Author: riste

Поранешниот тренер на Реал Мадрид, Зинедин Зидан се договорил за соработка со Пари Сен Жермен, пишува шпанскиот „Sport.es“. Според изворот, фудбалскиот стручњак ги договорил условите на личниот договор со парижаните и ќе застане на чело на клубот од следното лето. Раководството на ПСЖ нема доверба во актуелниот тренер на тимот, Маурисио Покетино, па се сврте кон францускиот тренер. Зинедин Зидан (49) е без клуб од летото 2021 година, откако го напушти Реал Мадрид. Со шпанскиот тим францускиот стручњак освои 11 трофеи.

Read More

По постигнувањето на два гола на вчерашниот натпревар со Валенсија, напаѓачот на Реал Мадрид, Карим Бензема влезе во клубот 300 на Реал Мадрид. Тој впрочем во својата кариера дојде до бројот 301 постигнати голови во дресот на Реал Мадрид и со тоа е во друштво на Кристијано Роналдо (450), Раул (323), Алфредо Ди Стефано (308), а Бензема има 301 гол. Реално е да се очекува дека Бензема многу скоро ќе се пробие на 3 место, а за тоа му недостасуваат уште седум гола со кои ќе го стигне Ди Стефано. https://twitter.com/InfiniteMadrid/status/1479916779405287424

Read More

Напаѓачот Карим Бензема постави рекордот во дресот на Реал Мадрид на натпреварот од 20.коло од шпанското првенство против Валенсија, беше објавено по натпреварот. Напаѓачот постигна гол на оваа средба, постигнувајќи еден од головите од пенал. По натпреварот беше објавено дека напаѓачот ги реализирал сите 15 пенали кои ги шутирал за Кралскиот клуб (13 во шпанското првенство, 1 во Купот на Шпанија и 1 во Лигата на шампионите) и станал единствениот играч во историјата на Реал Мадрид кој реализирал толкав број на удари од 11 метри и не погрешил. Самиот натпревар заврши со убедлива победа на Реал Мадрид со резултат 4:1.…

Read More

Фабио Канаваро најверојатно ќе стане селектор на полската репрезентација. Италијанецот ја прифатил понудата од Полската фудбалска федерација, информира „Фудбал Италија“. Според изворот, Канаваро веќе се сретнал со претставници на полската репрезентација. Преговорите на двете страни беа успешни, Фабио Канаваро е подготвен да потпише договор за период од две години. Се истакнува дека алтернативна опција за полската репрезентација е екс тренерот на Јувентус, Андреа Пирло. 48-годишниот Канаваро беше главен тренер во Евергранде, Ал-Наср, Тијанџин и привремено беше обврзан селектор на кинеската репрезентација. Италијанскиот стручњак го напушти Евергранде во септември 2021 година. За потсетување, репрезентацијата на Полска ќе игра на гостински терен…

Read More

Фудбалерот од средниот ред на Манчестер Јунајтед, Бруно Фернандеш ги коментираше информациите за можниот трансфер во Барселона. „Мислев дека новата година започна пред само неколку дена, а веќе е 1 април! Или повторно е само лоша работа на новинарите?“ изјави Бруно Фернандеш. Претходно имаше информации според кои Барселона е заинтересирана за потписот на Фернандеш. Според пишувањата на медиумите, Барселона може да се определи на оваа опција во летото 2022 година, доколку не успее да го ангажира напаѓачот на Борусија Дортмунд, Ерлинг Халанд. Фернандеш (27 години) му се приклучи на Манчестер Јунајтед во јануари 2020 година од Спортинг Лисабон. Договорот на…

Read More

Офанзивниот играч за врска на Пари Сен Жермен, Јулијан Дракслер може да ја промени клупската средина следното лето. Барселона е заинтересирана за услугите на 28-годишниот германски плејмејкер, информира „Ел Национал“. Во информацијата се вели дека зделката би можела да изнесува 15 милиони евра. ПСЖ нема да се меша во заминувањето на Дракслер, бидејќи стручниот штаб на тимот не го гледа како клучен играч во главниот тим. Барселона, сепак, има намера да направи низа подобрувања  на тимот по намалувањето на платниот список. Јулијан Дракслер е една од приоритетните опции за каталонскиот клуб. За потсетување, Дракслер се пресели во ПСЖ од Волфсбург…

Read More

Веднаш по напуштањето на клупата на Брегалница од страна на Марјан Секуловски, клубот го објави неговиот наследник. Нов тренер на прволигашот од Штип ќе биде искусниот Илчо Ѓорѓиоски. Новиот шеф на стручниот штаб на Брегалница е еден од најтрофејните македонски тренери, поранешен претседател на ФФМ и предводник на повеќе екипи. Првиот човек на клубот Кирил Гогов е задоволен со ова решение, затоа што Ѓорѓиоски е еминентно фудбалско име во земјава. „Брегалница со овој чин и именувањето на Илчо Ѓорѓиоски за нов шеф на стручниот штаб отворено ја покажува намерата за дополнителен свој фудбалски развој. Нема потреба да се трошат зборови за тоа…

Read More

Севиља е заинтересирана за крилниот напаѓач на Јувентус, Дејан Кулушевски. Во последните недели се шпекулира дека „бјанконерите“ се подготвени да се разделат со 21-годишниот талентиран играч и тоа го привлече вниманието на се повеќе клубови, а еден од нив е и Севиља, пишува „Калчомеркато“. Досега се знаеше дека Кулушевски го бараат англиските Арсенал и Тотенхем. Сепак, се чини дека во битката за неговиот потпис може да се вклучи и тимот од Андалузија. Тренерот Лопетеги сака да ја засили конкуренцијата на напаѓачките позиции и вниманието го насочи кон талентираниот Швеѓанец со Македонско потекло. Во оваа фаза, Јувентус е подготвен да се…

Read More

Напаѓачот на Реал Мадрид, Герет Бејл може да се врати во англиската Премиер лига. За услугите на Велшанецот е заинтересиран Саутемптон, за кој играчот настапуваше на стартот од кариерата, информира „Ел Национал“. Според изворот, Бејл нема ништо против за враќање во Саутемптон, од чија школа и потекнува. Договорот на Герет Бејл со Реал Мадрид истекува во летото 2022 година. Кралскиот клуб нема намера да ја продолжи соработката со велшкиот напаѓач. Претходно беше објавено дека Реал нема да ги обнови договорите со Марсело, Иско и Герет Бејл, па на лето ќе си заминат од Мадрид како слободни играчи. Исто така, Реал…

Read More

Дефанзивецот на Пари Сен Жермен, Маркињос е блиску до потпишување нов договор со францускиот клуб, објави новинарот Николо Скира на својата страница на Твитер. Преговорите меѓу двете страни се во завршна фаза. Новиот договор на 27-годишниот бразилски фудбалер со Пари Сен Жермен ќе важи до летото 2026 година. Оваа сезона Маркињос учествуваше на 14 натпревари од француската Лига 1 и постигна 3 гола. Бразилецот се пресели во ПСЖ од италијанска Рома во јули 2013 година за 31 милиони евра. Неговата цена во моментов се проценува на 75 милиони евра, а неговиот актуелен договор со ПСЖ завршува во летото 2024 година.

Read More