Возачот на Ферари Шарл Леклер ќе тргне од пол-позицијата на утрешното гран-при во Монте Карло. Шарл Леклер имаше подобро време од својот клупски колега Карлос Сајнц, додека од вториот ред ќе стартуваат двата болида на Ред Бул управувани од Перез и Верстапен. Леклер дојде до својата 14-та пол-позиција во кариерата, но последната трета рунда од квалификациите заврши предвреме по инцидент пред тунелот, каде Серхио Перез од Ред Бул се изврте и го закачи Сајнц, па најбрзиот круг на Леклер уште на почетокот од сесијата се покажа како недостижен во битката за пол-позцијата. Возачот на Ферари имаше време од 1:11,376 минути,…
Author: riste
Фудбалскиот клуб Челзи и официјално потврди дека клубот е продаден и повеќе не е во рацете на рускиот бизнисмен Роман Абрамович. Нов сопственик на сè уште актуелниот европски шампион е Тод Боли, сопственик на безбол клубот Лос Анџелес Доџерс. Конзорциумот – предводен од Боли, како и од Кларк Капитал, Марк Волтер и швајцарскиот милијардер Хансојерг Вис – за преземање на клубот ќе платат околу 4,5 милијарди долари и ќе има обврска да инвестира уште 1,7 милијарди долари во него, објавија медиумите на Островот. „Челзи може да потврди дека е постигнат конечен и дефинитивен договор за продажба на клубот на Тод…
Одбојкарската репрезентација на Македонија пропушти голема шанса да се врати од Романија со цел плен и да освоои нови бодови во групата А од Европската сребрена лига. На гостувањето во Галаци, Македонија губеше со 2:0, но успеа да се врати и да израмни на 2:2, но не и да победи на оваа средба. Романија сепак го доби последниот петти сет и славеше со 3:2. Откако Романија ги доби првите два сета со 25:22 и 25:17, Македонија возврати со добра игра во треттиот и четвртиот сет кои ги доби со 25:23 и 25:19. Со тоа нашите одбојкари се изборија за петти…
Македонскиот каратист Петар Спасеновски освои бронзен медал на Европското карате првенство за сениори во Газиантеп во Турција. Спасеновски имаше фуриозни 15 секунди со кој дојде до бронзен медал во категоријата -84 кг. Спасеновски со 2:0 славеше против домашниот каратист Оз Мурат. На 15 секунди пред крајот Петар Спасеновски поведе 1:0, а на 10 секунди пред крајот преку контра го изненади Оз Мурат и поведе со 2:0 за бронза. Резултати Европско првенство: -84 кг Петар Спасеновски – Лука Ретенбахер (Австрија) 3-0 Петар Спасеновски – Мерис Муховиќ (Босна и Херцеговина) 1-0 Петар Спасеновски – Ибањез Сајнц-Торе (Шпанија) 3-2 Полуфинале Петар Спасеновски –…
Тренерот на Пари Сен Жермен, Маурисио Покетино ги сподели своите очекувања за финалето од Лигата на шампионите меѓу Ливерпул и Реал Мадрид, кое се игра вечерва. „Се ќе зависи од формата во која екипите ќе се приближат до финалето. Реал Мадрид имаше помал стрес во подготовките за финалето, можеше подобро да го менаџира времето. Ливерпул мораше да игра во финалето на ФА Купот и исто така беше во трка за титулата во Премиер лигата до последниот натпревар. Ливерпул имаат играчи во тимот чие ниво е многу високо. Реал Мадрид ќе биде 100% подготвен. Во финалето, нестабилните фактори како среќата, формата…
Дефанзивецот на Ливерпул Вирџил ван Дајк во пресрет на финалето на Лигата на шампионите со Реал Мадрид го сподели своето мислење за напаѓачот на мадридскиот тим Карим Бензема. „Навистина уживав додека го гледав Бензема оваа сезона – тој има многу силни страни. Очигледно тој не е целиот тим, но покажува извонредна игра. Тој дава голови, тој е лидер на Реал Мадрид. Карим е исклучително важен за тимот од Мадрид. Но, јас сум добар играч, па со нетрпение го очекувам овој предизвик со останатите играчи на Ливерпул. Да видиме што ќе донесе“, изјави Вирџил ван Дајк. Вечерва, Ливерпул ќе игра во…
Фудбалерите на Ливерпул се крајно незадоволни од одлуката на УЕФА да им забрани на семејствата на играчите од Ливерпул и Реал Мадрид да излезат на терен по финалето од Лигата на шампионите вечерва на „Стад де Франс“, пренесува „Дејли Меил“. Европската централа донела ваква одлука од „безбедносни причини“, иако со години е пракса децата и сопругите на играчите да се симнат на теренот и да слават со победниците и не е јасно која е причината за промената. Оваа наредба на УЕФА доаѓа како дополнување на веќе предизвиканата многу негативни коментари одлука на двата тима да добијат само 19682 билети за…
Време е за големото финале во Лигата на шампионите. Вечерва од 21:00 часот на „Стад де Франс“ во Париз ќе се соочат два гигантите на европскиот фудбал, Ливерпул и Реал Мадрид. Повеќето експерти им даваат предност на фудбалерите на Ливерпул, но во исто време никој не се осмелува да го потцени кралскиот клуб кој се стреми кон својата 14-та титула во ЛШ. Доколку триумфира вечерва, Реал Мадрид ќе има двојно повеќе трофеи од нивниот најблизок ривал – Милан. Во случај Ливерпул да стане шампион, „црвените“ ќе бидат на второто место во поредокот со Милан и Баерн (Минхен). Двата тима имаа…
Нашата фудбалската репрезентација веќе втор ден ги одработува подготовките за стартот на Лигата на нациите. Пред медиумите говореше голманот Дамјан Шишковски, кој ги сподели очекувањата од натпреварот со Бугарија и она што ја очекува Македонија на почетокот на месец куни. „Македонската јавност очекува многу од нас, по изданијата со Италија и Португалија. Ние сме максимално подготвени за следните четири меча. Со резултатите дојдовме во позиција сите да веруваат во нас, така што на секој меч ќе одиме на победа. Нашата селекција е подмладена со неколку имиња, но тие знаат и имаат искуство од своите тимови. Ќе го дадеме максимум да ги оправдаме очекувањата. Селекторот…
Висар Муслиу е еден од столбовите во одбраната на Македонија, а тоа го покажа со своите игри на претходните натпревари, а посебно беше одличен на натпеварите со Италија и Португалија. Во пресред на натпреварот со Бугарија , Муслиу вели дека посакува победа и со три бода да се почнат настапите од новата сезона во Лигата на нации. „Нормално е дека секој пат е потребно освежување на тимот. После она кое го минавме во месец март, сите ние очекуваме што е можно подобри резултати, тоа значи да бидеме први и да запишуваме победи во овој циклус на Лигата на нациите. Селекторот верува…
