Author: riste

Виљареал е заинтересиран за трајно ангажирање на играчот од средниот ред на Тотенхем, Џовани Ло Селсо. Шпанскиот клуб е во преговори за купување на 26-годишниот аргентински репрезентативец, според инсајдерот Фабрицио Романо. Ло Селсо е приоритетна трансфер цел на тренерот на Виљареал, Унаи Емери. Во втората половина од минатата сезона, играчот од средниот ред играше за „Жолтата подморница“ на позајмица. И неколку италијански клубови ја разгледуваат можноста да го добијат Ло Селсо

Read More

Напаѓачот на Интер, Един Џеко, одбил понуди од три клуба, тврди новинарот Николо Шира. Репрезентативецот на Босна и Херцеговина е категоричен во намерата да остане кај „Нероаѕурите“, иако е свесен дека по враќањето на Ромелу Лукаку ќе игра поретко. Се верува дека една од понудите до Џеко била од Борусија (Дортмунд). Жолто-црните бараат нов напаѓач откако на Себастиен Алер ​​му беше дијагностициран тумор на тестисите и се лекува. 36-годишниот Џеко минатото лето се пресели во Интер, а претходно беше во Рома. Босанецот одигра вкупно 49 натпревари во сите натпреварувања и постигна 17 гола, на кои додаде и 10 асистенции. Тренерот…

Read More

24-годишниот француски дефанзивец Норди Мукиеле објави проштална порака за навивачите на германскиот РБ Лајпциг пред комплетирањето на неговата преселба во Пари Сен Жермен. „Почитувано семејство на РБ Лајпциг! Сакав да ти се заблагодарам за се што направи за мене. Ме натеравте да се чувствувам како дома уште од првиот ден од моето доаѓање и денес си заминувам со тешко срце. Сакам да им се заблагодарам на сите вработени во клубот кои секојдневно ни помагаа да ги оствариме нашите цели. Историјата што ја изградивме е и ваша. Браќа мои во клубот, да го одржиме ова наследство живо! Тренери и персонал што…

Read More

Португалската ѕвезда Кристијано Роналдо сака да се пресели од Манчестер Јунајтед во Баерн Минхен. Според одредени португалски новинари, напаѓачот сака да ја продолжи кариерата во тимот од Минхен, но клубот не е заинтересиран да го покани. Роналдо доцна синоќа пристигнал во Манчестер. Тој ќе преговара за својата иднина со претставници на Манчестер Јунајтед . Беше објавено дека главниот тренер на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, ќе се обиде да го убеди Португалецот да остане во тимот и покрај тоа што оваа екипа нема да игра во ЛШ оваа сезона, а тоа е еден од проблемите кои ги посочува Роналдо.

Read More

Српскиот интернационалец Филип Костиќ е се поблиску до трансфер во Вест Хем. Ајнтрахт (Франкфурт) веќе ја прифати понудата на „чеканите“ вредна 15 милиони евра, но се уште нема договор за личните услови на 29-годишниот фудбалер. За неколку дена ќе има средба меѓу раководството на Вест Хем и агентот на Костиќ, кој го застапува и Џанлука Скамака. Напаѓачот на Сасуоло е сигурно ново засилување на лондонскиот клуб. Филип Костиќ е поранешен играч на Раднички (Ниш), Гронинген, Штутгарт и Хамбургер. Минатата сезона беше избран за најдобар играч во Лига Европа каде Ајнтрахт Франкфурт го освои трофејот.

Read More

Арсенал успешно ги заврши преговорите со Јувентус за играчот од средниот ред Артур. Според информациите кои ги објави „Тутоспорт“, Бразилецот ќе се пресели во тимот од Северен Лондон на позајмица, со опција за откуп. Артур сака да се приклучи на тимот на Микел Артета и го најави тоа реагирајќи на социјалните мрежи на видеото од голот на Артур Жесус во контрола против Челзи (4:0). Арсенал го сакаше играчот од средниот ред уште во јануари, но не успеа да се договори со Јувентус. Сепак, Бразилецот сигурно не е вклучен во сметките на Масимилијано Алегри за новата сезона и не ни отиде…

Read More

Екипата на Бордо, која минатата сезона играше во Лига 1 во Франција, но административно беше испратен во Националната (трета лига), сепак може да се врати во Лига 2, каде што испадна по спортски пат, објави агенцијата „Франс прес“. Клубот доби поволно мислење од Францускиот олимписки комитет, а случајот во среда ќе го разгледува федерацијата. Шесткратниот француски шампион, кој има сериозни финансиски проблеми, сепак може да игра во втората лига благодарение на советниците од Олимпискиот комитет кој ја повика „Фудбалската федерација да ја преиспита својата одлука од 5 јули 2022 година“. Доколку Извршниот комитет на Федерацијата се предомисли, Бордо би можел…

Read More

Лондонски Челзи нема да ги пушти во Барселона своите дефанзивци Цезар Аспиликуета и Маркос Алонсо откако шпанскиот клуб се вмеша во договорот за трансфер на лондончани со Жил Кунде од Севиља. Ова го пренесува „Sport.es“. Кунде (23) претходно се договори со Челзи и беше блиску до преселба во Англија. Сепак, во последен момент во зделката се вмеша Барселона, која исто така договори трансфер со дефанзивецот. Сега Кунде повеќе сака да остане во шпанската лига. Аспиликуета и Алонсо се трансферни цели на Барселона која сакаше да купи двајца играчи по намалена цена поради условите на договорите на играчите. Двајцата имаат договор…

Read More

Шпанската екипа Селта Виго го продолжи договорот со шпанскиот напаѓач Иаго Аспас до летото 2025 година. Ова беше објавено на официјалниот сајт на клубот. Иаго Аспас е дете на клубот и за Селта играше од 2009 до 2013 година, по што се пресели во Ливерпул, а потоа во Севиља. Во 2015 година, Аспас се врати во родниот клуб и игра за него до ден-денес. Аспас е најдобар стрелец во историјата на клубот. 34-годишниот напаѓач има 418 настапи за клубот и постигна 184 гола. Во последната сезона 2021/2022 година, Аспас одигра 38 натпревари во дресот на својот клуб, во кои постигна…

Read More

Премиерлигашот Манчестер Јунајтед и понатаму чека објаснување од Кристијано Роналдо кога ќе се врати во клубот. „Манчестер Ивнинг Њуз“ пишува дека клубот сака сигурност и ќе побара од Португалецот да ги информира кога планира да се врати во Манчестер Јунајтед за да започне со предсезонски тренинзи. Вчера Манчестер Јунајтед ја заврши претсезонската турнеја низ Тајланд и Австралија и се врати во Манчестер веднаш по натпреварот со Астон Вила (2:2). Тренерот Ерик тен Хаг им даде слободен ден на играчите во понеделник, а во вторник тимот ќе продолжи со подготовките за сезоната. Клубот ќе одигра пријателски натпревари со Атлетико Мадрид во Осло, како и…

Read More