неговата плата е 7,5 милиони, додека Дибала ќе…
Според весникот „Марка“, мадридскиот клуб нема интерес за крилниот напаѓач на Баерн Минхен, Серж Гнабри и покрај тоа што неговиот договор со клубот од Минхен истекува следното лето. Раководството на Реал Мадрид смета дека десното крило од нападот го затвораат Родриго и Марко Асенсио. Бразилецот, кој поради присуството на Винисиус Жуниор не може да игра на левото крило, се преквалификува и се прилагодува на играњето десно. Под овие услови Реал Мадрид не покажа интерес за Гнабри. Минатата сезона Германецот на 45 натпревари во сите натпреварувања постигна 17 голови и имаше 7 асистенции.
Играчот од средниот ред на Манчестер Сити, Џек Грилиш го сподели своето мислење за напаѓачот Ерлинг Халанд, кој од новата сезона ќе настапува за „граѓаните“. „Манчестер Сити потпиша договор со веројатно најдобриот напаѓач во светот. Сигурен сум дека Халанда ќе придонесе многу за нашиот тим. Со нетрпение ја очекуваме претстојната сезона. Мислам дека Халанд и јас ќе најдеме контакт на теренот. Сигурен сум дека ќе има големо разбирање со Де Бруин, Фоуден и Стерлинг. Со нетрпение очекувам да играм со него. Тој дефинитивно е еден од најдобрите двајца играчи во светот на неговата позиција. Со нетрпение ја очекуваме следната сезона“,…
Буџетот за летниот трансфер период на Реал Мадрид ќе надмине 400 милиони евра, пренесуваат медиумите во Шпанија. Според истите, мадридскиот клуб ќе ги постигне овие бројки поради приходите од освојувањето на Лигата на шампионите, како и поради заминувањето на Герет Бејл, Иско и Марсело, кои земаа големи плати. Исто така, се најавува дека вкупниот приход на Реал Мадрид за сезоната во Лигата на шампионите бил 160 милиони евра. Се истакнува дека Реал Мадрид очекува и разделба со Хесус Ваљехо, Марко Асенсио, Даниел Себаљос, Лука Јовиќ или Маријано Дијаз, што исто така позитивно ќе се одрази на платниот список на клубот…
По натпреварот против Бугарија на гостински терен во рамките на првото коло од Лигата на нации, Македонија денес ја очекува уште еден гостински натпревар. Нашиот национален тим гостува кај аутсајдерот во групата, селекцијата на Гибралтар, кај која сѐ освен освојување на три бода, ќе биде неуспех. Македонија го респектира противникот, но селекцијата на Гибралтар не треба да биде противник од кој треба да стравуваме. Селекторот Благоја Милевски и неговите избраници се свесни за тоа и ќе одат на победа на гостувањето каде досега минуваа лесно низ историјата. Токму Гибралтар беше „виновникот“ за патот на Македонија кон историското Европско првенство во 2020 година како првопласирана во…
