Author: riste

Реал Мадрид ќе му плати на напаѓачот на ПСЖ, Килијан Мбапе, бонус од 40 милиони евра за приклучување на нивната екипа. Ова го објави новинарот Николо Скира на Твитер. Според истиот извор, 23-годишниот фудбалер ќе потпише договор со шпанскиот тим до 2027 година со плата од 40 милиони евра по сезона (30 милиони евра за главниот дел, 10 милиони евра како бонуси). Претходно беше објавено дека Ливерпул е заинтересиран за потписот на Мбапе, а Реал Мадрид имал проблеми во преговорите со фудбалерот поради барањата за имиџ правата. Клубот сака да поседува 50% од имиџ правата на Мбапе.

Read More

Голманот на Барселона и Германија, Марк-Андре тер Штеген би можел да го смени клубот во текот на летниот преоден рок, објави шпанскиотб Спорт. Според изворот, каталонскиот клуб ќе размисли за продажба на германскиот голман доколку добие достојна понуда. Тер Штеген го пропушти почетокот на сезоната поради повреда на коленото и раководството на Барселона не е целосно задоволно од неговиот настап. 30-годишниот германски голман за Барселона настапува од 2014 година. Договорот на германскиот интернационалец со клубот е до јуни 2025 година. Според Трансфермаркт, голманот има пазарна вредност од 45 милиони евра. Тер Штеген оваа сезона имаше 34 настапи во Примера, а…

Read More

Напаѓачот на РБ Лајпциг Кристофер Нкунку е избран за „Играч на сезоната во Бундеслигата“ во анкета меѓу навивачите. Французинот ја имаше својата најдобра сезона, постигнувајќи 20 гола во првенството, но имаше и 15 асистенции. За споредба, Роберт Левандовски постигна 35 гола и асистираше за 4 други за Баерн (Минхен), но остана зад него во гласањето на симпатизерите. Кристофер Нкунку е и единствениот фудбалер кој освоил четири награди за играч на месецот во Бундеслигата во една сезона – во октомври, февруари, март и април. Вкупно Нкунку има 34 гола и 20 асистенции на 51 натпревар во сите натпреварувања оваа сезона. Може…

Read More

Играчот од средниот ред на Интер, Иван Перишиќ, може да ја продолжи кариерата во Јувентус, пишува „La Gazzetta dello Sport“. Според изворот, клубот од Торино е подготвен да му понуди договор на 33-годишниот хрватски фудбалер. Да потсетиме, претходно Перишиќ зборуваше за можно продолжување на договорот со Интер и истакна дека преговорите за нов договор се одолговлекуваат. Перишиќ за италијанскиот тим настапува од 2015 година, откако се пресели од германски Волфсбург. Фудбалерот од средниот ред оваа сезона одигра 33 натпревари во лигата, постигнувајќи седум гола и шест асистенции. Договорот меѓу Перишиќ и Интер истекува на крајот од оваа сезона. Пазарната вредност…

Read More

Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне, призна дека клубот ќе се раздели со Луис Суарез. Договорот на Уругваецот истекува и нема да биде обновен. На денешниот домашен натпревар против Севиља, искусниот напаѓач ќе се прости од навивачите на Атлетико Мадрид. „Имав разговор со Луис во ноември. Долг, тежок и искрен разговор. И двајцата споделивме како ја гледаме сегашноста и иднината. Од тој момент до денес, никој од нас не го прекрши тоа што си го ветивме. Затоа сум исклучително благодарен на Суарез“, изјави Симеоне. Луис Суарез пристигна на „Ванда Метрополитано“ како слободен играч од Барселона во 2020 година и даде…

Read More

Македонскиот атлетичар Дарио Ивановски учествуваше на маратонот во Копенхаген и успеа да ја истрча патеката за 2 часа 18 минути и 12 секунди што преставува нов националер рекорд на Македонија. Досегашниот рекорд кој беше дело на Дарио Ивановски беше 2:21,27 часа кој го постави на Скопскиот маратон 2021 година. Честитки за Дарио Ивановски за остварениот резултат кој на некој начин за него значи најубав подарок за неговиот 25-ти роденден кој го слави токму денес. Исто така одличен резултат на овој мартаон имаше и нашата атлетичарка Адријана Поп Арсова која патеката ја истрча за време 2:35,29 часа што е нов национален…

Read More

Тренерот на Баерн, Јулијан Нагелсман го сподели своето мислење за можното заминување на напаѓачот Роберт Левандовски од клубот. „Тоа би било голема загуба, но тој има договор до 2023 година“. Како се чувствувам поради тоа што Левандовски не го продолжи договорот? Ова е поттик следната сезона да бараме нов напаѓач кој подоцна ќе може да го замени Роберт“,изјави Нагелсман. Роберт Левандовски оваа сезона имаше 46 настапи за Баерн во сите натпреварувања. Постигна 50 гола и имаше 7 асистенции. Договорот на напаѓачот со клубот е до 30 јуни 2023 година. Претходно беше објавено дека Левандовски сака да се пресели во Барселона.…

Read More

Денес се игра финалето на ракометниот Куп на Макеоднија, а во завршницата за титулата ќе се борат двете најквалитетни екипи во нашата земја. Вардар  и Еурофарм Пелистер не дозволија изненадување и оваа сезона ќе се сретнат во финалето од завршницата во Купот на Македонија. Ривалството меѓу Скопје и Битола се врати, по повеќе од една деценија битолскиот клуб е конкурентен за трофеите, па вечерва во салата „Јасмин“ во Кавадарци нè очекува уште еден возбудлив и неизвесен дуел, кој ќе биде зачинет и со присуство на двете навивачки групи. „Комити“ и „Чкембари“  кои најавија свое присуство во Кавадарци, што ќа му даде дополнителен квалитет…

Read More

Напаѓачот на Баерн, Роберт Левандовски стана најдобар стрелец во германското првенство и по завршувањето на оваа сезона. 33-годишниот напаѓач постигна 35 гола во сезоната во Бундеслигата која заврши со одигрувањето на денешното последно коло. Така, Полјакот по 7-ми пат стана најдобар стрелец во Будеслигата, повторувајќи го рекордот на поранешниот минхенски напаѓач Герд Милер. Патрик Шик од Баер Леверкузен беше втор стрелец оваа сезона. Тој постигна 24 гола на 27 натпревари во германската лига. Напаѓачот на Борусија Дортмунд, Ерлинг Халанд ги затвора најдобрите тројца стрелци на првенството. Напаѓачот игра за Баерн од 2014 година. Левандовски оваа сезона забележа 46 настапи за…

Read More

Украинскиот напаѓач од екипата на Вест Хем Јунајтед, Андриј Јармоленко ќе го напушти лондонскиот клуб на крајот од оваа сезона, соопшти „Скај Спортс“. Договорот на Јармоленко со Вест Хем истекува следното лето, а двете страни не се договориле за продолжување на соработката. Неколку месеци претходно, раководството на „чеканите“ му дозволи на Андреј Јармоленко отсуство од лични причини поради ситуацијата во Украина, но веќе кон средината на март фудбалерот се врати на теренот. Да потсетиме, Јармоленко се пресели во Вест Хем од Борусија Дортмунд во јули 2018 година. Трансферот изнесуваше 20 милиони евра, а претходно играше за Динамо Киев. Украинецот оваа…

Read More