Author: riste

Арсенал наскоро може да потпише со играчот од средниот ред на Лестер Сити, Јури Тилеманс, објави „Дејли Меил“. „Топџиите“ планираат да го засилат средниот ред, а Тилеманс е главен кандидат за трансфер. Изворот наведува дека зделката би можела да биде вредна околу 40 милиони евра. Тилеманс (24) му се приклучи на англискиот тим на позајмица во јануари 2019 година од францускиот Монако. Во летото истата година, Лестер Сити го откупи договорот на играчот од средниот ред за 45 милиони евра. Белгиецот има 29 настапи за Лестер оваа сезона во англиската Премиер лига, постигнувајќи шест гола и три асистенции. Јури Тилеманс…

Read More

Барселона е заинтересирана за потписот на играчот од средниот ред на Наполи, Фабијан Руиз, објави „АС“. Истиот извор вели дека од Барселона подготвуваат официјална понуда за трансфер на 26-годишниот шпански играч за врска. Италијанскиот клуб е подготвен да се раздели со својот играч за сума близу 60 милиони евра. Фабијан Руиз е поврзан со клубот од Неапол со договор до летото 2023 година. Оваа сезона Руиз има 37 настапи за Наполи во сите натпреварувања, постигнувајќи седум гола и пет асистенции. Шпанскиот играч за врска е проценет на 55 милиони евра.

Read More

Англиски Манчестер Сити сака да го продолжи договорот со тренерот на тимот Пеп Гвардиола. Ова го објави новинарот Николо Скира на својот Твитер. Според изворот, нов договор со 51-годишниот шпански стручњак може да биде склучен до 2025 година. Актуелниот договор меѓу Гвардиола и англискиот тим истекува на крајот од следната сезона. Гвардиола го презеде Манчестер Сити во 2016 година. Под негово водство тимот освои 10 трофеи. Претходно, Гвардиола имаше успег со Баерн Минхен и Барселона. По 35 натпревари во англиската Премиер лига, тимот на Гвардиола е на врвот на првенствената табела со 86 бодови, три бода повеќе од второпласираниот Ливерпул,…

Read More

Шпанскиот Атлетик Билбао на лето може да го назначи за главен тренер Маурицио Покетино, кој сега е на чело на ПСЖ, ова го пренесува „L’Equipe“. Сега тренер на тимот од Билбао е Марселино Торал. Атлетик Билбао оваа сезона под негово водство по 35 натпревари во Ла Лига освои 52 бода и е осми на табелата. Веќе е познато дека ПСЖ има намера да се раздели со Маурисио Покетино по крајот на сезоната. За раскинување на договорот, аргентинскиот стручњак ќе добие отштета во износ од 15 милиони евра. Актуелниот договор на Маурисио Покетино со Пари Сен Жермен е до 2023 година.…

Read More

Напаѓачот на Ливерпул, Садио Мане би можел да ја продолжи кариерата во Барселона. Шпанскиот тим е заинтересиран да потпише со напаѓач од висока класа во летниот преоден рок. Оваа информација ја пренесува „Мундо Депортиво“. 30-годишниот сенегалски фудбалер е во сферата на интерес на шпанскиот клуб. Садио Мане дојде во Ливерпул од Саутемптон во 2016 година. Напаѓачот оваа сезона одигра 32 натпревари во Премиер лигата, постигна 14 гола и четири асистенции. Од 2012 година Мане е дел од репрезентацијата на Сенегал.

Read More

Напаѓачот на Лацио Чиро Имобиле може да го пропушти натпреварот од 37. коло на италијанската Серија А со Јувентус, објави „Спорт Медиасет“. Италијанскиот фудбалер се здобил со повреда на скочниот зглоб на натпреварот од 36. коло во Серија А со Сампдорија (2:0). Подоцна, ногата на Имобиле отече, напаѓачот чувствува непријатност и болка. За неколку дена стручниот штаб на Лацио ќе донесе конечна одлука за учеството на Имобиле на претстојниот натпревар. Мечот од 37. коло од италијанската Серија А Јувентус – Лацио ќе се одигра на 16 мај на стадионот „Алијанц“ во Торино. Средбата започнува во 20:45 часот, а Јувентус со…

Read More

Бетис е заинтересиран за враќање на играчот од средниот ред на Реал Мадрид, Даниел Себаљос, кој потекнува од од школата на клубот од Севиља. пренесува „АС“. Според истите информации, Бетис е подготвен да понуди 7 милиони евра за 25-годишниот фудбалер во летниот преоден рок. Самиот Себаљос наводно не е против враќање во Бетис, но Реал Мадрид исто така би можел да потпише нов договор со играчот од средниот ред. Актуелниот договор меѓу двете страни истекува во 2023 година. Себаљос се пресели во Реал Мадрид од Бетис во 2017 година за 14,7 милиони евра.

Read More

Тренерот на Барселона, Чави реагираше на информациите за можниот трансфер на норвешкиот напаѓач од Борусија Дортмунд Ерлинг Халанд во Манчестер Сити, за кој е заинтересиран каталонскиот клуб. „Многу е тешко да се организира трансферот на Халанд во Барселона поради економската ситуација. Не сакам да лажам, ова е реалност. Не би рекол дека се е до парите. Не сакам да не ги почитувам спортските проекти на другите клубови. Ние не сме единствениот тим со добар проект. Манчестер Сити освои многу трофеи и се бори против најсилните. Нивното ниво е непобитно. Но, доколку Барселона не успее да го ангажира Халанд, тоа може…

Read More

Напаѓачот на Баерн Минхен, Роберт Левандовски беше незадоволен од предлогот на германскиот клуб за продолжување на договорот меѓу двете страни, објави шпанскиот „Спорт“. Според изворот, 33-годишниот полски фудбалер не е задоволен ниту од платата, ниту од времетраењето на договорот што му ја нуди Баерн. Актуелниот договор меѓу Левандовски и Баерн истекува во 2023 година. Претходно беше објавено дека Левандовски и понатаму е приоритетна опција за Барселона, и покрај изјавите од двата клуба. Баерн сака да го задржи играчот, што на првиот состанок му било презентирано на неговиот агент Пини Захави.

Read More

Идниот нов сопственик на англискиот тим Челзи Тод Боели веќе е во Лондон и денеска се очекува да присуствува на натпреварот кој „сините“ го играат со Вулверхемптон на „Стемфорд Бриџ“ во 36. коло од Премиер лигата, објавија медиумите во земјата. Челзи е на третото место со 66 бодови, а Арсенал веднаш зад нив со три помалку – 63. Голем предизвик за конзорциумот, предводен од Боели, ќе биде да го одржи високо ниво на лондонскиот клуб и да ги исполни очекувањата на јавноста за конкуренција со врвните тимови од Европа. Пред ерата на Роман Абрамович, која започна во 2003 година, Челзи…

Read More