Техничкиот директор на Борусија Дортмунд, Един Терзиќ ќе биде назначен за главен тренер на клубот, соопштија медиумите во Дортмунд. Според истите, двете страни се договориле за условите. Претходно, отказ доби и тренерот на Борусија Дортмунд, Марко Розе. Розе (45) дојде во Дортмунд летото 2021 година. Розе беше во Борусија Менхенгладбах од 2019 година. Претходно беше тренер на Ред Бул Салцбург со кој двапати стана шампион на Австрија и еднаш го освои Купот на Австрија. Пред почетокот на сезоната 2021/2022 Терзиќ беше назначен за технички директор на клубот, но првично беше планирано тој да му се приклучи на стручниот штаб на…
Author: riste
Напаѓачот на Баерн Минхен, Роберт Левандовски нема намера да го бојкотира тренажниот процес поради проблемите со преминот во шпанска Барселона, објави „Спорт1“. Според изворот, напаѓачот планира да го напушти клубот од Минхен без скандал. Левандовски ќе се однесува како професионален спортист, но во исто време напаѓачот продолжува да се потпира на фактот дека ќе му биде дозволено да го напушти Баерн и да се пресели во шпанското првенство. Да потсетиме, Левандовски се пресели во Баерн Минхен од Борусија Дортмунд во 2014 година. Договорот на 33-годишниот полски напаѓач со клубот истекува во јуни 2023 година. Левандовски оваа сезона одигра 34 натпревари…
Нашите најдобри ракометарки на крајот на јуни и почетокот на јули ќе се појават на Медитеранските Игри. Тоа ќе биде одлична можност да се задржи ритамот пред ЕП на кое ќе бидеме домаќини. Еве го спискот на повикани од страна на селекторот Савевски.
Македонските ракометари на преминот од јуни во јули ги очекува настапот на Медитеранските Игри во Алжир. Селекторот, Кире Лазаров, повика главно млади ракометари.
Настапот на Хари Кејн на неделниот натпревар против Норич е доведено во прашање. Напаѓачот не се чувствува добро и одби да учествува на отворањето на изложбата посветена на неговата кариера во музејот во Лондон. В недела Тотенхем гостува кај Норич, победа, а веројатно и нерешено ќе им го гарантираат четвртото место и учество во Лигата на шампионите следната сезона. Минатата недела неколку играчи на Тотенхем имаа проблем со стомачен вирус. Претходно во текот на денешниот ден Гери Линекер сподели сомнежи за труење со храна во тимот, но оваа информација беше демантирана. Ваквите проблеми не му дозволија на Тотенхем учество во…
Вардар официјализираше уште едно засилување за следната сезона, а нов играч на клубот ќе биде португалскиот интернационалец Жилберто Дуарте кој потпиша договор со актуелниот македонски првак. Тој игра на позицијата лев бек, а доаѓа од екипата на Монпелје од Франција. Дуарте (197 см. 31 год.) е првиот Португалец што ќе настапува за Вардар. Со Монпелје играше сезонава во Лигата на шампионите и постигна 24 гола. Претходно има настапувано и за екипите на Порто (Португалија), Висла Плоцк (Полска) и Барселона (Шпанија). Заедно со шпанскиот тим играше и на Ф4 турнирот во Келн во 2019 година кога Вардар ја освои втората и…
Борусија Дортмунд изненадувачки ја објави разделбата со својот тренер Марко Розе, кој заминува по завршувањето на сезоната во Бундеслигата. „Борусија Дортмунд и тренерот Марко Розе ја завршуваат својата соработка. По интензивната сесија на анализи во четвртокот, во која бе авклучени Розе, Ватцке, Цорк, Кел и Замер, клубот одлучи да продолжи понатаму без сегашниот тренер и да му посака успех на Марко Розе во неговиот следен потфат“, се вели во соопштението на клубот. Розе помина само една сезона на кормилото на тимот откако пред една година пристигна од Борусија (Менхенгладбах). Тој ги предводеше „жолто-црните“ до второто место во првенството, но во…
Навивачите на Ливерпул се надеваат дека нивната фудбалска легенда, Стивен Жерард, кој седи на клупата на Астон Вила, ќе може да ги мотивира фудбалерите да останат непоразени во последното коло во Премиер лигата. Доколку избраниците на Стиви Џи успеат да останат непоразени, а Ливерпул победи дома, тогаш пехарот ќе заврши кај „црвените“. Сепак, во последните неколку часа се појави интересна теорија поради клаузулата во договорот на Џек Грилиш кога Англичанецот минатото лето пристигна од Астон Вила во Манчестер Сити. Имено, во случај Сити да стане англиски шампион, Астон Вила ќе добие дополнителни 15 милиони фунти како бонуси. 26-годишниот фудбалер минатото…
Повредата на дефанзивецот на Ливерпул Џо Гомез не е толку сериозна како што првично изгледаше по вчерашниот натпревар со Саутемптон. 24-годишниот Англичанец на крајот на првото полувреме го истегна зглобот, а на негово место влезе Џордан Хендерсон, кој на теренот се појави на почетокот на вториот дел. По мечот, Гомез носеше заштита на ногата и се движеше со патерици. Денес, сепак, дефанзивецот беше подложен на скенирање, кое покажа дека нема сериозно оштетување на скочниот зглоб, а според Тајмс во Ливерпул сега се уверени дека тој ќе биде на располагање за финалето од Лигата на шампионите против Реал Мадрид.
Напаѓачот на Ливерпул, Садио Мане може да ја продолжи кариерата во француската Лига 1. Пари Сен Жермен е заинтересиран за услугите на 30-годишниот крилен напаѓач, тврдат медиумите од Франција. Според нив, парискиот клуб ќе биде фаворит за потпис на Сенегалецот доколку тој реши да го напушти Ливерпул. Поради сериозниот интерес на ПСЖ и евентуалната висока плата, Мане се сомнева дали треба да го продолжи договорот со Ливерпул. Да потсетиме, Садио Мане се пресели во Ливерпул од Саутемптон во 2016 година. 30-годишниот сенегалски фудбалер оваа сезона забележа 49 настапи за Ливерпул во сите натпреварувања. Постигна 22 гола и имаше две асистенции.…
