Author: riste

Македонските фудбалски репрезентативци по еден ден одмор и можност за прилагодување по долгиот лет од Варна до Малага и сместувањето во Гибралтар денес го одржаа и официјалниот тренинг. Фудбалерите имаа можност да го почувствуваат теренот на „Викторија стадиум“, каде голем дел од овој тим играше и победи со 0:2, на мечот пред четири години. Селекторот Благоја Милевски како и секогаш сериозно му пристапува и на овој натпревар и покрај евидентната разлика во квалитет која е во наша полза. „Имаме одреден број на фудбалери со проблеми, но без разлика на тоа секогаш ќе излезат најспремните во моментов. Пристапот ќе ни биде сериозен и нема…

Read More

Ерменскиот играч за врска Хенрих Мхитарјан се согласи да се пресели во Интер и следната недела ќе ги помине медицинските прегледи пред да се пресели во миланскиот клуб, објави „Газета дело Спорт“. 33-годишниот играч како слободен агент ќе потпише двегодишен договор со Интер каде ќе заработува 4,5 милиони евра по сезона, објави истиот извор. Претходно беше објавено дека Мхитарјан, кој настапува за Рома од 2019 година, ја одбил понудата на Римјаните за нов договор поради неучеството на тимот во Лигата на шампионите во следната сезоната. Рома му понуди договор 1+1 со плата од 3 милиони евра годишно. На 44 натпревари…

Read More

Сосема е јасно дека селекторот Благоја Милевски ќе направи одредени промени во составот на нашата репрезентација за натпреварот со Гибралтар, а со тоа повеќе фудбалери ќе добијат поголема минутажа. На средбата со новинарите гзборуваше Елиф Елмас, кој ќе биде еден од поискусните во составот на нашата репрезентација и покрај својата младост. „Доста време мина откако играв во Гибралтар, тешко дојдовме до победата. Домаќинот играше затворено и ни создаде проблеми. На секој натпревар мора да играме максимално, дојдовме да одиграме максимално и да освоиме три бода. Ни фалеше реализацијата во Бугарија, промашивме многу шанси. Сега ни следат три натпревари на кои реализацијата треба да биде…

Read More

Јувентус е блиску до комплетирање на трансферот на Филип Костиќ од Ајнтрахт Франкфурт, пренесува „Билд“. Преговорите меѓу двата клуба траат подолго време, а клубот од Торино му даде 15 милиони евра на српскиот крилен напаѓач, додека Ајнтрахт притиска за 20 милиони. Самиот Костиќ изрази желба да игра во италијанската Серија А. Филип Костиќ е прогласен за најдобар играч во Лига Европа, кој го освои неговиот клуб Ајнтрахт. Кариерата на 29-годишниот фудбалер започна во Раднички Крагуевац, а потоа се пресели во Гронинген во Холандија и германски Штутгарт и Хамбургер пред да заигра за Ајнтрахт.

Read More

Англиската асоцијација на професионални фудбалери (ПФА) на социјалната мрежа „Твитер“ ги објави имињата на сите претенденти за наградата најдобар играч на сезоната која заврши во шампионатот на Англија. Меѓу претендентите беа тројца претставници на Ливерпул – Вирџил ван Дајк , Мохамед Салах и Садио Мане. Меѓу другите номинирани за наградата се и белгискиот играч од средниот ред на Манчестер Сити, Кевин де Бруин и напаѓачите Кристијано Роналдо (Манчестер Јунајтед) како и Хари Кејн (Тотенхем). Добитникот на наградата ќе биде објавен следниот четврток, 9-ти јуни. https://twitter.com/PFA/status/1532029211703013377?cxt=HHwWgsCj0e6c7sIqAAAA Да напоменеме дека последните две сезони Кевин де Бруин стана победник во оваа номинација, а…

Read More

Фудбалската репрезентација на Македонија стартува новиот циклус во Лигата на нациите, а нашите репрезентативци сакаат да направат уште еден голем успех и да се пласираат на ЕП 2024. Прв предизвик за селекцијата ќе биде Бугарија со која играме вечерва од 18:00 часот, дуел во кој Македонија влегува со голема самодоверба. Зад Македонија е период од нешто повеќе од 1 година во која се случија многу убави работи за репрезентацијата и фудбалот во нашата земја. Победата над Германија, настапот на ЕП 2020, обезбеденото место во баражот за СП 2022 и големата победа над Италија (0-1) се само дел од работите кои…

Read More

Македонија има две победи, четири порази и еден нерешен резултат во меѓусебниот скор со бугарската репрезентација во досега одиграните натпревари. Сепак, последниот меѓусебен натпревар меѓу Македонија и Бугарија кој беше одигран во 2016 година, го доби Бугарија со 2:0, но голем дел од нашите сегашни репрезентативци не беа во тој состав. Меѓусебни натпревари меѓу Македонија и Бугарија:  12 април 1994: Македонија – Бугарија 0-0 28 мај 1996: Бугарија – Македонија 3-0 25 март 1998: Македонија – Бугарија 1-0 15 август 2001: Бугарија – Македонија 1-0 1 март 2006: Македонија – Бугарија 0-1 14 август 2013: Македонија – Бугарија 2-0 29…

Read More

Искусниот играч за врска на Ливерпул, Џејмс Милнер е одликуван со Орден на Британската империја (МБЕ). Признанието се должи на неговите заслуги во фудбалот и добротворната работа што ја направи во текот на годините. Тој формираше посебен фонд за поддршка на здравите навики на младите во неговата земја. 36-годишниот играч има 588 настапи во Премиер лигата и 61 настап за репрезентацијата на Англија. Кариерата ја започна во Лидс Јунајтед. Има играно и за Манчестер Сити, Њукасл, Астон Вила и Свиндон. Милнер е дел од Ливерпул од 2015 година.

Read More

Репрезентацијата на Италија го претрпе најголемиот пораз во последните пет години. Избраниците на Роберто Манчини вчера загубија од Аргентина во Финалисима со резултат 0:3. Последен пат Италијанците загубија со три гола разлика во септември 2017 година. Со таков резултат беа поразени од Шпанците. Изминатиот период Италијанците станаа победници на Европското фудбалско првенство, а репрезентацијата на Аргентина го освои последниот Куп на Америка. Да потсетиме дека неодамна УЕФА и Јужноамериканската фудбалска конфедерација (КОНМЕБОЛ) потпишаа проширен меморандум за соработка, кој ома важност до 30 јуни 2028 година. Двете страни се договорија, меѓу другото, да се одржи натпревар меѓу победниците на турнирите под…

Read More

Напаѓачот на Аргентина и ПСЖ, Лионел Меси го освои својот 40-ти трофеј во кариерата. Напаѓачот како дел од репрезентацијата на Аргентина стана победник на Финалисима. По бројот на освоени трофеи во кариерата, Меси го престигна поранешниот соиграч од Барселона, Андрес Иниеста. На прво место во светот по овој показател останува дефанзивецот на Барселона, Дани Алвеш. Претходно, Меси, како дел од Барселона, 10 пати го освојуваше шпанското првенство, четири пати ја освои Лигата на шампионите на УЕФА, осум пати го освои шпанскиот Суперкуп, седум пати го освои шпанскиот куп, го освои Светското клупско првенство и Супер купот на Европа три пати,…

Read More