Author: riste

Новото засилување на Манчестер Сити, Ерлинг Халанд е вториот најплатен играч на клубот. Тоа го пренесува „The Sun“. Според изворот, норвешкиот напаѓач добива 433.000 евра неделно или 22,5 милиони евра годишно. Само еден играч добива повеќе од Халанд во Манчестер Сити – играчот од средниот ред Кевин Де Бруин. Според договорот потпишан во април 2021 година, Белгиецот добива 462.000 евра неделно (24 милиони евра годишно). Во осум настапи за Манчестер Сити, 22-годишниот Халанд постигна 12 гола и имаше една асистенција. Договорот меѓу двете страни беше потпишан на пет години. Ерлинг Халанд дојде на „Етихад“ од Борусија Дортмунд.

Read More

Вечерва ќе се одиграат 7 натпревари од второто коло во групната фаза на Лигата на шампионите. Нема дилема дека со најголем интерес се чека дуелот помеѓу Баерн (Минхен) и Барселона. Двата тима се гиганти на Стариот континент имаат многу стари сметки за расчистување. Баварците во последните две години забележаа три последователни победи против Барселона со вкупен резултат 14:2, но сега Каталонците се амбициозни и подготвени за одмазда, а најопасно оружје им е до неодамна суперѕвездата на Баерн, Роберт Левандовски, кој ќе се врати на „Алијанц Арена“, но сега како противнички играч. Во другиот натпревар од групата Ц, Интер гостува кај…

Read More

Напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Кристијано Роналдо може да го напушти клубот на крајот од оваа сезона како слободен играч, објави „Манчестер Ивнинг Њуз“. Изворот пренесува дека „црвените ѓаволи“ ќе ја искористат опцијата за продолжување на договорот со португалската ѕвезда само доколку самиот Кристијано сака да остане во тимот. Неговиот актуелен договор е до 30 јуни 2023 година. Многу работи за продолжување на договорот ќе зависат од тоа дали Манчестер Јунајтед наредната сезона ќе игра во Лигата на шампионите. Исто така, се дознава дека Манчестер Јунајтед планира да потпише нов долгорочен договор со Маркус Рашфорд. Покрај него, англискиот тим ги продолжува…

Read More

Англиски Ливерпул во последните денови од преодниот рок понудил рекордна сума за клубот за трансфер на играчот од средниот ред на Реал Мадрид, Федерико Валверде, објави „Диарио АС“. Според изворот, од Ливерпул биле подготвени да платат околу 100 милиони евра за трансферот на Уругваецот два дена пред затворањето на преодниот рок, но мадридскиот клуб одбил да го пушти играчот. После тоа, Ливерпул на една сезона го позајми Бразилецот Артур од Јувентус. Така овој трансфер би можел да стане најскапиот во историјата на англискиот клуб. Во моментов тоа е трансферот на Вирџил ван Дајк за 84,65 милиони евра во Ливерпул од…

Read More

Англискиот напаѓач во редовите на Тотенхем, Хари Кејн не е против преселба во Баерн Минхен следното лето, објави новинарот Флоријан Плетенберг на социјалните мрежи. Според Плетенберг, клубот од Минхен и англискиот напаѓач веќе започнале разговори за договор. Хари Кејн е прва трансферна цел на Баерн Минхен. 29-годишниот Хари Кејн долги години е дел од Тотенхем. Неговиот актуелен договор со англискиот тим истекува во 2024 година. Напаѓачот оваа сезона постигна пет гола на шест натпревари. Во летото 2021 година, Кејн беше блиску до преселба во Манчестер Сити, но трансферот пропадна.

Read More

Пари Сен Жермен размислува да му понуди нов договор на аргентинскиот напаѓач Лионел Меси, објавија дел од француските медиуми. Според истите, од ПСЖ сакаат да му понудат на Аргентинецот нов договор за период од две години. Раководството на клубот е задоволно од тоа како напаѓачот игра за нивниот клуб. Официјални преговори меѓу страните се уште не се почнати, но треба да почнат по Светското првенство во Катар. Оваа сезона Лионел Меси одигра седум натпревари во францускиот шампионат и постигна три гола и седум асистенции. ПСЖ е водечки тим во француската Лига 1. Парижаните во седум кола освоија 19 бода. Во…

Read More

Премиер лигата официјално објави дека викендов ќе има натпревари во англиската елита и покрај националната жалост во Велика Британија поради смртта на кралицата Елизабета Втора. Како што е познато, целото седмо коло во првенството беше одложено токму поради оваа причина. Оваа недела, пак, ќе се одиграат само седум од десетте натпревари кои требаше да бидат на програмата од осмото коло во првенството. Станува збор за петочните натпревари Астон Вила – Саутемптон и Нотингем Форест – Фулам, саботните Вулверхемптон – Манчестер Сити, Њукасл – Бурнмаут и Тотенхем – Лестер, како и неделните Брентфорд – Арсенал и Евертон – Вест Хем. Така,…

Read More

Дефанзивецот на словачката репрезентација и на Интер, Милан Шкрињар наскоро може да стане најплатениот играч на клубот. Ова го пренесува „Спорт Медиасет“. Според италијанските новинари, веќе неколку месеци со клубот се водат преговори за продолжување на договорот на играчот кој истекува следното лето. Поради интерес од француски ПСЖ, преговорите беа прекинати. Сега се потенцира дека на дефанзивецот ќе му биде понудена плата од околу 7 милиони евра годишно. Воедно, напаѓачот Ромелу Лукаку, кој е во тимот на Милан како позајмен, ќе остане најплатен играч на тимот, но правата на играчот му припаѓаат на лондонски Челзи. Да потсетиме, Шкрињар во Интер…

Read More

Играчот од средниот ред на Баерн, Томас Милер, во пресрет на натпреварот од 2. коло од групната фаза на Лигата на шампионите на УЕФА со Барселона, проговори за шегата на соиграчот Садио Мане. „Последниве денови Садио Мане постојано на шега ми кажуваше да внимавам случајно да не му ја дадам топката на Роберт Левандовски. На натпреварот со Барселона ќе продолжиме да ја играме нашата игра и нема да се фокусираме премногу на Левандовски“, изјави Томас Милер. Натпреварот од 2. коло од групната фаза на УЕФА Лигата на шампионите, Баерн – Барселона ќе се одигра утре, 13 септември, на стадионот „Алијанц…

Read More

Љупчо Марковски не е веќе шеф на стручниот штаб на Работнички. Откако неговата екипа доживеа вчера убедлив пораз (5:0) од актуелниот шампион Шкупи, Марковски заминува од клупата на работнички. Марковски поднесе оставка од морални причини. На куп-натпреварот што претстои в среда против БВК Коњари тимот ќе го води досешниот прв асистент Стојан Игњатов. Љупчо Марковски – Калц пристигна во Работнички во месец јуни, откако претходно долги години работеше во Скопје. Сепак, резултатите на неговиот досегашен клуб не беа според планот. Работнички по шест одиграни кола во ПМФЛ има само една победа и поради тоа се наоѓа на десетто место на табелата.

Read More