Author: riste

Матеја Кежман , агентот на играчот од средниот ред на Лацио, Сергеј Милинковиќ-Савиќ , го демантираше информациите за желбата на српскиот фудбалер да игра за Манчестер Јунајтед. Според изјавата која ја дал Матеја Кежман тој ги демантираше и зборовите за преговарање со францускиот ПСЖ. Претходно беше објавено дека скаутите на „црвените ѓаволи“ го гледале Милинковиќ-Савиќ во последните натпревари и заклучиле дека е подготвен да игра за Манчестер Јунајтед, и дека се сретнале со Кежман во Италија за да преговараат за бараната цена на играчот од средниот ред со Лацио. Сергеј Милинковиќ-Савиќ (27) е во Лацио од 2015 година кога дојде…

Read More

Напаѓачот на лондонскиот Челзи, Ромелу Лукаку не е задоволен од времето во игра под водство на менаџерот Томас Тухел и размислува да го напушти тимот, објавуваат медиумите на Островот. Според истите, за трансферот на 28-годишниот Белгиец би можел да размислува и италијански Милан, а се јави и евентуално враќање на Лукаку во Интер. Сепак, Лукаку би сакал најмногу да остане во Челзи, но сака да ја има довербата од стручниот штаб. Лукаку игра за Челзи од август 2021 година, каде се пресели од Интер за 113 милиони евра. Договорот на играчот со клубот е до 30 јуни 2026 година. Играчот…

Read More

Играчот од средниот ред на Валенсија, Карлос Солер од новата сезона ќе настапува за Барселона, објави „АС“. Според изворот, двете страни се договориле за трансфер на 25-годишен фудбалер за 20 милиони евра, но Валенсија негира какви било договори за можен трансфер. Солер потекнува од школата на Валенсија. Играчот од средниот ред оваа сезона одигра 34 натпревари во Ла Лига и Купот на кралот, постигнувајќи 12 гола и пет асистенции. Договорот меѓу Солер и Валенсија истекува на крајот на следната сезона. Пазарната вредност на Солер е проценета на 50 милиони евра.

Read More

Реал Мадрид во наредните денови ќе потпише договор со дефанзивецот на Челзи, Антонио Рудигер за да му се приклучи на тимот со слободен трансфер на крајот од сезоната. Ова го објави новинарот Фабрицио Романо на Твитер. Според изворот, со 28-годишниот фудбалер е договорен четиригодишен договор, а постигнати се и договори за провизии и други плаќања. Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти наводно размислува за германскиот дефанзивец како еден од клучните играчи во стартниот состав на тимот.

Read More

Македонскиот репрезентативец Томислав Јагуриновски е првото засилување на тимот на Пролет 62 за наредната сезона. За одличниот десен бек беа заинтересирани уште неколку екипи, но раководството на Пролет успеа да го убеди Јагуриновски во квалитетот на проектот планиран за наредната сезона, по што на обострано задоволство беше потпишан договор за соработка. Јагуриновски доаѓа во Пролет од редовите на исландскиот клуб Тор, каде настапуваше во одлична форма под водство на тренерот Стевче Алушовски. Репрезентативецот, кој претходно во кариерата ги бранеше и боите на Металург и на Вардар, а сега се одлучи да настапува за Пролет. „Презадоволни сме што успеавме да го договориме трансферот на Јагуриновски, македонски…

Read More

Реал Мадрид успеа да го победи Еспањол со 4:0 и на четири кола до крајот на шампионатот ја обезбеди титулата во Примера. По две години, шампионскиот трофеј се враќа во витрините на „кралевите“ предводени од Карло Анчелоти. Со оглед на обврските во Лигата на шампионите, домашниот тим беше во комбиниран состав, но успеа да си ја заврши задачата. Со два гола на Родриго, и по еден на Асенсио и Бензема , Реал Мадрид ја потврди титулата во Ла Лига. За Реал ова е 35. титула во Примера, што е девет повеќе во однос на Барселона. Трет на вечната листа е…

Read More

Дефанзивецот на Манчестер Сити, Кајл Вокер можеби нема да игра до крајот на сезоната. Ова го најави менаџерот на „граѓаните“ Пеп Гвардиола. „Тоа може да се случи. Сè уште не знам. Не сум загрижен, морам да се концентрирам на другите играчи. Џон Стоунс е во аут за утре, ќе видиме во среда“, објасни тренерот. Запрашан дали новиот договор на Јирген Клоп со Ливерпул може да влијае на неговата одлука да остане во Манчестер Сити подолго од следната сезона, кога ќе му истече договорот, Гвардиола рече: „Честитки за Јирген и Ливерпул. Ова е добро за Премиер лигата и за иднината. Му…

Read More

Дефанзивецот на Виљареал, Пау Торес може да ја продолжи кариерата во англиската Премиер лига. Лондонски Челзи е заинтересиран за услугите на 25-годишниот Шпанец, информираат медиумите во Шпанија. Челзи го гледа Торес како директна замена за Антонио Рудигер, кој најверојатно ќе го напушти Лондон на крајот на сезоната и ќе премине во Реал Мадрид. За Пау Торес се заинтересирани уште Манчестер Сити и Манчестер Јунајтед, но Челзи е подготвен финансиски да ги надмине предлозите на клубовите од Манчестер. Да потсетиме дека Торес за првиот тим на Виљареал настапува од 2017 година. Оваа сезона, дефанзивецот учествуваше на 28 натпревари од шампионатот на…

Read More

Македонските репрезентативци Еди Шерифовски (категорија до 81 килограм) и Андреј Чакаровски (90 кг) ќе настапат на Европското првенство кое од денес, 29 април до 1 мај ќе се оддржи во Софија, Бугарија. Нашите натпреварувачи своите први настапи ќе ги имаат утре и во недела, Еди Шерифовски во првото коло во категоријата до 81 кг. ќе се натпреварува со Михаил Латисев од Молдавија и тоа утре додека Андреј Чакаровски во недела до 90 кг ќе се натпреварува во првото коло против Јохан Ленц од Германија. Македонската делегација во Софија ќе ја предводат претседателот на Џудо Федерацијата на Македонија, Владимир Трпаноски и…

Read More

Привремениот менаџер на Манчестер Јунајтед, Ралф Рангник е назначен за селектор на австриската репрезентација, објави официјалниот сајт на Австрискиот фудбалски сојуз. Рангник ќе ја преземе својата нова позиција на крајот на мај 2022 година. Договорот на Ралф со австриската репрезентација е на две години, но доколку тимот ги мине квалификациите за ЕП 2024, тогаш соработката автоматски ќе биде продолжена за уште две години. „Многу сме задоволни што успеавме да го доведеме Ралф Рангник, извонреден стручњак во областа на меѓународниот фудбал, за селектор на австриската репрезентација. Сите сме убедени дека тој е идеалниот кандидат и дека неговата визија за фудбалот ќе…

Read More