Еден ден откако по 36-ти пат стана холандски шампион, Ајакс го објави името на новиот тренер на тимот, а тоа е Алфред Шредер. Тој доаѓа на местото на Ерик тен Хаг, кој стана менаџер на Манчестер Јунајтед. „Ајакс, Бриж и Алфред Шредер се договорија за трансфер на тренерот во клубот. Шредер ќе потпише договор кој започнува по завршувањето на оваа сезона и ќе заврши на 30 јуни 2024 година. Договорот има опција за дополнителна трета година“ се вели на официјалниот сајт на клубот од Амстердам. Шредер многу добро го познава Ајакс, бидејќи му беше прв асистент на Ерик тен Хаг…
Author: riste
Тренерот на Борусија Дортмунд, Марко Розе потврди дека 33-годишниот играч од средниот ред Аксел Витсел ќе го напушти тимот на крајот од оваа сезона. „Витсел е одличен играч, одигра многу големи натпревари за Борусија. Сепак, решивме да не го продолжиме договорот со него“, изјави Розе. Аксел Витсел за германскиот клуб настапува од 2018 година. Белгискиот играч за врска постигна 13 гола и даде шест асистенции на 144 натпревари за Борусија Дортмунд. Во Германија, Витсел го освои Купот и Суперкупот на Германија. Од 2008 година, играчот од средниот ред е повикан во белгиската репрезентација.
Авторитетниот финансиски магазин Форбс објави рангирање на најплатените спортисти во светот. Напаѓачот на Пари Сен Жермен, Лионел Меси се најде на врвот на листата со проценета нето вредност од 130 милиони долари, а познатиот кошаркар Леброн Џејмс, се најде на второто место со 121,2 милиони долари. Најдобрите три ги заокружува напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Кристијано Роналдо (115 милиони долари). Најплатените спортисти во светот според Форбс: 1.Лионел Меси ( фудбал, ПСЖ) – 130 милиони долари 2.Леброн Џејмс (кошарка, Лејкерс) – 121,2 милиони долари 3.Кристијано Роналдо (фудбал, Манчестер Јунајтед) – 115 милиони долари 4.Нејмар (фудбал, ПСЖ) – 95 милиони долари 5.Стивен Кари…
Претседателот на УЕФА Александар Чеферин го објасни принципот на распределба на билетите за финалето на Лигата на шампионите, во кое се пласираа Ливерпул и Реал Мадрид. Двата тима добиваат по само 19.618 влезници, со оглед на тоа што стадионот има капацитет од 75.000. Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп изрази збунетост поради овој факт, а Чеферин го објаснил принципот и договорните односи со спонзорите не дозволуваат УЕФА да ја промени распределбата. „Пред неколку дена му го објаснив истото на еден од тренерите на тимовите кои стигнаа до финалето. Сега ќе го повторам тоа. Ми требаше подолго време бидејќи ги прегледав сите…
Марсело Петинати, агентот кој го застапува напаѓачот на Манчестер Сити, Габриел Жесус, проговори за евентуалната преселба на неговиот клиент во Арсенал. „Имавме разговори со Арсенал за Габриел Жесус, ни се допаѓа проектот на овој клуб и разговараме за можноста за трансфер. За Габриел се заинтересирани уште шест клубови. Тој е фокусиран на последните натпревари од сезоната за Манчестер Сити. Да видиме што ќе се случи“, изјави агентот на Габриел Жесус. Претходно беше објавено дека Манчестер Сити е подготвен да го пушти бразилскиот напаѓач откако го ангажираше Норвежанецот Ерлинг Халанд од Борусија Дортмунд. Габриел Жесус оваа сезона одигра 39 натпревари за…
Денес во Штип беше промовирана книгата „Емил Павлов македонска спортска икона“ на авторот Кирил Манев. Оваа е 21-ва книга на авторот Кирил Манев која овој пат е наменета за кариерата на еден од најдобрите македонски каратисти и спортист кој остава траен белег во карате спортот во Македонија. Самиот автор денес имаше можност да зборува за идеата и реализацијата на оваа книга пред бројните спортски работници и новинари кои ја следат кариерата на Емил Павлов. Екипа на Спортското радио 90,3 ФМ беше дел од оваа промоција, а на нашиот спортист му посакуваме да има уште многу големи резултати кои ќе бидат…
Претседателот на италијанскиот Лацио, Клаудио Лотито изјави дека претходно одбил да го продаде играчот од средниот ред Сергеј Милинковиќ-Савиќ за 140 милиони евра. „Милинковиќ не е на продажба. Одбив понуда за 140 милиони евра. Би го прашал Сергеј што сака да прави, само ако добиеме важна понуда од врвен клуб од светска класа“, изјави Лотито за „Раи Спорт“. Претходно беше објавено дека скаутите на Манчестер Јунајтед го гледале Милинковиќ-Савиќ на последните натпревари и заклучиле дека тој е подготвен да игра за тимот. Агентот на играчот Матеа Кежман беше во Италија за да преговара со Лацио за бараната цена за играчот…
Фудбалерот од средниот ред на Барселона, Филипе Кутињо, кој е позајмен во Астон Вила, ќе остане во англискиот тим, објави новинарот Фабрицио Романо на својата страница на социјалните мрежи. Според Романо, 29-годишниот бразилски фудбалер ги договорил условите на личниот договор со Астон Вила. Сега англискиот тим ќе треба да преговара со Барселона за условите за трансферот на Кутињо. Сосема е јасно дека играчот од средниот ред не е вклучен во плановите на тренерот на Барселона, Чави. Да потсетиме дека Кутињо се пресели во Барселона од Ливерпул во јануари 2018 година за 135 милиони евра. Бразилскиот играч од средниот ред настапи…
Фудбалскиот агент Алехандро Камањо, кој ги застапува интересите на напаѓачот на Интер, Лаутаро Мартинез, зборуваше за иднината на неговиот клиент. „Понекогаш медиумите објавуваат информации за можен трансфер на Мартинез во друг клуб. Но, Лаутаро е фокусиран само на Интер – тој им носи радост на навивачите и му помага на тимот да се бори за шампионската титула. Потоа со репрезентацијата на Аргентина ќе се подготвува за Светското првенство. Не чекаме понуди и не бараме опции за трансфер. Лаутаро е во Интер, среќен е, Милан е прекрасен град. Сите мисли се само за Интер“ изјави Камањо за „Фудбал Италија“. 24-годишниот Лаутаро…
Напаѓачот на Манчестер Сити, Габриел Жесус може да ја продолжи кариерата во Арсенал, објави „Сан“. „Граѓаните“ се подготвени да го ослободат 25-годишниот фудбалер во летниот преоден рок за да не го пуштат бесплатно да замине од тимот во летото 2023 година. Времето за настап на Жесус во Манчестер Сити ќе биде намалено по потпишувањето на напаѓачот на Борусија Дортмунд, Ерлинг Халанд. Претходно беше објавено дека Жесус е на списокот на желби кај Арсенал, кој сака да ја засили напаѓачката линија. Жесус оваа сезона настапи на 39 натпревари, постигнувајќи 13 гола и 12 асистенции.
