Author: riste

Официјалната веб-страница на англиската Премиер лига ги именуваше претендентите за наградата најдобар играч во лигата за месец септември. На листата на номинирани беа: Филип Билинг (Борнмаут, два гола на два меча); Кевин Де Бруин (Манчестер Сити, три асистенции на два меча); Пјер-Емил Хојбјерг (Тотенхем, гол и асистенција во два натпревари); Алекс Ивоби (Евертон, асистенција на два меча); Џејкоб Ремзи (Астон Вила, гол и асистенција на два натпревари); Маркус Рашфорд (Манчестер Јунајтед, два гола и две асистенции на два натпревари). Гласањето за најдобар играч на месецот во Премиер лигата ќе трае до 26 септември. Да напоменеме дека во август најдобар играч…

Read More

На официјалната прес-конференција во името на играчите зборуваше Езџан Алиоски кој од неодамна е член на турскиот Фенербахче. Алиоски го најави дуелот кој ја очекува утре Македонија во Тбилиси. „Добро го знаеме стадионот во Тбилиси, но сега ни следи нов натпревар. Го знаеме квалитетот на Грузија, домашните навивачи ќе бидат тука, но тие не играат на терен. Поразот на домашен терен „боли“ и тука сме да покажеме што знаеме и што заслужуваме.  Не е потребно јас како повозрасен да ги мотивирам помладите. Овој дрес е сам по себе мотивација. Атмосферата е одлична, но свесни сме дека победа ќе ни донесе…

Read More

Селекторот на нашата фиудбалска репрезентација Благоја Милевски никогаш немал толку многу проблеми за составување на тимот како пред овој двомеч од Лигата на нации против Грузија и Бугарија. Единствено е сигурен во голманската позиција, каде што стартен голман е Столе Димитриевски, сите други делови од тимот се непознаници. Многу работи ќе бидат јасни по официјалниот тренинг на стадионот „Борис Пачадѕе“ во Тбилиси, но стартниот тим ќе се знае пред самиот почеток на натореварот, утре попладне. На официјалната прес-конференција слекторот Милевски рече: „Се концентрирам како ќе функционира нашиот тим и како ние ќе функционираме против тим. Поединците се важни, но тимот е поважен. Квича е…

Read More

По дваесет години поминати во професионалниот фудбал, еден од најдобрите спортисти во историјата на Македонија, Горан Пандев, денес и официјално стави крај на својата богата играчка кариера. 39-годишниот Пандев крајот на својата фудбалска кариера го најави во интервју за „Газета дело Спорт“, а на социјалните мрежи објави видео од неговите најубави и најважни голови и со емотивна порака им се заблагодари на сите за поддршката. „Погледнувам назад и сè уште не ми изгледа реално. Ова беше неверојатно патување. Толку многу емоции носам во себе и сакам да ги споделам со сите што ме поддржуваа на ова патување. Им благодарам на моето семејство, сопругата Надица,…

Read More

Сити Фудбал Груп, кој е сопственик на Манчестер Сити, ќе го купи бразилскиот клуб Баија, објави новинарот Цезар Луис Мерло на своите социјални мрежи. Информациите кои се објавени велат дека сопствениците на англискиот клуб веќе се договориле за зделка. Договорот ќе биде официјализиран за неколку дена. Баија ќе стане 12-та екипа во холдингот, во кој веќе се Манчестер Сити, Џирона (Шпанија), Палермо (Италија), Ломел (Белгија), Њујорк Сити (САД), Мелбурн Сити (Австралија), Монтевидео Сити (Уругвај), Јокохама Ф. Маринос (Јапонија), Троа (Франција), Сити Мумбаи (Индија) и Сечуан Јун (Кина). Баија моментално игра во втората бразилска дивизија и е втора на табелата со…

Read More

РК Еурофарм Пелистер денес информираше дека ракометарот Цветан Кузманоски го продолжи договорот со клубот до јуни 2025 година. Ова е остварување на уште една зацртана цел на клубот, а од таму веруваат дека довербата во репрезентативец како Кузманоски е важен чекор за растот на клубот. 22-годишниот стружанец ја игра третата сезона во Битола, откако дојде од матичната Струга. Од оваа сезона е член на Еурофарм Пелистер, откако претходно се наметна во Еурофарм Пелистер 2. Самиот Цветан Кузманоски е задоволен од неговиот настап во екипата: „Ова е моја трета сезона во Битола. Задоволен сум, се навикнав на оваа средина. Голем напредок…

Read More

Шпанскиот крал Фелипе Шести му ја врачи наградата „Камино Реал“ на Рафаел Надал во вторникот на Универзитетот во Алкала де Хенарес. 36-годишниот тенисер веста ја објави на својот профил на социјалните мрежи. „Ви благодариме, Ваше Височество, за вашето присуство. Им благодарам и на претседателот и членовите на Советодавниот одбор, директорот и членовите на Академскиот совет на Институтот Френклин, комисијата за избор, кои одлучија да ми ја доделат наградата. Се надевам дека ќе бидам и ќе останам пример за шпанските вредности, останувајќи верен на моето балеарско и мајорканско потекло. Чест и голема радост е да се добие наградата „Камино Реал“, која…

Read More

Напаѓачот на Манчестер Јунајтед и капитен на Португалија, Кристијано Роналдо проговори за неговите идни планови во националниот тим. „Се надевам дека ќе бидам дел од репрезентацијата уште неколку години. Моите амбиции се големи. Се уште се чувствувам многу мотивирано. Моето патување со тимот се уште не е завршено. Во нашата репрезентација има многу квалитетни млади играчи. Пред нас е Светското првенство, а јас сакам да играм и на следното Европско првенство“, изјави Роналдо. Ова Роналдо го кажал во неговиот говор на гала церемонијата на која португалската фудбалска федерација му врачи награда за рекорд по бројот на постигнати голови во репрезентацијата…

Read More

Баерн Минхен во моментов не размислува за отказ на тренерот Јулијан Нагелсман, објави „Атлантик“. Раководството на клубот не е задоволно од состојбата во тимот. Но управата не верува дека тренерот е виновен за се, во моментов Нагелсман ја има довербата. За виновни се сметаат некои фудбалери кои не се грижат за својата работа, сметаат челниците. Баерн не успеа да извојува ниту една победа на последните четири средби од германската Бундес лига. Во три натпревари клубот од Минхен одигра нерешено: со Борусија Менхенгладбах (1:1), Унион (1:1) и Штутгарт (2:2), а во последното коло загуби од Аугсбург со резултат 0:1. Во следниот…

Read More

Неколку клубови се заинтересирани да потпишат договор со уругвајскиот напаѓач Луис Суарез, објави „Мирор“. Според изворот, за напаѓачот на Национал ќе се борат англиските Астон Вила и Вулверхемптон, Ајакс од Холандија, француските Ница и Марсеј. Клубовите имаат намера да преговараат за договор со напаѓачот во моментот кога тој ќе стане слободен агент. Суарез се пресели во Национал во летото 2022 година. Претходно му истече договорот со Атлетико Мадрид. Уругваецот реши да се врати во родниот клуб за да ја одржува формата пред Светското првенство во 2022 година. Претходно играше и за Барселона, Ливерпул и Ајакс. Суарез последните две сезони ги…

Read More