Денес се одржа ждрепката за групната фаза во УЕФА Конференциската лига. Минатата сезона трофејот заврши кај Рома предводена од Жозе Мурињо. Македонскиот интернационалец Марјан Радески ќе биде единствен македонски претставник во групната фаза. Заедно со својот Пјуник тој ќе игра против Базел, Слован Братислава и Жалгирис. Група А: Истанбул Башакшехир, Фиорентина, Хартс, Рига ФСГрупа Б: Вест Хем, ФЦСБ, Андерлехт, СилкеборгГрупа Ц: Виљареал, Хапоел Бер-Шева, Австрија Виена, Лех ПознанГрупа Д: Партизан, Келн, Ница, СловачкоГрупа Е: АЗ Алкмар, Аполон Лимасол, Вадуц, ДнипроГрупа Ф: Гент, Молде, Шамрок Роверс, ЃургарденГрупа Г: Славија Праха, ЦФР Клуж, Сиваспор, БалканиГрупа Х: Базел, Слован Братислава, Жалгирис, Пјуник ГРУПНА ФАЗА:ПРВО…
Author: riste
Ждрепката за групната фаза за Лига Европа се одржа во Истанбул со свечената церемонија, по која се познати групите во второто по ранг клупско натпреварување. Македонија во ЛЕ ќе има четири претставници преку Иван Тричковски (АЕК Ларнака), Енис Барди (Трабзонспор), Ердал Ракип (Малме) и Езџан Алиоски (Фенербахче). ГРУПА А: Арсенал, ПСВ Ајндховен, Бодо/Глимт, Цирих;ГРУПА Б: Динамо Киев, Рен, Фенербахче, АЕК Ларнака;ГРУПА Ц: Рома, Лудогорец, Бетис, ХЈК Хелсинки;ГРУПА Д: Брага, Малме, Унион Берлин, Унион Сент Џилос;ГРУПА Е: Манчестер Јунајтед, Реал Сосиедад, Шериф Тираспол, Омонија;ГРУПА Ф: Лацио, Феенорд, Мидтјиланд, Штурм Грац;ГРУПА Г: Олимпијакос, Карабах, Фрајбург, Нант;ГРУПА Х: Црвена Звезда, Монако, Ференцварош, Трабзонспор; Победниците во групите…
Македонската фудбалска репрезентација остана на 64-то место на последното рангирање на ФИФА ранг-листата. Македонија се наоѓа веднаш зад Исланд, а за нијанса сме пред Словенија, Албанија и Црна Гора. Македонија во месец септември ја очекуваат натпревари со Грузија и Бугарија, како дел од натпреварите од Лига Ц од Лигата на нации. Бугарија е на 74-то место, а Грузија е на 82-то место на најновата ранг-листа На врвот на ФИФА листата останува Бразил пред Белгија, Аргентина, Франција, Англија, Шпанија, Италија, Холандија, Португалија и Данска.
Еурофарм Пелистер посакува пласман на завршниот турнир во СЕХА лигата. Поради бројните проблеми низ кои мина регионалното натпреварува во последниот период, раководството на СЕХА, донесе одлука битката за патниците за Ф4 турнирот во Задар да биде решена со еден четвртфинален дуел. Така, последниот натпревар од оваа фаза во СЕХА лигата се игра во Битола, каде домашната екипа на Еурофарм Пелистер го пречекува белорускиот шампион Мешков Брест. Додека Мешков не пропуштил ниту еден завршен турнир, откако се натпреварува во оваа лига, Еурофарм Пелистер во вечерва ќе се обиде да дојде до своето прво учество меѓу најдобрите четири екипи. Двете екипи имаат…
Македонската кошаркарска селекцијавечерва го игра првиот натпревар од претквалификациите за ЕП во 2025 година. Македонија предводена од новиот селекторот Алекандар Јончевски ќе го игра натпреварот со Данска, а мечот се игра во Нествед. Селекторот Александар Јончевски смета дека во оваа група, во која се уште и селекциите на Норвешка и Словачка, нема апсолутни фаворити. „Можеби имаме неатрактивни ривали во групата, но во никој случај не смееме да ги потцениме. Исто така, сметам дека нема репрезентација која отскокнува со својот квалитет. Во голема мерка на секој натпревар ќе одлучува моменталниот мотив кај играчите и кај другиот дел од тимот“, вели селекторот…
Поранешниот англиски репрезентативец Деле Али синоќа пристигна во Истанбул за да го финализира трансферот во Бешикташ. 26-годишниот играч за врска ќе игра како позајмен играч во Бешикташ, кои по завршувањето на сезоната ќе имаат опција да го земат трајно за шест милиони фунти. Тој ќе бара да ја рестартира кариерата во Турција по многу лошата сезона во Евертон. Деле Али одигра само 13 натпревари за „карамелите“ без да постигне гол или асистенција. Голем број на навивачи на Бешикташ синоќа го пречекаа Деле Али на аеродромот „Ататурк“. Поранешниот играч од средниот ред на Тотенхем денеска треба да ги помине медицинските прегледи…
Ливерпул размислува за понуда за играчот од средниот ред на Милан, Исмаел Бенасер. Екипата од „Енфилд“ има сериозни проблеми во средниот ред од почетокот на сезоната, а Јирген Клоп планира итно да го засили средниот ред со нов играч, откако се насочи кон 24-годишниот Алжирец, пренесува „Газета дело спорт“. Бенасер е важен играч за тренерот Стефано Пиоли. Тој во моментов е во преговори за обновување на договорот кој му истекува летото 2024 година. Во оваа фаза, сепак, преговорите се тешки, бидејќи фудбалерот инсистира на сериозно зголемување на платата, што газдите на „росонерите“ не можат да му го обезбедат. Ливерпул будно…
Напаѓачот Андреа Белоти наскоро ќе стане играч на Рома, објави „ДАЗН Италија“. Според изданието, Белоти ги одбил сите алтернативи што му ги понудиле агентите. Ница, Монако и Галатасарај дадоа подобри понуди од економски аспект, но римскиот клуб остана приоритет за напаѓачот. Жозе Мурињо ќе има моќна алтернатива за Тами Абрахам. Во Рома, Белоти ќе заработува 3 милиони евра по сезона и договорот треба да биде потпишан во наредните денови. Андреа Белоти беше капитен на Торино, но од крајот на сезоната 2021/2022 е со статус на слободен играч, бидејќи договорот со неговиот досегашен клуб не беше обновен.
Јувентус е пред финализирање на два трансфера речиси истовремено. „Бјанконерите“ се многу блиску до потписот на Аркадиуш Милик од Олимпик Марсеј и Леандро Паредес од Пари Сен Жермен, открива трансфер експертот Џанлука Ди Марцио. Италијанскиот гигант ги договори личните услови на Милик, кој во клубот ќе пристигне на позајмица. Клубот од Торино за позајмицата ќе му плати на Марсеј 2 милиони евра, а во договорот е вклучена откупна клаузула од 8 милиони евра. Во меѓувреме „бјанконерите“ направија чекор напред во преговорите за Леандро Паредес. Челниците на клубот разговарале со претставници на ПСЖ, при што се договориле да го привлечат 28-годишниот…
Откако беа одиграни последните натпревари од квалификациите за ЛШ познати се сите екипи учесници во групната фаза на ЛШ во новата сезона. Тоа значи дека тројца македонски интернационалци ќе играат во групната фаза на Лигата на шампионите. Ждрепката ќе се одржи попладне од 18:00 часот, а таму ќе бидат екипите на Динамо Загреб со Адеми и Ристовски, односно Наполи на Ељиф Елмас. За жал Енис Барди со новиот клуб Трабзонспор не успеа да се пласира во ЛШ. Единствениот дебитант во Лигата на шампионите ќе биде само Ајнтахт Франкфурт кој за прв пат ќе игра во елитата. Шешири за групната фаза…
