Author: riste

Женската кадетска репрезентација на Македонија ја забележа втората победа на СП на кој сме домаќини, откако славеше над Узбекистан со 39-30. Со овој триумф, нашите ракометарки обезбедија место во главната рунда на СП, односно се пласираа меѓу 16 најдобри селекции во светот. Мечот почна лошо за нашата репрезентација, Узбекистан имаше предност од 2:7 и 3:8, но подона почна играта на нашата репрезнтација преку Коцева и Ризоска. Македонија се врати во игра успеа да дојде до резултатски егал 13:13, за во финишот пр првиот дел да дојде до минимална предност од 20:19, резултат со кој се отиде на одмор. На стартот…

Read More

Њукасл Јунајтед влезе во прелиминарни преговори за позајмица на напаѓачот на Челзи, Тимо Вернер со опција за откуп на крајот на сезоната, пишува Мирор. Претходно беше објавено дека напаѓачот е подготвен да се врати во РБ Лајпциг, каде на последните 45 натпревари одиграни на теренот постигна 34 гола. Сепак, ниту Њукасл ниту РБ Лајпциг не се подготвени да го задоволат барањето на германскиот напаѓач и да му плаќаат 270.000 фунти неделно. Потоа се покажа дека Вернер сè уште е подготвен да се согласи за намалување на платата за да се пресели во германското првенство. Во 37 натпревари во сите натпреварувања…

Read More

Манчестер Јунајтед е заинтересиран за потписот на крилото на Реал Мадрид Марко Асенсио, пишува весникот „Сан“. Договорот на 26-годишниот напаѓач со Реал Мадрид завршува наредната година, но шпанскиот клуб не сака да го обнови и сака да го продаде играчот. Причината за тоа се преголемите барања за плата на Асенсио. Реал Мадрид бара 34 милиони евра за трансферот на трикратниот освојувач на Лигата на шампионите. Напаѓачот учествуваше на претсезонските подготовки под водство на Карло Анчелоти во САД и настапи на сите три пријателски натпревари. Асенсио е играч на Реал Мадрид од 2015 година. Минатата сезона фудбалерот забележа 42 настапи за…

Read More

Макс Верстапен дојде до голема победа на трката за Големата награда на Унгарија. Холанѓанецот и покрај тоа што стартуваше од десеттата позиција, сепак успеа да стигне до самиот врв и да заврши на првото место на подиоумот. Трката на патеката „Хунгароринг“ покрај Будимпешта донесе многу возбудувања и пресврти. Неколку возачи беа на првата позиција, но на крај шампионот успеа да ја победи конкуренцијата и дополнително ја зголеми предноста во генералниот пласман. Двата возачи на Мерцедес му правеа друштво на Верстапен на подиумот. Луис Хамилтон продолжи со одличните резултати и го освои второто место, а неговиот клупски колега Џорџ Расел заврши…

Read More

Францускиот гигант и шампион ПСЖ сака да го продаде играчот од средниот ред Рафиња Алкантара. Парискиот клуб за трансферот на 29-годишниот фудбалер бара 5 милиони евра. Според одредени извори, парижаните добиле понуда од бразилските клубови, особено Ботафого , но тие ја одбиле. Од друга страна интересно е тоа што поранешниот клуб на Рафиња Барселона ќе добие 35% од продажбата на играчот. Втората половина од минатата сезона Рафиња Алкантара ја мина на позајмица во Реал Сосиедад

Read More

Напаѓачот на Борусија Дортмунд, Себастиен Алер ќе мора да направи пауза откако му е дијагностициран рак на тестисите, соопшти прес-службата на германскиот клуб. 28-годишниот фудбалер ќе оди на хемотерапија и нема да може да му помогне на тимот неколку месеци. „Себастиен ќе го добие најдобриот можен третман. Шансите за опоравување се многу добри. Нему и на неговото семејство му посакуваме сила и оптимизам. Сите наши мисли се со него во овој тежок момент“, изјави Себастијан Кел, спортски директор на тимот од Дортмунд. Да потсетиме, Алер ​​во летниот преоден рок се пресели во Борусија Дортмунд од Ајакс Амстердам. Договорот на напаѓачот…

Read More

Македонскиот каратист Давид Петков го освои златниот медал на Европските универзитетски игри во Лоѓ, Полска, откако во финалето го соволада Гарбиел Паула Матијас од Португалија со 4:1. Нашата Универзитетска репрезентација е предводена од селекторот Бошко Заборски кој истакна дека Петков цело време доминирал. Ова е првиот златен медал за Македонија на Европските универзитетски игри, претходно Ангела Мојсовска се закити со бронза. Сега го чекаме настапот на машкиот кумите тим во финалето каде ќе се бори за златен медал. Ова е голем успех, еден златен медал, уште едно финале и една бронза На игрите се пријавени 5000 студенти од 400 европски универзитети од…

Read More

Од денес Македонија и Скопје се домаќини на 32 ракометни репрезентации кои се дел од Светското првенство за кадетки. Ракометната репрезентација на Македонија за девојки до 18 години е предводена од Љубомир Савевски и ќе настапи во групата Б, со селекциите на Сенегал, Узбекистан и Иран. Девојките до 18 години во тоа гледаат солидна шанса да се обезбеди една од првите две позиции и да се пласираат во главната фаза на натпреварувањето. Патот на овој Мундијал за македонските ракометарки стартува денес против Сенегал во 20:30 часот во СЦ „Борис Трајковски“. Првиот ривал на Македонија има проблем, бидејќи доцни со пристигнувањето во…

Read More

Менаџерот на актуениот шампион во Премиер лигата, Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, зборуваше за трката за титулата во Премиер лигата во наредната сезона. Гвардиола беше запрашан кој клуб го смета за најтешкиот противник на Манчестер Сити во претстојната сезона. „Не знам, кога би можел да ја предвидам иднината, би ве известил. Обично има многу тимови во Премиер лигата и очекувам голема борба. Очекувам дека во трката за титулата ќе има многу клубови. Имаат класа во однос на тренерите, играчите и историјата. Не знам ќе видиме, но секако нема да биде лесно“, изјави Гвардиола.

Read More

Арсенал го именуваше Мартин Одегард за капитен на тимот. Одлуката клубот ја соопшти пред последната контрола на тимот, која денеска е против Севиља. Одегард доаѓа на местото на Александре Лаказет, кој ги напушти лондончани на крајот од минатата сезона кога му истече договорот. Французинот беше привремен капитен откако на Пјер-Емерик Обамејанг му беше одземена капитенската лента од дисциплински причини на средината на минатата сезона. Одегард има 23 години стана еден од лидерите на Арсенал по неговото пристигнување од Реал Мадрид во јануари 2021 година. https://twitter.com/Arsenal/status/1553319511935311872?cxt=HHwWgICzubj3v44rAAAA Првично беше позајмен, а потоа стана играч на Арсенал. Тој веќе има 60 натпревари за…

Read More