Author: riste

Капитенот на Рома, Лоренцо Пелегрини, е избран за најдобар играч во Конференциската лига во оваа дебитантска сезона на овој турнир на УЕФА. „Волчицата“ од Рим дојде до првиот трофеј на европските турнири по победата од 1:0 во финалето одиграно во Тирана против Феенорд. https://twitter.com/ASRomaEN/status/1530191104997527556?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1530191104997527556%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fsportal.bg%2Fnews-2022052714390111025 25-годишниот офанзивен играч за врска има постигнато 5 гола во Лигата на конференциите (вклучувајќи ги и квалификациите). Пелегрини се истакна и со 2 асистенции во 12-те натпревари оваа сезона, објави официјалниот сајт на УЕФА. https://twitter.com/europacnfleague/status/1530177769350520833?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1530177769350520833%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fsportal.bg%2Fnews-2022052714390111025 Во идеалниот тим на сезоната во Лигата на конференциите се уште тројца играчи на Рома – голманот Руи Патрисио, дефанзивецот Крис…

Read More

Севиља е заинтересирана за потписот на напаѓачот на Интер, Алексис Санчез, чиј договор со италијанскиот тим истекува на крајот од следната сезона, објави Тутомеркато. Според истиот извор, двете страни веќе преговарале за трансфер на 33-годишниот чилеански напаѓач. Санчез е во Интер од 2019 година. На 109 натпревари за тимот, напаѓачот постигна 20 гола и 23 асистенции. Алексис Санчез претходно играше во шпанската лига за Барселона од 2011 до 2014 година.

Read More

Англискиот тим Манчестер Јунајтед наскоро може да го објави потписот на новиот договор со голманот Давид де Геа. Информациите кои ги објавија англиските медиуми велат дека, нов договор со 31-годишниот шпански голман ќе биде потпишан со траење до 2025 година. Актуелниот договор на Де Геа истекува на крајот на следната сезона. Во сезоната 2021/2022, Де Геа прими 66 гола на 46 натпревари во сите натпреварувања и ја зачува мрежата на 10 натпревари. Шпанецот игра за Манчестер Јунајтед од 2011 година. Манчестер Јунајтед минатата сезона заврши на шестото место со 58 бодови и следната сезона ќе играат во Лига Европа.

Read More

Баерн Минхен го следи напредокот на преговорите за продолжување на договорот помеѓу Барселона и Гави. Германскиот клуб е подготвен да ја искористи оваа ситуација и да ја активира откупната клаузула од 50 милиони евра за 17-годишниот фудбалер, објави „Мундо Депортиво“. Според изворот, Ливерпул и ПСЖ се исто така подготвени да потпишат со Гави, кој има уште една година од договорот со Барселона. Гави минатата сезона дебитираше за првиот тим на Барселона, а на теренот беше на 46 натпревари (2 гола, 6 асистенции). Гави доби повик и во репрезентацијата на Шпанија, за која успеа да одигра шест натпревари.

Read More

Нова тревна подлога беше поставена на „Стад де Франс“ пред финалето на Лигата на шампионите меѓу Ливерпул и Реал Мадрид во сабота, објави АФП. Самото поставување на тревата траеше точно 48 часа, бидејќи беше „одгледана“ во близина на Барселона и донесена во француската престолнина со неколку камиони. На стадионот со трактори се истоварени 500 ролни трева, од кои секоја тежи од 750 до 1.000 килограми. Секоја ролна шпанска трева е долга 15 метри и широка 1,20 метри. Тревната покривка внимателно се одгледува од ноември во посебен парк северно од Барселона. Стариот тревник беше отстранет веднаш по финалето на Купот на…

Read More

Владата на Обединетото Кралство издаде лиценца со која се дозволува продажба на Челзи на Тод Боли , пренесува „Скај Спортс“. Претходно, продажбата на клубот беше одобрена од раководството на англискиот премиерлигаш. Според изворот, владата на Велика Британија го одобрила договорот откако добила правни гаранции дека Роман Абрамович, чии средства во земјата се замрзнати, нема да има корист од продажбата на клубот. Зделката изнесуваше 4,25 милијарди фунти (околу 5 милијарди евра). Да потсетиме дека на 26 февруари Роман Абрамович им го предаде управувањето на клубот на поверениците на добротворната фондација Челзи. На 2 март тој објави дека има намера да го…

Read More

Двајца играчи на Атлетико Мадрид, дефанзивецот Ренан Лоди и крилниот напаѓач Јаник Фереира Караско , предизвикаа интерес за трансфер од англискиот Њукасл, објави „Марка“. Според изворот, англискиот клуб има намера да понуди 40 милиони евра за бразилскиот дефанзивец. Истот така за услугите на Ренан Лоди е заинтересиран и Јувентус од Торино. Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне е против Фереира Караско да си замине од клубот. Белгиецот изјави дека има намера да остане во мадридскиот клуб, но се дознава дека неговиот нов агент бара клуб за неговиот клиент каде што ќе може да добие поголема плата. Ренан Лоди оваа сезона…

Read More

Десниот бек Куни Моралес и официјално го продолжи договорот со Вардар и ќе игра во дресот на оваа екипа и следната сезона. Кубанскиот интернационалец стана важен дел во тимот, и со своите игри го потврди квалитетот што го поседува. Левиот бек имаше одлични натпревари во дресот на македонскиот првак и е еден од најзаслужните за успешната сезона на „црвено-црните“. Искусниот бек блесна кога најмногу требаше и со фантастичен настап во Битола му донесе важна победа на Вардар во трката за шампионската титула, која што треба да биде потврдена со утрешниот натпревар со Тиквеш. На задоволство на двете страни е продолжена…

Read More

Андре Брајтенрајтер го напушти Цирих само неколку дена по освојувањето на титулата во швајцарската прва лига и се врати во Бундеслигата за да ја преземе функцијата тренер на Хофенхајм. Тренерот се согласил на двегодишен договор и ќе го замени Себастијан Хонес, кој доби отказ пред неколку дена. 46-годишниот Брајтенрајтер двапати ги однесе до Бундеслигата екипите на Падерборн и Хановер, а го предводеше и Шалке 04. Тој го презеде Цирих во 2019 година и имаше уште една година до крајот на договорот. „Андре Брајтенрајтер е многу амбициозен тренер кој со своите офанзивни идеи одлично се вклопува во Хофенхајм“, изјави спортскиот директор…

Read More

Играчот од средниот ред на Реал Мадрид, Каземиро не се сомнева дека иднината на клубот е оптимистичка, иако Реал не успеа да го привлече Килијан Мбапе. „Овој клуб не е за играчите, тој е за историјата. Играчите можат да остават трага, како Алфредо ди Стефано или Кристијано Роналдо. Навивачите можеби се тажни, но со ова што го имаме клубот ќе продолжи да победува“, изјави Каземиро. „Мбапе е одличен играч. Откако донесе одлука, ние мора да го почитуваме. Треба да сфатиме дека тој ја донесе оваа одлука заедно со неговото семејство и повеќе не можеме да зборуваме за играч кој не…

Read More