Јувентус се обидува да го ангажира напаѓачот на Ливерпул, Мохамед Салах во летниот преоден рок, објави „Фудбал Италија“. Според изворот, Бјанконерите се обидуваат значително да ја засилат својата офанзивна линија ова лето по лошата сезона под водство на Масимилијано Алегри. Еден од кандидатите е Египетскиот интернационалец Мохамед Салах. Претходно беше објавено дека Салах се уште не се согласил да го продолжи договорот со Ливерпул, кој истекува во 2023 година. Така, Ливерпул може да се обиде да го продаде во следниот преоден рок за да не го напушти клубот со слободен трансфер. Мохамед Салах одигра 32 натпревари во Премиер лигата оваа…
Author: riste
Барселона е заинтересирана за играчот од средниот ред на Вулверхемптон, Рубен Невес, објави „sport.es“. Изворот вели дека играчот сака да го напушти клубот следното лето. Главни претенденти за Рубен Невес се Манчестер Јунајтед и лондонски Арсенал, но самиот Португалец сонува да игра за Барселона, што би можело да го поедностави процесот на неговиот трансфер во каталонскиот клуб. Во корист на Шпанците игра и фактот што менаџерот на Невес е португалскиот агент Жорге Мендеш, кој има добри односи со раководството на Каталонците. Вулверхемптон сака 120 милиони евра за играчот од средниот ред. Рубен Невес (25 години) оваа сезона одигра 29 натпревари…
Ливерпул е на чекор до финалето на Лигата на шампионите, но пред тоа треба да го заврши започнатото против најголемата сензација на овогодинешното издание на Лигата на шампионите, Виљареал. Ливерпул целосно доминираше на „Енфилд“ и со два гола обезбедија солидна предност, но тоа не треба да ги смирува, бидејќи „жолтата подморница“ има доволно оружје од кое веќе настрадаа Јувентус и Баерн (Минхен). Се разбира, сега ситуацијата е многу поинаква. Виљареал нема предност од добар резултат од првиот меч и избраниците на Унаи Емери ќе бидат принудени да делуваат поофанзивно отколку што сакаат. Тешко дека можеме да очекуваме дека Шпанците ќе…
Напаѓачот на Реал Мадрид, Карим Бензема , го израмни голгетерскиот рекорд на поранешниот мексикански напаѓач Хуго Санчез во една сезона, објави статистичката служба Опта на својот Твитер профил. Оваа сезона, францускиот напаѓач постигна 40 гола за Реал Мадрид во сите натпреварувања, што го прави петтиот играч во историјата на клубот кој некогаш ја достигнал оваа бројка. Покрај Бензема, на оваа листа се и поранешните играчи на „кралскиот клуб“ Кристијано Роналдо , Алфредо ди Стефано , Ференц Пушкаш и Хуго Санчез, кои исто така постигна 40 гола во сезоната 1989/1990. Со оглед на тоа што Реал Мадрид има уште неколку натпревари…
Минатата недела Ливерпул, а оваа недела најверојатно и Манчестер Сити ќе го објави продолжувањето на соработката со својот менаџер. Откако Јирген Клоп потпиша нов договор со Ливерпул, сега е ред на Манчестер Сити да работи на нов договор за Пеп Гвардиола. Шпанецот наводно се согласил да продолжи во премиерлигашот дополнителни две години. Тоа значи дека ќе стави потпис на договор до 2025 година. „Граѓаните“ сакаат да го искористат својот тренер за привлекување неколку звучни имиња. Меѓу нив секако е Ерлинг Халанд, кој се поврзува со преселба во Манчестер и тоа на „Етихад“. Гвардиола оваа сезона има нова шанса да донесе историска…
Баер Леверкузен сака да го продолжи договорот со финскиот голман Лукас Храдецки, објави „Билд“. Според изворот, клубот и играчот веќе започнале преговори. 31-годишниот Храдецки е во Баер Леверкузен од 2018 година која дојде од Ајнтрахт Франкфурт. Лукас Храдецки оваа сезона има одиграно 40 натпревари за германскиот клуб во сите натпреварувања. Во овој период прими 50 гола. Исто така 11 пати неговата мрежа остана недопрена. Дресот на репрезентацијата на Финска го носел на 75 официјални натпревари.
Италијанскиот Јувентус се обидува да го ангажира играчот од средниот ред на Пари Сен Жермен, Леандро Паредес во летниот преоден рок, објави „Газета дело Спорт“. Според истиот извор, во моментов двете страни не можат да се договорат за висината на трансферот на 27-годишниот Аргентинец. Францускиот клуб го проценува играчот на 20 милиони евра, но оваа сума не и одговара на италијанската екипа. Јувентус исто така нема да може да ги прифати условите од актуелниот личен договор на Паредес. Аргентинецот заработува 7 милиони евра годишно во ПСЖ. Повеќе од оваа сума во Јувентус не можат да им понудат на своите играчи.…
Напаѓачот на Ливерпул, Мохамед Салах е заинтересиран за трансфер во Пари Сен Жермен, објави „Телеграф“. Претходно беше објавено дека Салах се уште не се согласил да го продолжи договорот со Ливерпул, кој истекува во 2023 година. Така, Ливерпул може да се обиде да го продаде во летниот преоден рок за да не го напушти клубот бесплатно со слободен трансфер. Салах е во Ливерпул од 2017 година. Неговиот договор со клубот е до 2023 година. Во моментов трансфер вредноста на фудбалерот се проценува на 100 милиони евра. Во актуелната сезона во Премиер лигата, Салах одигра 32 натпревари за Ливерпул, на кои…
Тренерот на Бетис, Мануел Пелегрини изјави дека амбициите на клубот не завршуваат со освојување на Купот на Кралот. Бетис е петти на табелата во Примера со 57 бодови, само 4 помалку од четвртопласираниот Атлетико Мадрид, пред денешното гостување кај Хетафе во 34. коло од шампионатот. „Ова беше посебна недела за нас, не можам да негирам“, изјави Пелегрини за весникот „Марка“ за неговиот успех над Валенсија во финалето на Купот на кралот на пенали. „Го доживеавме овој момент многу емотивно, но сега се враќаме во реалноста. Презедовме мерки во текот на неделата повторно да бидеме конкурентен тим на нашите претстојни натпревари.…
Фудбалерите на Атлетико не сакаат да организираат шампионски шпалир за Реал Мадрид пред нивниот натпревар во шпанското првенство, информира „Марка“. Според изворот, фудбалерите на Атлетико речиси едногласно го поддржале фактот дека за Реал Мадрид нема потреба да организираа шапмпионски шпалир. Само барањето на управата на клубот може да ја промени оваа одлука. Сепак, газдите на Атлетико Мадрид го земаат предвид ставот на навивачите, кои исто така не сакаат нивниот тим да му направи шампионски шпалир на главниот градски ривал. Да напоменеме дека натпреварот од 35. коло на шпанската Примера Атлетико – Реал Мадрид ќе се одржи на 8 мај на…
