Author: riste

Селекторот на нашата репрезентација Кире Лазаров по преспаната ноќ и поразот од Словенија направи една мала анализа на првиот натпревар кој го одигравме на ЕП и бевме поразени од Словенија со 27:25. „Намерно не го гледав натпреварот синоќа. Иако владее задоволство и  позитивна атмосфера многу работи што ги договаравме не ги исполнивме. А сепак бевме блиску до ривалот. Синоќа сакав да ги пофалам, но денес морам да им укажам на грешките. Сега имаме видео анализа и состанок и ќе разговараме. Не треба да ги понесат емоциите и треба да се фокусираме на договорот. Сепак, се работи за млада екипа и…

Read More

Македонија ппокажа добра игра на првиот натпревар на Европското првенството, но загуби од Словенија со 25:27. Еден од најискусните во нашата репрезентација  Стојанче Стоилов по натпреварот на прес-конференцијата беше задоволен од изданието на овој натпервар и истакна дека недоволното искуство на екипата можеби е клучно што Македонија остана без бодови од овој меч. „Честитки на Словенија за победата и добрата игра. Мислам дека тие не играа најдобро што можат денеска и мислам дека ние сме вивновни за тоа бидејќи бевме добро подготвени. Видовме дека можеме и без Лазаров на терен, бидејќи тој не играше ниту на пријателските натпревари. Нашето неискуство…

Read More

Македонија е поразена на првиот натпревар на Европското првенство против селекцијата на Словенија со 25:27. За жал Кире Лазаров не можеше да помогне на терен, поради повредата која ја заработи на вчерашниот тренинг. „Горд сум на она што момците го одиграа против екипа која е составена од играчи кои играат во најдобрите тимови во светот. Покрај тоа што сум разочаран бидејќи заслуживме најмалку еден бод можеби и два спроведовме многу работи на теренот. Мислам дека и физички ги натрчавме и го заморивме. Не верувавме до крај дека можеме. Пробав да ги убедам, но не успеавме. Само тоа ме разочара, инаку…

Read More

Македонската ракометна репрезентација загуби од Словенија со 27:25, но покажа добра игра и покрај оа што настапи без нашиот најдобар ракометар, капитен и селектор Кире Лазаров. Погледнете како изгледаше натпреварот низ фотографии:

Read More

Најдобриот македонски ракометар Кирил Лазаров кој воедно и ја предводи репрезентацијата на Македонија нема да биде во можност да настапи на Европското првенство во Унгарија и Словачка, што за Македонија стартува вечерва со дуелот против Словенија од 18 часот во рамки на Групата А. Десниот бек се повреди во текот на вчерашниот ден на првиот официјален тренинг. По прегледите направени од нашиот медицински тим констатирано е дека се работи за повреда на спојот на два мускули на левата потколеница. Потребно е мирување од три недели. Лазаров вечерва ќе биде само на клупата и ќе го води тимот како селектор, но…

Read More

Ракометната репрезентацијата на Македонија денеска од 18 часот игра против Словенија на стартот на Европското првенство во Унгарија и Словачка 2022 година. На стартниот меч од Групата А Македонија ќеигра против стар познаник како што е Словенија со која имаме одиграно многу натпревари. Македонија има две победи и двете ги има остварено на тукми на Европските првенства. Во 2012 година на ЕП во Србија , Македонија ја совлада Словенија со 28:27 во натпреварот за 5. место кој решаваше за пласман во олимписките квалификации. И во 2018 година, но во групната фаза Македонија дојде до победа. Истата беше изразена повторно со…

Read More

Навивачите на Македонија кои се решија да ја бодрат нашата ракометна репрезентација се веќе во Дебрецин и се стационираат во околината на спортската сала „Феникс“ каде Македонија ќе ги игра своите натпревари. Студеното време секако не им овозможи на многумина да допатуваат во Дебрецин, Унгарија, но оние кои решија да бидат со ракометарите ќе им дадат голема пподдршка од трибините. Останува да видиме колкав ќе биде бројот на Македонски навивачи на првиот натпревар со Словенија кој го играме во 18 часот.

Read More

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти го коментираше евентуалниот потпис на нов договор со играчот за врска Лука Модриќ. „Модриќ се уште не го потпишал новиот договор. Но, можеме да кажеме дека има доживотен договор со Реал Мадрид“ изјави Анчелоти за „Мундо Депортиво“. Претходно се дозна дека 36-годишниот хрватски играч за врска Лука Модриќ се договорил за условите од договорот со Реал Мадрид. Новиот договор на Хрватот со Реал Мадрид ќе важи до летото 2023 година. Според него, платата на Модриќ ќе биде намалена за 10%. Модриќ се приклучи на шпанскиот тим во 2012 година, откако дојде од Тотенхем. Оваа…

Read More

Тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри ги сподели своите очекувања од натпреварот од Суперкупот на Италија со Интер. „Утрешниот натпревар може да трае повеќе од 90 минути, затоа треба да бидеме многу внимателни со нашата енергија и замени. Утре играме на одличен стадион против најсилниот тим во лигата, кој минува низ многу добар период и е самоуверен. Но, што и да се случи утре, тоа не треба да влијае на нашиот пат. Алекс Сандо повторно е достапен. На располагање е и Бонучи, како што кажав, но не е подготвен да го одигра целиот натпревар. Со нас ќе биде и Де Винтер.…

Read More