Author: riste

Во просториите на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) сео одржа ждрепка за новата сезна во Првата македонска фудбалска лига. Првенството ќе брои дванаесет екипи. Меѓу нив досега непознаница беше учеството на Ренова, за која и натаму не се знае дали ќе биде дел од претстојниот шампионат или не. Сепак, Ренова беше вклучена во ждрепката и според ова ќе имаат свое мество во распоредот. Еве кој со кого ќе игра во првото првенствено коло: Шкендија – СкопјеСилекс – РаботничкиАкадемија Пандев – БрегалницаСтруга Трим Љум – ПобедаТиквеш – ШкупиМакедонија Ѓорче Петров – Ренова Новата натпреварувачка сезона во Македонија започнува на 6 август со пресметките…

Read More

Новото засилување на Барселона Рафиња имаше брилијантно деби во дресот на својата нова екипа. Бразилецот постигна гол и направи две асистенции во контролниот натпревар против Интер Мајами. Тој многу бргу ќе го почувствува моментот да игра на „Ел Класико“, бидејќи следниот тест на Каталонците е против Реал Мадрид во Лас Вегас. „Секогаш се трудам да постигнам гол, но во дербито уште повеќе. Најважно е да победиме, но мислам дека сме подобри од Реал Мадрид. Многу сум среќен што го постигнав мојот прв гол за Барселона. Се надевам дека ќе продолжам на овој начин“, изјави Рафиња по натпреварот.

Read More

Левиот бек на Манчестер Сити, Александар Зинченко се сели во лондонски Арсенал. Двата тима ги завршиле преговорите за целосен трансфер. Александар веќе го напушти тренинг кампот на „граѓаните“ за да потпише договор, кој ќе биде со важност до јуни 2026 година, објави новинарот Фабрицио Романо на својот Твитер. Трансферот е 30 милиони евра, а претходно вредноста на 25-годишниот дефанзивец се пресметуваше на 25 милиони евра. Да потсетиме дека Зинченко се пресели во Манчестер Сити од Уфа во летото 2016 година. Сезоната 2016/2017 ја мина во холандски ПСВ Ајндховен, а потоа играше за Манчестер Сити. Во составот на Манчестер Сити, Зинченко…

Read More

Напаѓачот на Верона, Џовани Симеоне стана глабна трансферна цел на Наполи. Ова го објави новинарот Николо Шира на Твитер. Според изворот, Наполи веќе ги договорил условите на договорот со Џовани Симеоне. Сега клубот од Неапол активно преговара со Верона. Се работо за договор за позајмица со можност за купување. Џовани Симеоне минатата сезона беше најдобар стрелец на Верона во Серија А. Напаѓачот постигна 17 гола во италијанското првенство. Тој заврши на четвртото место на листата на голгетери во Серија А, изедначен со напаѓачот на Рома, Тами Абрахам. Исто така, 26-годишниот Аргентинец успеа да постигне шест асистенции во изминатата сезона во…

Read More

Тотенхем не е задоволен од понудите кои пристигнале за играчот од средниот ред Џовани Ло Селсо. Ова го објави познатиот италијански новинар Николо Шира на Твитер. Според Шира, за 26-годишниот играч од средниот ред се заинтересирани Виљареал каде изминатата сезона ја мина со едногодишна позајмица и италијанската Фиорентина. Англискиот клуб сака да се раздели со играчот од средниот ред на трајна основа, додека потенцијалните купувачи сакаат да го земат играчот на позајмица со опција за купување. Ло Селсо оваа сезона постигна два гола и имаше три асистенции на 41 натпревар во сите натпреварувања. Заедно со Виљареал, фудбалерот стигна до полуфиналето…

Read More

Аријан Адеми постигна гол, а имаше и асистенција на натпреварот против Шкупи, но сепак неговата екипа не се радуваше на победа против македонскиот шампион (2:2) во првиот меч од второто квалификациско коло во Лигата на шампионите. По мечот, капитенот на Динамо Загреб беше самокритичен и кажа дека мора да се игра подобро. „Имавме контрола на играта, доста добри шанси. Имавме грешки кои скапо не чинеа, мора да бидеме подобри уште веќе на следниот натпревар, а во Скопје ќе бараме пласман во следната рунда. Не го потценивме Шкупи, влеговме врвно во мечот, ги имавме пред голот, а по оној зицер кој…

Read More

Џеси Лингард ги разгледува сите опции за да игра во Премиер лигата, Азија, а преселбата во МЛС е надвор од секој план, објави „ЕСПН“. 29-годишниот фудбалер ќе донесе одлука за својата иднина до крајот на неделата. За него се заинтересирани Вест Хем, Евертон, Тотенхем и Нотингем Форест. Поранешниот играч од средниот ред на Манчестер Јунајтед, исто така, размислува за профитабилни понуди од ОАЕ и Саудиска Арабија, а преселбата во МЛС е исклучена. Лингард стана слободен играч на крајот на јуни.  Тој тренираше сам за време на летната пауза и по потписот ќе му се приклучи на својот нов клуб. Тој сака да добие голема минутажа и да…

Read More

Барселона продолжува да го засилува својот состав. Откако и официјално го објавија потписот на Роберт Левандовски од Баерн (Минхен), Каталонците се блиску до финализирање на уште еден трансфер. Клубот постигна начелен договор со Челзи за Цезар Аспиликуета. Се очекува Барса за искусниот дефанзивец да плати околу 5 милиони евра. 32-годишниот Шпанец треба да го засили одбранбениот дел на тимот. Тренерот Чави Ернандез е многу заинтересиран да го има во својот тим и се чини дека неговата желба ќе биде исполнета. Договорот на Аспиликуета со Барселона ќе биде на две плус една година. Барселона има намера да го ангажира поранешниот играч…

Read More

Тренерот на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг ќе оствари личен состанок со напаѓачот Кристијано Роналдо и ќе разговараат за неговата иднина. Тренерот сепак одбива да ја одобри продажбата на Португалецот. Манчестер Јунајтед се уште е многу јасен во својата позиција, а клубот инсистира дека Роналдо не е на продажба и дека навистина сака да го задржи. Ерик тен Хаг со нетрпение очекува уште една средба лице в лице со Кристијано и неговиот агент Хорхе Мендеш за да разговараат за иднината на играчот. Ерик Тен Хег смета дека првиот разговор што се случи откако беше назначен за тренер беше многу добар“,…

Read More

Дефанзивецот на Јувентус, Матијс Де Лихт се пресели во Баерн. Ова го соопшти прес-службата на клубот од Минхен. Договорот со 22-годишниот фудбалер е со важност до 30 јуни 2027 година. Де Лихт дојде во Јувентус во 2019 година од Ајакс. На 117 натпревари за клубот од Торино постигна осум гола и даде три асистенции. Договорот меѓу двете страни имаше важност до 2024 година, но играчот се одлучи да направи нов предизвик и да се пресели во шампионот на Германија.

Read More