Играчот од средниот ред на Реал Сосиедад, Давид Силва постигна гол на натпреварот од 35. коло на Ла Лига со Леванте (1:2). Тој стана најстариот стрелец во клубот, соборувајќи го рекордот на Валери Карпин, беше објавено денес на социјалните мрежи. Давид Силва го постигна голот на 36 години и 118 дена. Шпанецот го надмина рекордот на поранешниот играч за врска Валери Карпин, кој постигна гол за Реал Сосиедад на 36 години и 59 дена. Синоќа се одигра натпреварот од 35.коло во Ла Лига во кое Леванте успеа да го совлада Реал Сосиедад со 2:1. Избраниците на Алесио Лиси по 35…
Author: riste
Женската ракометна Суперлига во следната сезона исто така ќе има нов систем и ќе се игра според нов шаблон, тоа беше изгласано на Редовното собрание на Ракометната федерација на Македонија. Женскиот ракометен шампионат следната сезона ќе биде со комплетно пресликан систем како оној од Првата лига. Во моментов има 15 женски клубови во Суперлигата, со најава дека е можно формирање на нови екипи. Предлогот е да се формираат две групи А и Б согласно пласманот оваа сезона. Ако се пријават нови субјекти, тие ќе бидат ставени во последниот шешир. Во случај да има повеќе пријавени клубови, групите ќе се зголемат. Во вториот дел…
На денешноти редовното собрание на Ракометната федерација на Македонија (РФМ) беше изгласано е најавеното проширување на машката ракометна Суперлига кое беше најавувано изминатиот период по барање на клубовите. Елитното натпреварување во следната сезона ќе брои вкупно шеснаесет екипи. Промената доаѓа по иницијативата на клубовите. Учесниците ќе бидат поделени во две групи А и Б, двете ќе имаат по осум учесника. Ќе се играат четиринаесет кола, по системот дома-гости. Со освоениот пласман во регуларниот дел, првите четири места од двете групи водат во плеј-оф групи, последните четири во плеј-аут група. Првите места во регуларниот дел ќе носат по три бода во следната фаза, второто место по два, третото место…
Денеска се одржа редовното годишно Собрание на Ракометната федерација на Македонија, на кое меѓу сите точки, беше и точката за настапите на македонските национални селекции во сите конкуренции во изминатиот период. Претседателот на РФМ, Живко Мукаетов, направи преглед на настапите на македонските репрезентации и најави дека во иднина РФМ и клубовите ќе работат само со една цел – развој на македонскиот ракомет. „Во текот на извештајниот период, РФМ уредно ги сервисираше сите репрезентации, забележани се вкупно 1590 одиграни натпревари од кои 996 натпревари во сениорски лиги и 594 во младинските категории. Притисокот и жедта за резултатски успех години наназад не…
Тренерот на Манчестер Јунајтед, Ралф Рангник, проговори за Ерик Тен Хаг, кој ќе го води англискиот тим од новата сезона. „Ерик тен Хег треба да каже со кои играчи сака да соработува. За ова ќе зборуваме на крајот од сезоната. Имам позитивен став кон играчите кои сега играат за Манчестер Јунајтед и кон евентуалните дебитанти. Патот на тимот може да биде правилен, тоа е она што се обидуваме да го постигнеме“, изјави Рангник. Да потсетиме дека 52-годишниот Ерик Тен Хаг е на чело на Ајакс Амстердам од 2017 година, а по завршувањето на сезоната се сели на клупата на Манчестер…
Тренерот на Барселона Чави зборуваше за претстојното продолжување на договорот со играчот од средниот ред Гави . „Двете страни сакаат да продолжат да работат заедно, така што ова е одлична вест за навивачите на Барселона. За нас е многу важно да го задржиме Гави. Гави е дел од идниот проект на Барселона и имам одличен однос со неговиот агент. Го обновуваме договорот со него“, изјави Чави на новинарот Фабрицио Романо на Твитер. 17-годишниот Гави постигна два гола и имаше шест асистенции на 43 натпревари во сите натпреварувања. Актуелниот договор на играчот со тимот истекува на крајот на следната сезона.
Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола зборуваше за пропуштените шанси за освојување на Лигата на шампионите со „граѓаните“. „Можеби не сум доволно добар за да го водам Манчестер Сити во Лигата на шампионите. Никој не знае дали нашиот тим ќе победеше со други играчи или со друг тренер. Бевме блиску до победа – го знаете тоа, ние го знаеме – но важно е дека ќе се обидеме повторно да се бориме за трофејот следната сезона, а потоа повторно. Не знам дали можеме да ја освоиме Лигата на шампионите. Не можам да одговорам на ова прашање. Можеби грешам, но имам чувство…
Европската ракометна федерација (ЕХФ) ги одреди сите термини за одигрување на натпреварите на претстојното Европско првенство за жени, на кое еден од домаќините е и Македонија. Скопје, односно СЦ „Борис Трајковски“ ќе биде местото каде ќе настапува Македонија, а сега се познати саатниците за трите натпревари. Македонија добие тешка група, па ќе игра со Франција, Холандија и Романија. Турнирот за нашата репрезентација стартува против Франција на петти ноември во 18:00 часот, по два дена во истиот термин игра со Холандија и на деветти со Романија. Распоред на натпревари на Македонија на ЕП: 05.11.2022 – Франција – Македонија (18:00 часот) 07.11.2022 – Македонија – Холандија (18:00 часот)…
Новиот менаџер на Манчестер Јунајтед Ерик тен Хаг веќе има одредени играчи кои се на неговиот список за засилување на тимот на лето. Еден од главните приоритети на тренерот е стабилизирање на одбраната. Затоа тој се насочи кон дефанзивецот на Интер, Дензел Дамфрис, за кој се шпекулира дека треба да биде замена за Арон Ван-Бисака, пишува „Сан“. Дамфрис беше доведен во Интер минатото лето и има договор со клубот до 2025 година, па привлекувањето на „Олд Трафорд“ нема да биде лесна задача. Згора на тоа, тој стана главен играч во составот на Симоне Инзаги и има 41 натпревар, 5 гола…
Одличниот играч од средниот ред на Реал Мадрид, Лука Модриќ не мисли дека има логично објаснување за триумфот на Реал Мадрид во Лигата на шампионите оваа сезона по познатиот пресврт. Синоќа неговата екипа го совлада Манчестер Сити со 3:1, откако до 90. минута губеше со 0:1. „Ова е Реал Мадрид, не се обидувајте да го разберете“, напиша Хрватот на Инстаграм. На сличен начин Реал Мадрид ги елиминираше Пари Сен Жермен и Челзи, а сега им претстои финале против Ливерпул на 28 мај во Париз.
