Дефанзивецот Леонардо Бонучи и напаѓачот Андреа Белоти ја напуштија италијанската репрезентација, објави „Скај Спорт Италија“. Според истата информација, селекторот на Италија Роберто Манчини го продолжува процесот на реструктуирање и подмладување на тимот, па решил да ги пушти Белоти и Бонучи. Ден претходно, репрезентацијата на Италија одигра натпревар од 2. коло од групната фаза на Лигата на нации на УЕФА со Унгарија и победи со резултат 2:1. Во јуни, избраниците на Манчини ќе одиграат уште два натпревари во Лигата на нации на УЕФА. Италија ќе се соочи со Англија (11 јуни) и Германија (14 јуни). Претходно, репрезентацијата на Италија не го…
Author: riste
Следен противник на Македонија во Лигата на нациите е селекцијата на Грузија. Грузијците се веќе во Скопје, ја одржаа прес-конференцијата и го одработија официјалниот тренинг, а пред новинарите говореше, селекторот Вили Сањол. „За нас, најважно е да не мислиме што се случи во минатото, туку да размислуваме во сегашноста и за актуелното натпреварување. Посакувам да го задршиме истото ниво на игра од претходните натпревари и ако го имаме тој тимски дух и интензитет, сигурен сум дека може да си заминеме за Тбилиси со добри сеќавања од мечот со Македонија. Уште стојам на ставот дека Македонија е фаворит во групата. Ако…
Европската куќа на фудбалот (УЕФА) на својата официјална веб-страница го објави прелиминарниот календар на Лигата на шампионите за сезоната 2022/2023. Новата сезона на турнирот започнува на 21 јуни, финалето ќе се одржи на 10 јуни 2023 година. Прво, ќе има прелиминарна рунда која ќе започне на 21 јуни. Натпреварите од првото и второто квалификациско коло, како и квалификацискиот плеј-оф ќе се играат од 5 јули до 24 август. Групната фаза ќе трае од 6 септември до 2 ноември. Завршувањето на групната фаза на почетокот на ноември се должи на одржувањето на Светското првенство во Катар на крајот на годината (од…
Ракометната федерација на Македонија (РФМ) ги извлече групите во Суперлигата за претстојната сезона 2022/23 која ќе биде во нов изглед, со две групи и повеќе учесници. Сезоната ќе се игра во две групи – А и Б, во кои ќе има по осум екипи. Актуелниот првак Вардар се најде во групата А, додека Еурофарм Пелистер ја доби групата Б. Нови учесници во елитното друштво се Алкалоид, Вардар Неготино и Куманово кои ќе бидат во група со Вардар, како и Голден Арт и Јуниор Кисела Вода кои ќе бидат во група со Еурофарм Пелистер. ГРУПА А: Вардар, Бутел, Охрид, Прилеп, Струга,…
Напаѓачот на Лидс Јунајтед Рафиња одбил евентуална преселба во Ливерпул за да ја продолжи кариерата во Барселона. Тоа го пренесува шпанскиот Спорт. Претставниците на 25-годишниот фудбалер ќе се сретнат со директорот на Барселона, Матеу Алемани оваа недела за да разговараат за договор, изјави изворот. Рафиња наводно одбил и други тимови покрај Ливерпул бидејќи сака да игра за Барселона. Рафиња минатата сезона имаше 36 настапи за Лидс во сите натпреварувања, постигнувајќи 11 голови и три асистенции. Порталот Трансфермаркт ја проценува пазарната вредност на бразилскиот напаѓач на 45 милиони евра.
Напаѓачот на Манчестер Сити, Габриел Жесус e интересен за неколку клубови од Премиер лигата. Лондонските екипи Челзи, Арсенал и Тотенхем се заинтересирани за услугите на 25-годишниот Бразилец, информира „АС“. Според изворот, Челзи веќе го известил Жесус за нивната намера да испратат официјално барање до Манчестер Сити за него. Процесот се одложува поради продажбата на клубот, кој Арсенал и Тотенхем сакаат да го искористат за да го добијат Габриел Жесус пред Челзи. Исто така, се истакнува дека Реал Мадрид, кој исто така беше заинтересиран за Жесус, нема намера да го ангажира Бразилецот поради пополнетата квота за играчи кои не се членки…
Македонската, но и светската ракометна легенда Кирил Лазаров по повеќе од две децении професионален ракомет, безброј постигнати голови и освоени трофеи, денес објави дека завршува со активно играње. На истек на договорот со Нант, Кирил Лазаров ќе одигра уште два натпревари и ќе се бори за еден трофеј. Тој со писмо се прости од своите фанови, а во продолжение ви го пренесуваме во целост. „Почитувани, Моето долго и прекрасно патување дојде до самиот крај. Одлуката беше тешка да се донесе, но сепак очекувана. Тешка затоа што го работев тоа што го сакам, од срце, со многу страст и ентузијазам. На…
Напаѓачот на Атлетико Мадрид, Алваро Мората би можел да се врати во Премиер лигата. Шпанскиот фудбалер кој претходно настапуваше за Челзи е интересен за Њукасл, објави „Калчомеркато“. Сезоната 2021/2022, 29-годишниот Мората ја мина на позајмица во Јувентус, во која учествуваше на 48 натпревари, на кои постигна 12 гола и даде девет асистенции. Италијанскиот клуб одлучи да не ја искористи опцијата за купување на напаѓачот за 35 милиони евра. Договорот меѓу Мората и Атлетико истекува на крајот од сезоната 2022/2023. Од јули 2017 до јануари 2019 година, Алваро Мората играше во Премиер лигата за лондонски Челзи.
Италијанскиот стручњак Џенаро Гатузо стана нов тренер на Валенсија. Договорот со тренерот беше потпишан на две години, според кој Џенаро Гатузо ќе добива 3 милиони евра годишно. Ова го објави новинарот Фабрицио Романо на Твитер. Последниот клуб на Гатузо беше Фиорентина, која ја презеде на крајот на мај 2021 година, но го напушти тимот во средината на јуни поради несогласувања со раководството. Гатузо претходно работеше во Палермо, Сион, Пиза, Милан и Наполи. Оваа сезона екипата на Валенсија стигна до финалето на Купот на Шпанија, а исто така освои 48 поени на 38 натпревари и го зазеде деветтото место на табелата…
Фудбалерот од средниот ред на Ливерпул, Џејмс Милнер е подготвен да ја намали платата за да остане во клубот, објавија медиумите во Англија. Според изворот, новиот договор ќе трае уште една година. Девете страни веќе ги започнале преговорите. Претходно, Милнер го доби Орденот на британската империја за заслуги во фудбалот и добротворни цели, соопшти прес-службата на Ливерпул. Награден е за долга професионална кариера и за основање на добротворна фондација за промовирање здрава рекреација за младите во Обединетото Кралство. Милнер дојде во Ливерпул во 2015 година со слободен трансфер. Тој оваа сезона настапи на 35 натпревари во сите натпреварувања, со три…
