Полуфиналистот од Лигата на шампионите, Виљареал е подготвен да го ангажира голманот на Челзи, Кепа Аризабалага, објавија медиумите во Англија. Тренерот на Виљареал, Унаи Емери смета дека купувањето голман е приоритетна цел за летото, поради неубедливиот настап на Џеронимо Рули. Аризабалага оваа сезона забележа 15 настапи во сите натпреварувања. На 8 август 2018 година, Кепа му се приклучи на Челзи од Атлетик Билбао. Договорот е на 7 години, трансферната сума изнесуваше 80 евра, со што стана најскапиот голман во историјата на фудбалот. Покрај тоа, тој стана и најскапиот Шпанец.
Author: riste
Напаѓачот на Реал Мадрид, Родриго, кој постигна два гола на реваншот против Манчестер Сити во полуфиналето на Лигата на шампионите, го коментираше пласманот на неговата екипа во финалето на ЛШ. „Мислам дека не можам да го објаснам тоа, немам зборови да објаснам што се случи вечерва. За овој дрес секогаш учиме да се бориме до крај. Бевме скоро мртви. Но, по мојот прв гол почнав малку да верувам и успеав повторно да постигнам гол во продолжението. Многу сум среќен што успеав да постигнам два гола и да му помогнам на Реал Мадрид да стигне до своето место, а тоа е…
Тренерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола испадна по шести пат во полуфиналето на Лигата на шампионите, објави „OptaJoe“. Тоа се случуваше во сезоните 2009/2010 и 2011/2012 со Барселона, 2013/2014, 2014/2015 и 2015/2016 со Баерн Минхен и во сезоната 2021/2022 со Манчестер Сити. Според овој показател, тој го повтори антирекордот на Жозе Мурињо. Да потсетиме, во реванш полуфиналниот натпревар од Лигата на шампионите, Манчестер Сити загуби од Реал Мадрид со резултат 1:3. Првиот натпревар заврши со победа на Манчестер Сити со резултат 4:3. Така, по резултатите од два натпревари, Реал Мадрид победи со 6:5 и се пласираше во финалето на Лигата…
Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, немаше логично објаснување за поразот на неговиот тим од Реал Мадрид со 1:3 во реваншот меѓу двата тима од полуфиналето на Лигата на шампионите. Граѓаните беа на минути од победата, но на крајот беа елиминирани. Единственото објаснување на Шпанецот е дека фудбалот е непредвидлива игра и понекогаш се случуваат такви натпревари. „Бевме блиску, но не се пласиравме во финалето. Толку е едноставно. Нашата игра не одеше најдобро во првото полувреме. Не се претставивме добро, но противникот не ни пречеше со ништо. Откако постигнавме гол, одигравме многу подобро, го најдовме нашето темпо и се чувствувавме…
Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти повторно испиша историја. 62-годишниот тренер стана првиот тренер со 5 финалиња во Лигата на шампионите. Ова стана факт откако Италијанецот го предводеше Реал Мадрид до победа од 3:1 над Манчестер Сити во реванш полуфиналето од ЛШ и на тој начин дојде до битката за трофејот против Ливерпул во Париз. Така, тој претекна во ваквото рангирање некои многу големи тренери како Марчело Липи, Сер Алекс Фергусон, Јирген Клоп и Мигел Муњоз, кои имаат по 4 финалиња. Италијанецот има освоено 3 титули во Лигата на шампионите – 2 со Милан (во 2003 и 2007 година), 1…
Претседателот на Ферари, Џон Елкан, не сака да се меша во политиката на Формула 1 тимот кој го преводи Матијас Биното. „Сакам да бидам блиску до нив но, не сакам да им се мешам во работата. Мислам дека трките повторно станаа интересни, конкуренција е посилна “ – вели Елкан. Возачите на Ферари, Шарл Леклер и светскиот шампион, Макс Верстапен, имаат по две победи во досегашните четири сезонски трки.
Дефанзивецот на Реал Мадрид, Давид Алаба, ќе го пропушти утрешниот реванш со Манчестер Сити во полу-финалето во Лигата на фудбалските шампиони кој ќе биде одигран на стадионот „Сантијаго Бернабе“. Австрискиот интернационалец кој има повреда на мускулот, очекувано не се појави на денешниот тренинг на „кралевите“. Тренерот на шпанскиот тим, Карло Анчелоти, за реваншот со „граѓаните“ ќе ги нема на располагање и Герет Бејл и Еден Азар кои исто така се повредени.
Фудбалерот за врска на Реал Мадрид, Касемиро, ги сподели очекувањата за реваншот од 1/2 финалето од Лигата на шампионите против Манчестер Сити кој ќе се одигра утре на теренот на шпанскиот тим. „Мислам дека ништо не се споредува со освојување на Лигата на шампионите. Тоа чувство им е познато само на победниците“ – вели Каземиро. „Тоа е полуфинале и знаеме дека ќе одлучуваат најмалите детали. Победува тимот што прави најмалку грешки. Ќе биде тешко и за двете екипи“ – потенцираше играчот на Реал Мадрид пред утрешниот реванш со англичаните.
Дефанзивецот на Јувентус, Леонардо Бонучи зборуваше за тоа кој според него, ќе стане шампион на Италија во сезоната 2021/22. „Гледајќи го списокот со преостанатите натпревари, би рекол дека Интер треба да победи. Имам тенденција да мислам така и поради нивниот тим. Сепак, оваа сезона многупати не изненади. Возбудлива е трката за титулата и штета што Јувентус не е во неа. Уживаме во трката како фудбалски фанови“, изјави Бонучи за „Фудбал Италија“. Интер на три кола пред крајот на сезоната во Серија А со 75 бодови го зазема 2. место на табелата. Милан има 2 бода повеќе и води во Италијанското…
Интер ќе го продолжи договорот со хрватскиот играч за врска Иван Перишиќ до 2024 година, објавија дел од медиумите во Милано. Според нив, играчот ќе заработува 5 милиони евра годишно во клубот од Милано. 33-годишниот Иван Перишиќ за италијанскиот тим настапува од 2015 година, откако се пресели од германски Волфсбург. Вкупно за Интер, хрватскиот играч за врска постигна 52 гола на 250 натпревари во сите натпреварувања и даде 48 асистенции. Договорот меѓу Перишиќ и Интер истекува на крајот од оваа сезона. Пазарната вредност на фудбалерот според порталот Трансфермаркт е 10 милиони евра. Од 2019 до 2020 година хрватскиот играч за…
